Дали бракот претставува ропство за жената?

Дискусија во 'Брак' започната од Boyfromtown, 28 март 2010.

  1. BuBe.982

    BuBe.982 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    zavisi za kogo kako.... no vo najgolem broj slucai DA... ;(
     
    На Lolo5 и stilas7 им се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.305
    pa se trudam ama ne mi ide misla,pa pomogni mi ako ne ti e tesko
     
  3. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    169
    Осми март е ден на жената и таа има право како сака да си го прослави ;)Ако сака може и гола по улица да трча :lol: Од каде знаеш пак ти дали жените кај нас се задоволни.Да не им ги читаш мислите случајно?Немој да зборуваш за нешто што не си го почувствувал.Ти не знаеш како е да си женско.Не знаеш колку нам ни значат мали ситници.Ајде кажи ми зошто би излегла на протест жена која има стабилен брак,маж кој ја подржува и која има работа?А тие кои немаат убав брак за тоа треба да разговараат со своите сопрузи,а не да излегуваат на протести.А за немање работа и онака има протести секој ден.
     
    На Mhhm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    92
    Епа ајде зашто не трча гола 8) .Не им ги читам мислите едноставно ја гледам реалноста.Вас ви значат ситници зашто сте програмирани и воспитани да сте задволни со ситници.Зашто би излегла?А зашто би излегол некој човек да протестира протви војните во светот,а кај живее има мир ;) .Тие што немаат убав брак секојдневно се тепани и никој ништо не прави да се заштитат поради тоа и на некој му текнало да се смени нешто.Ти ако имаш совршен брак тоа незначи дека и твојата ќерка ,внука ќе го има и нема да биде тепана,злоуптребена и незаштитена од закони ;)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    169
    Како прво јас напишав АКО САКА,а не треба ;) Како второ која реалност ја гледаш?Зарем жените не викаат не на насилството?Ајде кажи ми колку жени ги пријавуваат мажите за насилство?Колку здруженија има за помош на жената?Колку реклами има на тв?Свеста кај жената е крената веќе.Ретки се тие што ќе дозволат мажот да ги удри.Не значи дека и јас ќе имам совршен брак затоа што моите имаат,но барем ќе имам пример како тоа изгледа и сигурно нема да дозволам да бидам нечија робинка.Ти мора да живееш во семејство каде што жената му робува на мажот или пак не си доволно информиран ;)
     
  6. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    91
    Ќе одговорам диреткно на темата.Бракот за мене не би претставувал ропство само ако има љубов.Ако сум задоволна од човекот покрај мене и ако исто се чувствува и тој ќе се најде соодветен компромис за се и нема да чувствувам терет.Ако го погодиш вистинскиот човек, среќата е во твои раце.
     
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.820
    Пол:
    Женски
    Слушај вака сега.КАј мене,мајка ми и татко ми имаат подеднакво исти улоги.Одлучуваат заедно,не воспитуваат заедно,значи нема делење маж,жена.Се знае кај кои обврски се делат улогите.
    Во ниту еден момент бракот кај моиуте не е замчкување очи.Мајка ми се мажила на неполни 17,татко ми има 25,од кај знаела таа, да,ама со тек на време се навикнале, и заклучиле дека подобро функционираат заедно за се.И еве 24 години скоро се така!Мајка ми не оди на работа,што значи дека е логично да ги извршува домаќинските работи,сигурно нем ада лежи цел ден и да чека некој да измие,суреди.И не реков јас дека мажите не ги бидува,ама не се баш предодредени за тие работи,да мијат,суредуваат,чест на исклучоците.Сепак размисли дека подобро може да функционира жена сама ,отколку маж без жена.Има тука многу фактори.Да не навлегуваме.Должна да зготвите јадење:што подразбираш под тоа.Ако сака жената ќе зготви,ако е зафатена во ред.Тоа не е ропство во никој случај.
    А и да се чувствува некоја жена како да е под ропство во бракот,тоа нзачи дека мажот така и наметнал,мора да биде така и точка.Остај се тоа,не вреди да се објаснуваме за работи што ниту јас ниту било кој друг може да ги потврди или одрече,сепак повторно ќе речам, се е до тоа како ќе се поставите.А ти драг форумџија,имаш толку различно мислење од сите во форумов,па некако не се погаќаме баш.Ако оди така,значи ропството се гледа и во тоа што жената мора да роди дете,затоа што и мажот сака,нели.Ама ај мажот да роди,е не бива,не може!Секое нормално семејство добро ќе функционира ако двајцата партнери взаемно функционираат.
    На крај,на форумов имаме и озбилни жени,вработени со семејство,со деца,со успешна кариера,Ариел,ОзбилнаЖена,Бејбикети,Фри,прашај ги нив па нека ти кажат што и како се чувствуваат тие.Дали бракот ним им претставува ропство?Ајде јас не сум мажена,ја кажувам ситуацијата во моето семејство,средината во која растев и се воспитувам!!!
     
