Едноставно, не може за се да те бива. Тоа што не го правам, го прави маж ми. А во некои случаи е ропство. Имам другарка која е мажена за мрзелив маж. Можеби нема да веруваш, ама го мрзи да стане од кревет вода да си земе. И кога е дома денот го поминува во кревет. Идиот.
Нема да умре од глад. Ќе оди и ќе си купи јадење. За среќа, мојов не е мрзлив. Знае да ги прави најосновните работи. Кога јас не можам, он прави ручек. А познавам мажи што не знаат ни јајце да испржат. Ма прави флегми.
Комшика моја и варосуваше и огради мачкаше со боја....Мажот не можел. После на терапии одеше со фатена половина. А овој од другарка ти невработен ли е?
Маж ми уште 100 г да живее нема да научи јајце да си спржи . За нешто 'потешко ' па ич муабет да не правиме . Исто , вода тешко да стане да си земе дур ручаме . Алиштата во раце му ги давам да се облече . Ако веруваш чорапите не знае кај стојат . Ама јас не го доживувам како флегма . Можда и така си го научив . Не се ни жалам . Напротив , си се осеќам како госпожа покрај него . Добро ,јас не одам на работа ,па веројатно тоа веќе дава нова димензија на муабетов . Не знам како би било да одев на работа , или да имаме дете . Верувам ќе смени нешто ,ама сигурна сум дека јадење нема да зготви . Па макар било и готова супа да треба да ја свари . Сега за сега не се осеќам како робинка
Не ми е јасно што имаш визија за живото? Да му ги мирисаш чорапите на него му е погодено те издржува не си самостална со тоа дома шо седеш.
Па да ! Од мала сонував да бидам мирисачка на чорапи Видиш нов термин научив - ме издржува Ми се допадна право да ти кажам изразов
И на мене маж ми кога оде да се тушира ми каже да му извадам гаќи и чорапи. Па почна и јас истото да го правам
Не искрено не ми се допаѓа што подржуваш такво однесување, јас немам маж ама имам дечко заедно некогаш кај мене некогаш кај него пиеме јадеме и правеме лом и после јас да суредувам тој нозите на масата како да не, НЕ ГО ПОДРЖУВАМ ТОА, и тоа не е од мрза туку е од тоа да се покаже како алфа маж дека не го интересираат тие работи.
Е и маж ми изгледа сака да биде алфа маж . Што да правам ,морам да го подржувам ова . Заљубила сам се до уши
И носи пари дома и тоа е тоа, ако треба со лажичка ќе го рани. Да беше сиромав друга приказна ќе беше.
Типични македонски жени, денес жените не одат на школо и мораат дома да седат хаха секој може да работи и да не зависи од никого, со факс дома да седам мало морген.