interesna tema jas bev taa ladokrvnata nisto ne menuvav.. no toj me smeni so sto mi dokaza deka na denesnicava postojat saglam maski..
Да се менувам нема потреба.. и не би се менувама ако му се допаѓам таква како што сум добро ако не не е само тој единствен машко на светот секоја од нас си има една маана и кој не сака ќе не прифати и такви какви што сме !
Делумно да, доколку некој мои особини му пречат премногу едноставно нема да ги практикувам додека сум со него. Тоа незначи дека целосно би се искорениле од мене. Но целосно од корен никогаш не би се сменила, зошто да се транформирала во нешто што не сум. Не сум јас експреиментално глувче, па некој да ме модифицира по свое. Сите доаѓаат онакви какви што сме, ако некој сакаш ќе го прифатиш и со мани и со сите добри одобини.
Бев многу многу инаетлива и тврдоглава, се однесував ептен детски..и поради тие причини тој ми раскина на 2 недели. Откако се смиривме , да, се променив ..во смисла да се однесувам подобро , и да не му водам инат. Го сакам и не сакам да го изгубам. Мхм.
Ако некој кој што ме сака ми потенцира нешто што тој смета дека јас не го правам правилно,или дека можеби треба да размислам за однесувањето во одредена ситуација...да,ќе размислам за тоа.Ако сметам дека со променување на мојот начин на однесување ќе ме направи мене подобра личност тогаш така и ќе направам.Но од единствена причина што јас себеси ќе се подобрам како личност и општо ќе се изградам како личност.Луѓе сме,грешиме..се поставуваме нефер,знаеме да бидеме луди..Прифаќам критики,сакам да станам подобра личност.
Да, би се променила ама само на подобро и ако согледам дека од промените што треба да се направат стварно не се во ред кај мене никој не е совршен и некогаш треба да има некој да ти ги подотвори очите
Не би се менувала како личност за никого. Дури и кога би сакала да го направам тоа просто е неизводливо, карактерот ваков или онаков е нешто со што се раѓаш. Можеби можеш на некое време да се трудиш да бидеш поинаква од она што си, но со текот на времето повторно ќе се вратиш на она што си и каков ти е карактерот. Исто како што не може курва да стане жена за еден човек и како што не може жена која не е родена за курва да постане тоа. Трудете се само да бидете она што сте и обидете се да пронајдете човек кој ќе ве прифати такви какви што сте.
Би пробала да се сменам доколку е стварно потребно за да дојдеме до компромис и ако стварно таа моја навика или особина е нагативна и доведува до постојани кавги , би пробала но не верувам колку ќе успеам затоа што тешко е многу да се промениш тоа е изграден карактер и навики и колку и да се обидуваш тешко дека ќе успееш .
Да, од аспект на некои особини. На пример ако отворено и добронамерно ми каже дека му пречи одредено нешто, за кое воедно сум и јас самата свесна дека треба да го сменам. Во спротивно не. Патем, имам забележано, од блиски пријатели дека многу им влијае мислењето на другите, во смисол на вкус за музика, облека, храна, друштво итн. Дури, една моја другарка по сугестија на својот дечко престана да слуша одреден жанр на музика и премина на друг, за кој се колнеше дека ниту во лудило не би го прифатила. Понекогаш е зачудувачки колкав број од луѓето се склони кон манипулација од страна на партнерот, и тоа е нешто што мене лично не ми се допаѓа. Значи јас ако поседувам аналитички ум, сум објективна, правам баланс, толерирам, тоа истото ќе го очекувам од оној со кој сум, како и сите останати во моето опкружување. Ако не сме на иста страна, секој по свој пат и готово.
Секој помалку или повеќе се менува кога е поголемо време во друштво на друга личност. Осбено па кога станува збор за некој со кој доста интимно си поврзан и делиш многу работи заедно...емоции, мисли, желби, стравови. Но кој колку ќе се смени и до каде ќе оди треба да биде исклучиво лична желба и според лични убедувања, никој никого не треба да присилува на некои големи промени. И никој никого не треба да моделира по свој вкус затоа што се што е направено со усилба или еднострано поради нечиво барање, кога-тогаш ќе избие на површина при првата поголема криза, а многу добро знаеме сите дека ниту една врска не е имуна на тоа. Доста луѓе првично прифаќаат предлози за промени затоа што личноста до нив во моментот им значи, но се доаѓа до момент кога работите се враќаат повторно по старо затоа што сепак размислувањето за некои постапки не е променето, само длабоко потиснато. И секоја емотивно здрава особа покрај љубовта кон некој друг никогаш не треба да се исклучи себе си од равенката. Порано или подоцна сите ги сфаќаат тие работи, а потоа следат и фрустрации, внатрешен бунт и желба за враќање во сопствената рамнотежа. Навистина врската се гради меѓу другото и на компромиси, но никогаш тие компромиси не треба да бидат за некои големи и суштински работи кои едниот ќе го направат мизерен за сметка на среќата на другиот. Компромисите се тука за да ги исправат сите оние несовршености помеѓу нас, но несовршености кои се прифатливи и во одредена мера кои нема да ја претворат врската во постојано држење лекции и еден куп недоразбирања. Потрагата по партнерот во никој случај не треба да стане задоволување со „утешна награда“ од која ќе се обидеме да „изделкаме добро парче“. Таквите екскурзии секогаш носат до залудно трошење време и секогаш завршуваат неславно барем за едниот. Залудно велам, затоа што врска којашто премногу се бутка и се троши огромна енергија и нерви за да се зачува, е врска која повеќе зема отколку што дава, а нели, не е тоа поентата.
