Еве една интересна игра која многу ја сакам која е позната под името would you rather Само треба да поставиш две работи а членот под тебе ке треба да бира меѓу нив пр. Дали би го имала чувството да кивнеш до крајот на твојот живот ама никогаш да не кивнеш или би кивала на секои 3 минути? Дали би била во врска со некоја позната личност (по твој избор) или со твојата симпатија? Дали би имала ќерка која е успешна и богата порно актерка или ќерка која е сиромашна чистачка? Дали засекогаш би останал гладен или жеден?
Дали би го прошетала светот и би ги видела сите светски убавини и задоволства за три месеци под услов целиот живот после тоа да не излезеш веќе никаде од тука, или би се одлучила да ја поминеш младоста дома, а понатаму да живееш некаде надвор и тоа во раскош, со пари со кои ќе можеш целиот живот да правиш што сакаш и да одиш каде сакаш, но не веќе млада?
Хммммммм во мислење ме стави не можам да се одлучам хахахаха нависина не змам ај некој друг па ја после хихихи
Првата варијанта. Има пожар и можеш да спасиш само една личност. Дали би ја спасила својата мајка или својата сестра (брат)? Останатите членови не биле пристуни во куќата па затоа изборот паѓа врз овие.
Мајка ми (бРАТ ми сам ке се спаси ) Дали би тренирала напорно и би била позната спортистка или би се оженила за некој познат спортист и така би имала пари?
Никако и никогаш, ни за слава ни за пари брак од интерес не! Дали би премолчале или би се искарале доколку има некоја конфликтна ситуација со личност која треба да ја почитувате ( пример свекор свекрва)
Zavisi do situacija nessto moze da se premolci ama ako e nesto seriozno i ako sum vo pravo nema da molcam dali bi cekale nekoj sto vi se sviga a toj ne ve saka ili bi bile so nekoj sto ne go sakate no toj vas ve saka i e dobar so vas?
Ниту едно би била со личност со кој и двајцата се сакаме Дали би одбрала да одиш со мајка ти во Австралија,или со татко ти во Канада?
Уфф. Ќе одам на еден месец Австралија на другиот во Канада. Дали би го работела она што навистина го сакаш и те исполнува за поскромна плата или она што не го сакаш и дури ти е стрес за многу поголема плата?
Прва варијанта. Дали би сакала да живееш спокоен живот во изолирано селце надвор од допир на луѓе или брз живот полн со стрес во центар на град каде телефонот постојано би ти ѕвонел и не би имала мир?
втората варијанта. Што би избрале да бидете позната личност која има многу пари, успешна е, но без маж покрај неа или личност која нема пари не е позната, но има маж до неа ?
втората варијанта Да имате дечко/сопруг кој вашите родители не го сакаат и не дозволуваат да бидете со него, дали ќе ѓи изберете родителите или дечкото/сопругот?
Родителите. Тие се едни а дечко може да се најде, ги има со лопата да ги риниш. Дали би жртвувале кариера во странство за голема љубов овде која не може да дојде со вас?