Како тема за семинарска по Социологија, истражував малку. Многу време поминало од тогаш ама она што убаво сум го запаметила, и веќе го имам пишувано на форумов, е дака лезбејките стануваат она што се, најчесто заради радозналост. Да не должам многу ама многу се различни причините за хомосексуалност кај мажите и жените. Мене искрено ми се гади од тоа ама што да се прави. 21 век е и треба да е се прифатливо.
Лезбејка не се станува, лезбејка се раѓа! Или цело време си била девојката лезбејка и си се залажувала со машките затоа не можела да оствари долга врска, или едноставно станува збор за експерименирање. Мислам дека повеќето женски вклучувајќи ме и мене, се имаат запрашано како би било со женско. Е па ете има некој похрабар шо би го дознал то од прва рака.
PHAHAHAHHA pa toa znaci deka ako se razocaras posle od zensko sledna vaza e ubistvo? t.e samoubistvo hahahahah ma daj ne me jebi
Ако мислиш на тоа дека таа девојка имала односи со сите тие 20-30 машки и живее во некој мал град, каде луѓето озборуваат, нормално дека ќе сака да започне нешто со жена. Никој маж нема да ја сфаќа неа како потенцијална партнерка за основање семејство и брак. Таква жена што спиела со 30 мажи ќе биде назначена како предмет за сексуален однос. Ќе се разочараш еднаш два пари па и три пати нека е, ама ако после секоја врска некој тебе ти раскнува проблемот е до тебе. Јас не би станала лезбејка, зошто би го направила тоа ? Пропаѓањето на една врса не значи дека нема наредниот потенцијален дечко да има сериозни намери со тебе.
Прво и основно лезбејка не се станува туку така од разочарување во мажите. Сум се разочарала многу пати во нив и тоа разочарување трае до ден денес. Кога ја прочитав темата се подзамислив дали да станам лезбејка или не, а зошто да не пробам ионака имам уште малку време да проживем. Си ги сакам женичките од темата над 40 (далеку од тоа дека сакам да ги опнам) иако виртуелно се прашувам дали тоа ме прави лезбејка.
Дали би станал педер ако се разочараш од девојките??? Ако е до разочарувањето сите до сега ќе бевме обратни.
А зашто мислиш дека си ја сфатил девојката? Интересни ми се луѓето што мислат дека можат да протумачат нечија постапка чисто само од гледање од страна...ај небитно тоа, да се вратам на темата: Јас независно дали сум патела на љубовно поле не мислам дека утеха би барала во жена. И жена може да не сака да се врзе до мене и да не ме исполни како што не ме исполнила никоја хетеросексуална врска претходно. Зошто се случило конкретно девојката од примерот да се преобрати, јас не знам. Не верувам ни дека некој друг може да знае, ама тврдам дека не било ради што била разочарана од машките. Може да биде се друго (љубопитност, притаено лејзбество..), освен тоа.
Никогаш. Ваљда тоа е афинитет со кој се раѓаш..? Како и да е, не би се менувала заради неколку разочарувања. Тогаш кога најмалку очекуваш доаѓа правата љубов, која ќе те натера да ги заборавиш сите претходни.
Ние сме тоа што се раѓаме. Афинитетот кон истиот пол не се должи на некакво разочарување.Тоа е само бесмислен изговор за јавноста за да се избегнат навредите и дискриминацијата.Во љубовта треба многу повеќе да се вложи за да се успее.Пред се, треба да има меѓусебна привлечност, искрени емоции и добра комуникација.Ако ова не сте успеале да го пронајдете во врски со машката популација и сте се разочарале, зошто мислите дека врската со жена ќе биде успешна и ќе ве направи среќни доколку знаете што сакате. Не постои модел според кој ќе се избегне разочарување од машкиот пол, а ќе се постигне совршенство со жена. Личноста треба да биде сосема зрела за да ги преиспита своите грешки во пропаднатите врски затоа што за се се потребни двајца.Без емотивна зрелост, што и да се обидеме да постигнеме секогаш другиот ќе биде виновен. Љубовните разочарувања и личната полова ориентација се сосема различни работи.
Насловов на темата . Не, не би станала лезбејка, маж покрај мене не мора да значи дека ќе ми биде најголемото животно достигнување за да ако тоа не се оствари до толку да забегам и да си ја сменам мојата сексуална ориентација. Ќе си живеам во целибат бе, ќе им се радувам на другите убавини на животот , па кој знае, може со тек на време ќе налета нешто поасално за да се чепне .
Во никој случај, сама ќе бидам и не станувамм, од секогаш сум против вакви врски лично за мене, и можам да стојам цврсто на таа одлука. Ко воли нек изволи другачије
Неможиш да „станиш“ нешто ако не си ... ако си „би“ тоа си, ако си „лезбо“ тоа си ... на еден начин не одредуваш ти што си туку можиш ти да „станиш“ лезбејка и да одиш со женски и да мислиш подобро е така, а фактички машките да бидат тие кои те возбудуваат повеќе. Во друг случај ако се обидиш со женско и видиш дека тие те возбудуваат повеќе држи се до тоа, ама фактички сепак ние можиме да развиеме чувства кон двата пола и чувствата треба да ни бидат усогласени со тоа што фактички не возбудува.
Јас хомосексуалноста ја сфаќам како хормонско нарушување. Сметам дека не се станува лезбејка со ачири-бачири и тоа на потполна зрелост. Толерирам такви луѓе, не дека не, и немам ништо против нивниот начин на живот и нивните желби, но јас вака сфаќам да се биде лезбејка. Ако сум грешка, поправете ме...