Неможе да стане - треба да се роди како таква. Значи во случајов девојкава отсекогаш ја привлекувале и девојки но можеби се плашела да го покаже тоа па разочараноста во машкиот пол ја користи како изговор. Односно се родила како бисексуалка бидејќи сепак имала и многу момци претходно. И од каде гаранција дека партнерката што ја има нема да ја разочара? На пример, мене ми е одвратна самата помисла да имам нешто со девојка па никакво разочарување неможе да ме наведе на истото.
Лезбејка не се станува од инат или за да ги казниш машките, за да бидеш лезбејка треба да се родиш со тој ѓен. Ако од инат бидеш еднаш, два пати со девојка, тоа не значи дека си лезбејка, исто како што не си атлетичар ако рекреативно трчаш до Водно и назад.
Хм.... Познавам една девојка која никогаш не ја привлекувале жени, а сега е во врска со жена и тоа на свои 30 години. И таа имала неколку врски зад себе со мажи, но сепак се заљубила во девојка. И сега шо праиме... Ете не се родила таква, но и се десило љубов. Љубов е љубов, нема тука класификации геј, стрејт или би. На секој може да му се случи... Но сепак, растеме и живееме во такво општество, каде уште како мали сме ограничувани, затоа пазиме да не ни се случи!
Смешна работа познавам доста девојки кои преку ноќ станаа лезбејки. Мислам дека маживе почнаа да потфрлуваат па жените им се распуштаат во женски прегратки. Нашава МК естрада е полна со такви ликови ( иако немам лично ништо против) но запрепастувачки е фактот колку лезбејки имаме
Кога сите мажи би биле исти и да се разочарам у два-тројца.... веројатно ни тогаш нема да сменам тоа што сум... Ама среќа па, не се сите исти и не знам каков е тој изговор разочарана од машки сеа по женски ке трча. Не звучи глупаво?
Ко да можеш да бираш што би бил... Чекај денес сум лезбејка, па ако не ми се свиѓа утре ќе бидам хетеро. А во сабота пак ќе бидам лезбејка... Мора да ја плеснам една што и фрлив око во деновите кога бев лезбејка. Темава вришти на сите можни начини.
Океј е да експериментираш со твојата сексуалност, но не може преку ноќ може да се промени, па магично да почнат да те привлекуваат девојки. Башка што јас мислам дека и девојка може еднакво да те разочара како машко.
Се разбира дека не, ако се разочарам во едно машко, ќе најдам друг после него. А и не верувам дека се станува туку-така лезбејка, ако никогаш не ме привлекувале девојки не е можно да почнат да ме привлекуваат преку ноќ.
Што е бе со темиве на форумов? Озбилно ова? Демек се разочаруваш од машки и оп преку ноќ твојата сексуалност се менува?! Значи не, не се случува тоа така. Или си лезбејка или не си, не можеш да ,,станеш'' лезбејка по твој избор кога тебе ќе ти текне