  8. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    2.174
    Допаѓања:
    4.533
    Пол:
    Женски
    Како и повеќето девојки што искоментирале до сега, и јас сум растена во фамилија каде што воопшто не било проблем татко ми да измие садови или да пружи алишта. На денешно време нема машки и женски работи, битно е да се заврши работата. Можам да сфатам зашто машко би мислело дека на жената е маката (како што и он сам си кажа, сепак на Балкан живееме :D ), али вака во Европа нема ... Јас мислам дека не се навредувам сама себе ако кажам дека јас сум си типична Балканка и радо би си го услужила идниот маж, да не речам да му трчам по желбите и потребите, ама тоа би го правела со волја ако го сакам и сакам да му удоволам. И во тоа нема никакво робување.
    Е сеа, ако го имаш изградено ставот: Јас ќе си го прчам, а жени ми ќе ми го лади (со извинение за изразот ;) ), е така пиле, да ми извиниш ама не ќе да може. Со "те молам" далеку се стига.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    561
    е ваква тема чекав, овде ќе се изнапишам. Прво, доколку има љубов, нема зошто мажот да ја третира жената како робинка(жена). Туку ќе се труди да и помага(прост пример повеќе време да можат да поминета заедно без обврски).
    Но, има многу факти
    1. Мажот е така воспитан.
    2. Жената е така воспитана
    3. Жената тоа си го дозволила уште на почетокот
    4. Постојат мамини синови и др.
    Значи не е скогаш само во мажите. Јас сум воспитана декак како нечија сопруга, мајка треба да знам се да готвам перам пеглам..секогаш да биде чисто. НО, и исто така дека треба да имам помош од сопругот. Доколку жената седи по цел ден дома, не работи срамота е да е валкано и да нема ручек а и обатно. Денес скоро секоја жена работи, па затоа мажот треба да вреднува колку таа има обврски. Не е бракот само секс, и носење пари дома. Како ќе има тој маж дома нормален живот доколку неговата жена е папсана од работа. Јас живеам само со мајка. Мајка ми работи, јас не(се срамам искрено што на некој начин безделничам) но затоа секој ден готвам, чистам, јас пазарувам...значи се што треба мајка ми доаѓа ручаме и после заедно можеме да правиме што ни душа сака.
     
  10. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.378
    Пол:
    Женски
    Зависи од односите во бракот, јас не сум во брак ама може да се каже дека живеам со дечко ми па вака сме си ги поделиле обврските, јас не работам и преку недела нејчесто јас правам ручек, често пати кога имам обврски нарачуваме храна, за викенди он готви. Јас го чистам тоалетот и собите а он е задолжен за чистење на балконите и подрумот, он фрла ѓубре. Сега купивме машина за садови па неможам да се пожалам дека којзнае колку мијам тањири. За чистење на прозорите и за генералки викаме чистачка. Јас пеглам ама оделата и некои поосетливи кошули и алишта ги носиме на хемиско, еднаш месечно кога ќе земе плата пазариме заедно во Веро а после јас се грижам за докупување .
    Кога ќе имаме деца ќе ни треба поголема помош ама тогаш некако ќе се организираме и со бабите па мислам дека нема да имаме проблем. Ако се сака може да се распределат обврските во домот бидејќи никој не е некому роб па да треба да слугува. Во глобала нема машки и женски работи ,ама сега не иде јас да кревам тешки работи.
    А ич не ми е тешко да усисам или да го поминам паркетот се џогер ама сакам и он да пази да не влегува со кондури.
    Пак ќе кажам дека може да се поделат обврските во домот без некој да се почувствува како роб.

