Дали бракот претставува ропство за жената?

Дискусија во 'Брак' започната од Boyfromtown, 28 март 2010.

  1. Superiska

    Superiska Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    32
    Smetam deka se smeneti rabotite,predhodnite generacii mozebi cenata bila potcineta na mazaot,no sega jas bi rekol deka nie sme po polosa sostojba.ako se ima razbiranje,pocit,sve ke bide ok.
     
  2. maca.81

    maca.81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    17
    Според мене бракот порано можеби бил робство за жената, можеби во некои случаеви е и денес, како што веќе беше напишано во некој од постовите зависно од воспитувањето, зависно од кој како се постави и од многу други фактори, меѓутоа ако постои љубов пред се, компромис и разбирање мислам дека се е решено без никакви проблеми.
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.329
    Допаѓања:
    42.901
    А ти зошто отвори тема, за да се согласат сите со тебе? Ако не те интересира мислењето на другите па и не мора да отвораш теми и да читаш.

    Поентата ти ја сфаќам целосно, и знам дека не е со лоши намери. Дека има случаи - има, не може да нема, традиција не се искоренува брзо.

    Еве за мене ќе ти кажам конкретно. Имаме поделба на трудот, затоа што е безвезе еден да работи, а друг да лежи, а ако сакал да му биде се принесено, немало што да се жени, може слободно да си седи дома. На почеток не беше не знам колку лесно да се прилагодиме, затоа што двајцата дома не сме работеле ништо, па се навикнавме. Имало периоди кога едниот работел дома повеќе од другиот. Имаме исто работно време, ама ако видам дека дома доаѓа убиен од работа, немал време на работа ни да јаде, сигурно дека ќе му речам да одмори и јас ќе направам се'. Имало периоди кога сум учела, или кога сум морала и дома да работам, се' правел тој - од чување деца, до ручеци, перење, пеглање, чистење... Не би влегла во брак ако ми е толку важно да ни бидат поделени обврските 50-50 во секој момент, ама не би се омажила ни за некој што знам дека само ќе лежи. Затоа реков погоре дека може да биде ропство, зависи со какви очекувања ќе влезеш.
    А тоа до домашното воспитување... нас теоретски не' учеле дека треба да се дели работата, ама двајцата сме имале за примери мајки што работеле скоро се', така што не секогаш значи дека тоа што го гледаш дома - го правиш и потоа. И не дека зависи од образованитео, двете се со ВСС :D , ниту пак од местото на живеење - двете се стари скопјанки :D туку работното време им е пократко. И свесно или несвесно двете ја учат ќерка ми дека е женско да поставува маса, и не знам што - ама ги научив како треба :D

    Е погоре исто така реков дека може да биде ропство и за мажот, а тука би се надоврзала на постот на Лилит. Границата само се покачува, ќе се женам на 30, па не, на 32-33, здравје има време, да изживеам, да се изнашетам, а и ти имаше негде ваков муабет напишано, тека треба прво за се изживеат луѓето, па да стапат во брак. Апсолутно не се согласувам со ова. Заедно ќе изживееш се ако сакаш, и во тоа е убавината. Заедно да носиш одлуки, да создаваш и материјални и нематеријални работи, дом, семејство, и колку и да е тешко - неверојатно убаво е. Паралелни животи и спиење во ист кревет, не е тоа брак. И не може да очекуваш да се ожениш и се да остане како претходно, што не си седел дома ако ти било убаво така. Обврски има кога живееш сам, а има уште повеќе кога ќе имаш дете. Ако сакаш да излегуваш секој втор ден до 5 сабајле сам/а, зошто да стапуваш во брак? И не значи тоа дека ќе се изгубиш тотално, секогаш може да си посветиш време, или да се видиш со другари/другарки, или да практикуваш некое хоби.

    Вака како што ми е мене, им е и на сите мои другари/другарки, на брат ми, значи од помладата генерација брачни другари :D баш и немам некој пример каде што жената прави се'. Затоа батали ја теоријата.
     
