@Emotional123 даде добра кратка анализа. Иако не чини 24 да си постојано со деца и брачен партнер ама мене навистина не ми е прифатливо како може да си во брак,а да се однесуваш како девојка/дечко слободен без семејни обврски.
Оти да преставува ропство? Во брак сум, си шетам, се дотерувам, се социјализирам итн. Ако партнерот е створ во бракот жената страда и живее во ропство.
Не би рекла дека е робство, освен ако не си со насилник или контрол фрик. Договор е. Сплет од илијадници компромиси е.
Темава отворена пред 12 години. Мислењата од тогаш и сега непроменети. Значи се е компромис, ама ретко го имало. Јас мојот брак не го сфаќам како ропство. Пред да се омажам се стресирав дали ќе знам убав ручек да спремам, дали нешто ќе кажат свекрва, свекор ако ми видат хаос. Откако се омажив на почеток добивав совети од баби, тетки демек да се покажам како домаќинка, маж да пречекувам насмеана, со јадење и блескаво чисто да ми е секогаш. Убави совети. Ама никој не ми рече терај го маж ти да фрли ѓубре, пуштај го до маркет или аптека. Дај му обврска не си земај се на твој грб. Среќа мене ми текна така да правам. Ќерка немам да ја научам, ама син ми ќе биде критикуван ако се понаша како морон со сопругата понатаму.
Ни мојот не е, нити на моите, нити на баби дедовци, а па како што се сеќавам ни на прабаби и прадедовци Сите убав хармоничен брак
Ne,zosto bi bil ropstvo? Jas uzivam vo brakot ima.problemi no so kompromis se resavat,niti jas sum vo ropstvo niti toj,obvrskite se delat i ostanatoto vreme se uziva zaedno Izleguvam jas so prijatelki izleguva toj so prijatel,kolega... Koga sme.Mk se znae so drugari so se.slobodno no so pamet vo glava Za starite niti mojiye.me drzaa.vo ropstvo niti sum dozvolila negovite da me drzat vo ropstvo ili da mi furat.maubeti od 1489 godina
Не би рекла дека е ропство, но некако во нашата традиционална средина влегувањето во брак најчесто е проследено со еден куп очекувања за жената, а мажот да е жив и здрав. Од промена на презиме, до место на живеење, грижа за деца, дури и коментари од типот дека фамилијата на мажот е ваша ( наша ) примарна фамилија. Од жената се очекува да е понизна и воглавном да не се буни многу. Дури и читајќи ги коментарите во темата Снаи и свекрви има еден куп кои се жалат дека односот со свекрвата им се променил после стапување во брак, и тоа е најчесто бидејќи со чинот на стапување во брак веќе од вас се очекува нешто плус, нешто екстра. Сега сте снаа и мора да ги исполните условите Јас самата, исто како што верувам и голем број од членките тука, најверојатно уште како деца биле припремани со коментари од типот научи да готвиш за кога ќе се мажиш итн. Никој не им дава такви коментари на мажите, бидејќи од нив ништо не се очекува. И мислам дека години и години поминати со таков наратив резултираат со жени за кои е најнормално тие да се единствените кои се грижат за децата и домот, жени за кои е нормално мажот да е глава на семејството а тие да се само некоја споредна улога, итн. И мислам дека во ваков контекст да, бракот барем во МК во голема мера е едно модерно ропство.
Искрено мојот брак е ропство од кој гледам да се тргнам но незнам како.имам 27 години имам 2 деца поголемата е 5 години помалата 2. Ниту сум искочила негде ниту одам на работа. Се правам и перам чистам ручек правам и се ред други работи а да напоменам дека живеам со свекрва ми и свекор ми. Од маж ми немам ни разбирање ни договор ниту пак можам да прозборам нешто затоа што незнам кога ќе ми свика
Бракот е ропство за жени што дозволиле така. Како мене не ми е ропство. Презиме не ми е сменето, стан имаме заеднички, заедно средуваме дома, јас готвам, он салата прави, заедно мезиме. Јас пунам машина и сушара, он дипли суви алишта. Дете заедно гледаме. Кој кај сака оди, на кафе, во кафана. Ама брак како мојот во Македонија, во мал процент. Според мене и самите жени се така воспитани. Можда за некоја деценија ќе тргнеме напред на тоа поле.
Ти да не сум јас истото и кај нас, само он пушта машина за садови, јас за алишта секој сам си пегла, чак што више тој боље пегла од мене. Дете заедно гледаме, искачаме и заедно и посебно. Генерално и со луѓе што дружиме вака функционираат.
Таа за садови јас ја пунам, он ја празни, зашто ја боље ја редам, повеќе садови збира јас кога редам. За пеглањево скроз исто.