Моментот кога некое машко ќе побара од вас да се сменете како личност,е моментот кога ќе се изгубите себе си како личност. Бидете тоа што сте.Кој ве сака,ќе ве сака таква каква што сте. Не е важно дали со своето однесување ќе го разочарате,важно е себе си да не се разочарате.
Сите ги имаме тие денови кога гледаме наназад и сфаќаме колку всушност сме се промениле. Ако не не променила личноста тогаш животот никако не ја испушта приликата. Дали од животот ќе го исцрпиме најдоброто или најлошото зависи од нас. Кога-тогаш сите се менуваат.
Да променам некои лоши страни и да се подобрам-да... ама да променам некои мои навики или пак карактеристики како личност... не верувам
Се надевам дека мојот пост го сфати со доза на иронија.Тоа што ти го констатираш,има голема вистина,но сепак јас би додала дека повеќе не менува искуството т.е животот отколку личностите.Тие се минливи,се разбира можат да ни помогнат да согледаме на нашето однесуване во одредена ситуација без разлика дали се работи за позитивно или негативно,но не можат да не сменат комплетно барем така расмислувам јас. Можеби сум премногу горделива да го дозволам или да го признам Но се водам според тоа дека личноста која е покрај мене теба да ги почитува моите одлуки,па да и премижува покрај некоја моја мана ,како што и јас се трудам да правам.Можеби барам премногу,но не верувам дека сум себична. Се разбира се во граници на нормалата,со разбирање.Умереноста е мерка за се, јас би рекла
Карактерната промена кај една личност не е едноставна. Возраста,навиките,воспитувањето,образованието,искуството и околината одредуваат дел од параметрите што не прават свои и единствени.Секој има доблести и маани,но за заеднички успех потребно е понекогаш да не ги забележите негативностите,иако сте свесни за истите.Меѓусебното почитување на одлуките значи дека сте подготвени да имате разбирање и да бидете прифатени како личност каква што сте без сугестии.Тоа значи постоење компромис и баланс меѓу партнерите.
Никогаш. Tој што ќе ме сака треба да ме прифати таква каква сум и да ме сака поради тоа што сум а не да ме менува...
Mислам дека не би се менувала од корен но некои лоши маани што сум и самата свесна дека ги имам можам да ги сменам доколку му пречи и го побара тоа од мене.Cепак за мене човечки е да се има компромис,но и од него ќе зависи дали ќе сменам некој дел од себе или сепак не
Ако не ме сака каква шо сум нека си оди. Не ми треба таков. Но, сепак како минува времето ако има нешто што навистина треба да се смени ќе се смени. Уверена сум дека самата љубов може да го смени човекот.
Колку и да сакаш и колку и да се трудиш не можеш наеднаш да се смениш. Со тек на време, зависи и од времето колку ќе си со него, па ќе почнете ЗАЕДНО да се прилагодувате на навиките. После одредено време можеш да се смениш.
Никоја девојка не би требало да се менува заради машко. Ако тој ја сака искрено и вистински, ќе ја сака со сите нејзини мани и предности, таква каква што е. И баш ми е глупаво кога ќе видам како девојките се обидуваат да се прилагодат кон карактерот, барањата на едно машко. Останете свои.
Никој не треба да се менува како личност заради другиот.Треба да се прифатиме какви што сме. Нашиот карактер не одразува како личност. Ако тоа го направиме,го губиме идентитетот.Неопходно е да се прилагодиме еден спрема друг за да може компромисно да функционираме.
До сега сум се менувала но повеќе не. Од причини што не вреди да имаш второ ЈАС а после некое време да се бори првото Јас за да избие на површина. Ќе треба да водам битка со себе си. Како што ти поминуваат годините така си стануваш позрел. Јас сметам дека во една врска секој треба да си има свое вистинско ЈАС за да може да функционираат како пар. Ако цело време се глуми,ќе пукне и ќе биде само изгубено драгоцено време. Секој треба да се прифати себи си таков каков што е.
Да ...Од денес се менувам...Навистина треба преголема лутка сум ..:Знам дека му смета...НО ОД ДЕНЕС КРАЈ ЛУТЕЊЕ КРАЈ НЕРВОЗИ...Само романтика...Слатки зборчиња...И кисови ... хах
хмм ми има побарано да се сменам ама јас сум инает и терсене па се обратно праам...таква сум какв што сум ако ти одговарам океј ако не чаос.ама сакале или не со текот на врската се мењаме несвесно во многу работи...
Сакајќи вие или не од моментот кога ќе бидете во некаква врска или заедница со машко, се менувате. Всушност и да не сте со некој, пак се менувате. Конкретно да ми рече „биди ваква-онаква или ќе ти раскинам“ ќе му речам директно -раскини ми. А иначе неминовно е менувањето баш од моментот кога ќе почнеш врска со некој. Имаш уште една личност во животот на која мислиш и за која се грижиш и која ти значи... И нормално е дека сите се прилагодуваме на меѓусебните маани. Пример јас имав тешко детство и дисфункционално семејство растејќи. Имам прилично лош пример за како мажот треба да ја третира жената. И се до моментот дури не се заљубив во мојот сегашен дечко, јас на машко воопшто никако апсолутно не му верував! Ни во кола имав влезено кај некој, ни дома, ни да ме допри многу, ни ништо. Заради тоа надолго со машко бев 1 месец. Ама Сандра се заљуби. Промената во мене е неизбежно забележлива! Се гледа. Се чувствува. Имам многу поинакви размислувања, имам поголема сигурност, поголемо разбирање.. Имам сменато многу навики заради машко, не намерно. И мило ми е Оти сум подобра личност сега.
Спремна сум на правење компромиси, дијалог и заедничко носење на важните одлуки. Но, како што не барам од партнерот да се промени, така ни јас не би се менувала. Признавам дека сум смирена во однос на неколку години претходно (помалку го нервирам ), но тоа се должи на созревањето како личност. А кога и да разговараме на оваа тема, секогаш ми вели "Потсети се на онаа песна од Billy Joel..."... И секогаш знам на што мисли... Ако те сака, нема да бара да се промениш.