    На eleni23 и angelce1 им се допаѓа ова.
  4. maca.81

    maca.81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    17
    Браво Ariel :D
    Јас сеуште не сум мажена ама бракот одсекогаш сум го замислувала како твојот, па сега ке видиме што ке биде :lol:
    И јас сум на некој начин како ти што си била, никогаш во животот ништо не сум работела, мазена, пазена до немај каде, ама верувам дека ништо не би ми било тешко да направам за човекот што го сакам.
    Да даде господ од убаво поубаво да ти биде, се до крајот...
    Поздрав4е :D
     
  5. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    22
    јас ќе застанам од страна на момчето да му помогнам малку :) и јас си го замислувам бракот како заедница во која мажот и жената ќе си помагаат ама од она што го имам искусено и од она што го гледам многу малку е така... не велам дека нема исклучоци но многу малку се...
    заедно сме со дечко ми 7 години и од пред година дена живееме заедно.. јас работам и тој исто.. ама тој кога доаѓа од работа е многу уморен и легнува и гледа тв, а јас готвам, читам, мијам и се што треба... на почетокот понекогаш заедно ќе направеме ручек, но сега веќе не... и колку и да се трудам да променам нешто не ми оди пошто сум навикната се да ми биде тип топ дома и не можам да чекам да му текне и тоа ако му текне .. секогаш кога ќе му речам нешто да направи ми вика сега ли мора...
    мнгоу ме нервира пошто идам и на факултет и пак се постигнувам, а тој секогаш е уморен... е ај сега некој совет што да му направам???? да го казнам - нема јадење :lol:
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. riba79

    riba79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    a sto ke bide so tebe koga ke imate dete i toa li ke bide tvoja obvrska.eve jas sum mazena 5g imam kerka od 4,5g ama imam pomos od mm kako pazarenje,pravenje rucek ponekogas usisava,pruza alista sekojdnevno frla gubre..jas ne rabotam cel den sum doma no,toj znae deka nekogas koga ne mi e denot mi pomaga. iako toj e na rabota cel den.jas mislam deka obvrskite mora da bidat podeleni zasto nemoze eden da bide mrtov umoren,a drug so nogite u vis..pozdrav
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.329
    Допаѓања:
    42.901
    Ради, совет тешко е да се даде, затоа што секоја ситуација е посебна.

    Во принцип јас би разговарала за ова, да ги објаснам моите очекувања, само ова е прашање за кое треба да се разговара пред заеднички живот. Ако веќе е разговарано, тогаш треба потсетување.

    И да знаеш дека ако се постигнуваш во животот е проблем. Не само дома, и на работа, такви се луѓето генерално, ако видат дека може друг да им ја врши работата - веднаш се навикнуваат!

    Значи ако разговор не помага, можеш да почнеш да забушаваш малку, па да не постигнуваш, па да мора да ти помага. Само ќе треба прво да се научиш да гледаш хаос. Или нешто од околу спомни, ајде да правиме ручек, или што и да е. Немам баш многу идеи или совети, ама мора да најдеш начин. Ќе се надоврзам на коментарот на риба79, реши го ова прашање со време, зошто на почеток се ствараат навики најлесно. Сега можеш да постигнеш, ама кога ќе имате и деца тешко ќе биде. Не дека е невозможно, ама не би требало да е така.

    Маца81, фала за убавите желби, и јас тебе ти посакувам се да ти оди како што треба :D
     