Да се менувам специјално за него, за да му бидам по сите мерки или да можам да му се допаднам - НЕ! Јас сум таа што сум и ако му се допаѓам како таква - бујрум, може да правиме муабет. Истото го мислам и во спротивниот случај. Не сакам да се менува и да биде нешто што не е за да бидам со него. Баш еден ваков екстремен случај имав во моето блиско опкружување: девојка се правеше се' што не е, само да за освои еден дечко и да го задржи. Не знам како успеа сето тоа да го глуми толку години, ама се' си има свои граници, па така и таа дојде до своите. Крајот беше ужасен, не само за дечкото, туку и за сите нас кои се најдовме во нејзина близина. Кога сфативме какво е нејзиното вистинско лице, веќе беше предоцна и сите бевме запрепастени. Јас сосема разбирам партнерите со текот на времето малку и да се сменат. Сепак постојат повеќе фактори кои ги обликуваат нашите карактери во текот на животот. Дали ќе настане мала промена на карактер при промена на животната ситуација (на пример, заедничко вселување, подобрување или влошување на финансиска или здравствена состојба) или поради заемно влијание (си влијаат еден на друг, попримаат лоши или добри особини еден од друг, навики, што да е), се' е тоа нормално и е дел од самиот живот. Ама таква глума, ставање на маска и кога веќе нема да може да се издржи - деструктивна експлозија (која е неминовна) - НЕ, НЕ и НЕ!!!
Јас кога се заљубив се сменив. На тој човек му ги покажав сите чувства што постојат. Никогаш не сум покажувала чувства. Би кажала дека човекот не е свесен дека се менува кога ќе се заљуби.
кога засакуваме некого го засакуваме таков каков што е исто и тој нас зашто би се менувале.Нема потреба да се менува било кој,иако мислам дека кога двајца се заедно несвесно се прилагодуваат еден на друг
Темава ја најдов како најсоодветна за мојот "проблем". Со дечкото сме заедно година и пол. Се прифативме такви какви што си сме. Тој никогаш не побарал ни една промена кај мене, ниту јас кај него. Меѓутоа "проблемот" ми е во нешто друго. Јас сум отворен тип, преполна со познаници, во мојот круг на познаници има секакви, ама буквално секакви луѓе. Од оние со најлоши карактеристики до оние најдобри. За разлика од мене дечко ми има само неколку познаници и тоа е тоа. Јас имам свое друштво со традиции за Нова година, 1Мај и такви работи, а дечко ми нема свое друштво. Јас сум израстена на театар и кино. Не дека моите се актери, моите се обични луѓе со средна стручна подготовка, но ете ми ја всадиле љубовта кон култарата. Дечко ми за разлика од мене не сака да се доближи до вратите на театарот. Башка тоа, често се случува да сме заедно во друштво на академицу, мои професори, бидејќи често работам истражувања. За време на тие средби дечко ми е труп. Збор не изустува. Јас сакам дружби во дискотеки, кафани, забави. А дечко ми е тип што сака да седи дома. На почетокот мислев дека ќе успееме да ги елиминираме овие разлики, но како што одминува втемето сфаќам дека тоа нема да се случи. Не знам дали понатаму нему ќе му биде пречка тоа што јас сум "поистакната" од него бидејќи најголем број момци ме откачиле затоа што "се правам многу паметна", а тоа нема врска. Јас уживам на секоја претстава, во работата на секој научен труд, во подготовката на секој испит. Дали некоја од вас имала слично искуство? Can you help me?
@paloma97 најдете си средина. Некогаш прај ти тоа што он сака и нека прај он тоа што ти сакаш, ама некогаш, немој никогаш секогаш или пак да го принудуваш на било шо. Дечко ми е ти, јас сум дечко ти во случајов и функционираме зошто имаме заеднички јазик. Ќе прајме некогаш нешто шо мене ми е интересно и на сметка на тоа ако имаме некој денар на страна ќе одиме на некоја забава на која тој сака, па после тоа идиме на кино зошто јас сакам. И остатокот од времето прајме некои заеднички активности. Ова не е проблем ако тебе не ти смета.
Не ЈАС сум таа шо сум ако сака некој да биди со мене ако ме сака, ќе ме сака каква шо сум и нема да бара да се менувам.
Инаетот се менува? Како препознавате инает? хахха или крај или да сум сменила инает, а инаетот не знае да ми го укаже во конкретна ситуација. Мислења,навики можам да сменам, доколку сакам некој би го прифатила со неговит мани. Секако не сум совршена,но некој ако ме сака ќе ме сака и ваква а не да се менувам да станам марионетка па секогаш да има тој некој нови барања. Ако некој условува на мењавање тоа кај мене буди револт а не желба за промена. Можам да се прилагодам со тек на време и така да се сменам но не во целост, сепак е карактер, мачно е да си роб на некој. а тој некој не сака ништо да смени.