    П.С. Заборавив да кажам, он е пушач а јас не , па се пуши само во дневна и јас не чистам пепељари :)
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.958
    Допаѓања:
    89.447
    Ова момчево многу ме смее....просто од стол ќе паднам...
    За жените не е,ние го поседуваме она нешто кое се вика мајчински инстинкт,а со тоа и не сме себични,впрочем не знаеме да бидеме себични и ако се сака се се може.Никој не те тера да бидеш верен на традицијата при толку услужни сервиси во овој озогласен капитализам...Одамна умре теоријата дека жената е роб на мажот...
    Пре би рекла дека мажите го чувствуваат и прифаќаат како ропство...кукавичлук,не сакаат ергентски живот да остават...мислат дека животот со бракот им завршува.Многу од мажите кои ги познавам знаат да истресат некој зелена од типот кој да ве разбере вас жените,па не,не сакам сериозна врска,тука ќе ми заврши животот,не можам постојано да се грижам дали сум и се јавил,дали сум ја гушнал...има време до женачка.
    Можете темава да ја пренасочите малку и во обратен правец.
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.324
    Допаѓања:
    42.672
    Бракот може да се сфати како ропство и од мажите и од жените. Зависи со какви очекувања влегуваш.
    Тука имаат голем удел и стереотипните сфаќања. Нормално е ова, нормално е она, или тоа не е нормално... а врска нема...
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.128
    Допаѓања:
    106.116
    Пол:
    Женски
    Бракот може да биде ропство и за двајцата, ако така се постават. Зависи од сфаќањата и од воспитувањето - најмногу од начинот на воспитување. Мажот може да биде типичен Балканец, сè да остави на грбот на жената, демек таа треба да биде дома и да ги средува сите работи околу домот, и готвење, и чистење и децата и не знам уште што, а тој само да седи со дигнати нозе. Ама и жената ќе биде виновна ако го дозволи тоа, и нормално дека тогаш бракот за неа ќе биде ропство.
    Инаку не би требало да биде така, не треба едниот да работи, другиот да седи. Без оглед на тоа што кај нас уште владеат некои поконзервативни сфаќања за поделбата на работите на машки и женски, мислам дека тоа се менува. Нема машки и женски работи, кога се работи и двајцата работат, кога се одмара и двајцата одмараат. Барем кај мене дома било така, моите се во брак веќе некои 34-35 години и никогаш немало поделба на машки и женски работи, едноставно сè се прави заеднички, секогаш има договор, компромис и заедничко решение. Јас живеам заедно со мојот свршеник и уште сега гледам како е воспитан. Кај него дома, кога се работи, сите работат - нема седење, обврските се поделени, без разлика дали се работи за „машки“ или „женски“ работи... затоа не верувам дека бракот е ропство.Меѓутоа, да ја тргнеме настрана љубовта и сличните работи - ако едниот од партнерите е мрзлив, тогаш другиот секогаш ќе му биде слуга - без разлика дали е тоа мажот или жената...
     
  14. Emotivka

    Emotivka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Браво за дечкото што ја отвори темава, го поддржувам и мислам дека 100% е во право. Можеби не е така кај многу мал дел од паровите. Јас сум факултетски образована, мојот сопруг не, имаме дете, и тој е типично воспитан балканец(јас со многу либерални сваќања, која што за се се имам сама и чесно изборено во животот), кој што очекува јас се по дома да правам и секогаш да сум расположена за секс, барем така беше. И се тоа го трпев бидејќи го сакав и се трудев да ги променам тие негови навики, навреди, пцуења, но сега веќе е готово. Одамна не го сакам, не се трудам за ништо....решението е развод и ќе си ја вратам слободата.
    За тие што мислат дека ова не е така,дека не е наше секојдневие во Македонија, нека погледнат во темата "Брачни неверства", речиси сите жени кои изневериле се запоставени од мажите, сите домашни обврски се нивни без разлика дали работат или не, дали се успешни или не, и чии мажи се со патријахални сваќања.
    Сакам да кажам дека ова посебно е изразено во помалите места, и кај семејствата кои живеат заедно со родителите на мажот, кои и тие малку обврски што со судни маки ќе ги прифатат, ги префрлаат на некој друг член од семејството.
    Јас во овој брак тотално се чувствувам "затворена", (иако стално некаде одам,професионално), многу шанси во животот сум пропуштила заради него, што ќе рече и заради неговата не поддршка. Не се каам што сум се омажила со него (иако непланирано, невработена и со недовршено образование), тоа ми е поука. Се каам што многу порано не сум се развела. Сега се надевам ќе ми тргне во животот без него, кој го продолжувам без план да би се мажела пак во иднина, освен ако тоа парче хартија мене или него не би му донела некоја привилегија. Дури и дете да имам од некоја следна врска во мојата подалечна иднина, бракот е исклучен, но не и заедничкото живеење. Јас животот си го замислувам тотално поинаку, баш како што си го живеев некогаш, без овие денешни гушења.
    Еве еден што во целост го поддржува Boyfromtown.
     
    На evangelina.ina и stilas7 им се допаѓа ова.
  15. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    92
    Браво,браво и браво :clap: .Конечно еден искрен пост и без фолирање како да не се знаеме кој сме и што сме во Македонија па и Балканот.
     
  16. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    28
    Се ок но Емотивка не се сите случаи исти,....еве ти си поминала низ тоа...не велам дека нема сеуште како тебе случаи но секојдневно се поретки.Да, поретки :!: :!: :!: А бојфром таун ти толку се контраш со сите женски особи на форумот, мислиш на норма ке да си хахахах, па симни се малку...ако ти си пораснат во таква средина не сме сите исти, секој различно го сфака животот, различно размислува, различно живее со еден збор различно е воспитан и секако различно функционира.
    па ајде сега и дирекно на темава да дадам одговор...НЕ мислам дека е ропство за жената да влезе во брак.Се додека постои разбирање со партнерот, заеднички компромис и таа се чуствува удобно покрај мажот а тоа подрзабира ке нагласам заедничко планирање и донесување одлуки на идниот нивен живот,не постои никакво ропство.Татко ми секогаш велеше и уште ми вели (како за предупредување кога квичам дека сум скарана),...немој да си многу лошка со дечко ти....мажите и жените денес се ставаат на кантар(вага) 50-50 по памет....што значи нема некој моќ или надмоќ на другиот се додека работите се меѓу нив ефективни.толку од мене поззз
     
  17. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    92
    Точно така дека не се сите случаи исти но како што кажа и ЕМОТИВКА најголем дел најголем се такви.И Грл јас не сум раснен у таква околина јас ако ти кажам дека моите баба и дедо имаат гимназија завршено ,а дедо ми воена академија наспроти 99% од другите баби и дедовци што се само со 4 одделение завршени.Можам илјада факти да зборам само ме мрзи сега.Поздрав
     
  18. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    28
    Свака им чест на постарите ти баба и дедо :up: ...еве земај пример од нив и учи :D ....само ако не те мрзи дај ти кажи си го твоето мислење врз основа на оваа тема.м? Еве на пример дали ти би сакал жената тебе да ти робува, :worried:hock: како што си напишал во темата.....или изразил....какво размислување ти имаш... пошо глеам си застанал жустро на таа страна каде што упорно тврдиш за нештата а, ...ти ? позз
     
  19. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.160
    Пол:
    Женски
    Se sto sakav da kazam kazaa del od vas
    Sega se obracam licno do boyfromtown.GI procitav tvoite mislenja za zenata i nejzinoto ropstvo.Ne mi se poznati tvoite godini i neznam dali si zaplivan vo bracnite vodi ..pa zatoa ne ti sudam na tvoite svacanja .Ne velam deka nema brakovi kade zenata ne e zadovolna od zivotot so partnerot sto ne znaci deka sekade e taka ..Sopruznistvoto dva vo edeno cesto funkcionira kako edinka nema moe i tvoe se e nase .Majcinstvo privilegija e da se bide majka toa ne ne pravi robovi naprotuv nosi mnogu radost .Domacinstvo sto gledas tuka ropsko vo ovoj vek pokraj tolku tehnologija i masinerija nie zenite sme samo upravuvaci na istata ...Da se zgotvi rucek i da se sobere celoto semejstvo na edno mesto zamene e nakgolem uspeh vo svetot naj golemite kuvari se mazi a toa ne gi pravi robovi.Robstvo za zenata ce e ako decata i se gladni ,ako trgnat po los pat ..droga ,kriminal,prostitucija i dr a se drugo e normalna rabota Dali si se zaprasal dali mazot e rob koga mora da se grizi za celoto semejstvo ,da obezbedi sredstva,da gi podmiri site davacki kon drzavata da odgleduva cetiri clena p[a i povece pa uste ako i rabotata mu e fizicka i naporna situacijata so tvoeto ropstvo stanuva obratna... Mnogu poteska vo odnos na obvrskata na zenata .Vo idnina cenija zenata i ne ja narekuvaj rob za da zivees srecno i mirno ...A PINEKOGAS I POMOLISE CUVAJ ME BOZE OD ZENSKA BELJA MOJ LICEN SOVET ...Pred se pocituvaja tvojata majka,sestra baba i celiot zenski rod ..ako ne bile tie robinki ne ce te imalo ni tebe da go kazes toa sto go mislis za niv.Izvini ako so moite zborovi te navrediv..ZIVOTOT E VECNO SKOLO A TUKA NIKOJ NE GO POLOZIL PRVIOT TEST ..DEVOJKI ZIVOTOT CE VI BIDE TAKOV KAKOV STO SAMITE CE DOZVOLITE DA BIDE
     
  20. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.160
    Пол:
    Женски