  8. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    92
    Дека има случаи :roll: .Ти збориш ко у Македонија целосно да е искоренета семејната дискриминација па останале некои случаи.У 90% од семејствата жената ринта дома по цел ден плус иде на работа по 10 часа.Кај нас многу многу ретко некој маж да работи и да помага дома.Околу мене живеат 200 семејства и можам со 100% сигурност да ти кажам дека никој маж во тоа семејство ни пере,ни чисти,ни готви буквално ништо.Сите пријатели на моето семејство исто е и кај нив така со сигурност.Ти викаш сопругот ти помагал во периоди но периоди и секојдневно не е исто има голем разлика.Еве ќе играме на овој начин од кај моето семејство има 3-4 што прават анкети и на прашањето дали некогаш вашиот маж ве тепал и 74% одговориле дека не ги тепаат туку дека неколку пати им имаат залепено шамар :roll: и дека е нормално така мажот да се однесува доколку жената на време не ги заврши обврските.Сакаш да кажеш дека овие мажи перат,пеглаат,чистат дома.Идеме со уште една анкета знаеш ли ти дека секоја жена у брак станува 2 часа порано пред мажот за да ги спреми децата за на школо,да направи ручек и плус иде на работа.Истото ја очекува и кога се враќа од работа.Вака изгледа еден фоторобот на една просечна македонска жена.Змаеш ли ти дека секоја 4 жена во Македонија трпи еден вид на насилство тоа не е мое тоа се владини,невладини податоци.Сакаш да кажеш дека во овие семејства мажот завршува домашни обврски.Знаеш ли ти дека според невладини организации жената во Македонија работи 5 пати повеќе работи во куќата отколку мажот, во селата се движи до 10 пати повеќе.Ако се сомневаш може слободно да прошетаме ќе те уверам.Единствена работа во којашто жената во нашето општество мора да биде е добра мајка и сопруга друго може или не мора воопшто(не судам).Кога целосно ќе се собере времето поминато во чистење,готвење,перење,одење на работа жената работи 5 пати повеќе од мажот во најголем дел од селата тоа се движи и до 10 пати повеќе.Идеме со овој факт во Македонија 60% од населението живее во рурални средини односно села.Дали ти си прошетала по некое македонско село и да видиш како живее една просечна селска жена Македонка каде што пола село нема струја,вода и канализација кадешто степенот на писменост е на ниско ниво.Немој да кажеш дека тука мажот пере,чисти и ги одгледува децата.И во селото жената копа,сади и плус обавува куќна работа.Дали сакаш да ми кажеш дека еден Албанец,Турчин,Ром пере садови дома,чисти,готви и слично.Немој само да ми тврдиш ;) .Како за пример гледав 3-4 документарци на Дојче Веле зашто во Германија толку бргу опаѓа наталитетот.И сите социолози едногласно дојдоа до заклучок дека секоја 3 Германка повеќе одбира да живее живот како самец отколку животот да и помине во перење,чистење.готвење,работење по 10 часа и слично.Едноставно многу Германки сакаат да не влезат у брак зашто мислат дека освен 5 пати поголеми обрвски бракот ништо друго ефикасно не им носи.Во Германија има страшна дебата како да се реограгинизира институцијата брак за да се потикнат младите Германки да раѓаат повеќе деца.Значи зборуваме за Германија којашто има 10 вековна универзитетска култура и писменост.Значи од кај Макердонците коишто имаат едвај две полуписмени генерации стигнаа и успеаја да ги надвисат Германците.Многу смешно е да споредуваш како живее една Германка и една Македонка скоро неспоредливо.Јас сум имал среќа да живеам далеку од Македонија и кога се враќаш овдека сфаќаш дека Македонија е само една голема провинција ништо повеќе ни помалку.Голема.Жените добија права но не добија и разум ;)
     
    На okcenzi, CameliaMiller и stilas7 им се допаѓа ова.
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.305
    i ti uporno i uporno go tvrdis svoeto iako vide deka mnogu poinakvi slucaevi. i celo vreme go spomnuvas toa tepanje i samaranje,sto izvini veke nema vrska so zenata,tuku so psihata na mazot.edna forumdzika mnogu ubavo se izjasni deka ako ima ljubov ne i e ropstvo da pere i da cisti,se dodeka i on pomaga,ako ne vo toa, vo drugi raboti.i aman sporeduvas vise so dr zemji i slicni,ete kazuvas vo germanija zenite odbiraat da se sami za da ne perat i gotvat,a toa znaci deka i nema razlika vo odnosot megju mazot i zenata tuka i vo stranstvo,stom germankite begale od brak.citajki te,ti eden pominat den na zenata go razbiras vaka-stanuva nenaspana rano sabajle,sprema rucek,gi sprema decata,odi nesredena na rabota,se vraka umorna,pere sreduva,cisti,a mazot spie i gleda fudbal ili pie so drugari.epa ic ic ne se slagam so tebe i nema ni da se slozam.na kraju krajeva,kako sto vo ruralnite sredini ima slucaevi kade sto zenata pravi se,i vo bogatite semejstva ima slucaevi kajs to site tie raboti gi vrsi platena zena,a i takvite i takvite gi ima mnogu kaj nas
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    561
    Леле до кај сте ја отерале работава...Ако сега почнеме по нет да бараме статистики како е во дручите земји далеку ке стигнеме. Сватете ова е македонија, балкан и е се поинаку од останатите држави. И за тоа не треба да се дебатира.
    Овде се поставува општо прашање, јас барем како го сваќам кога прв пат ке го прочитам. Јас сваќам дека треба да дадам свое мислење за тоа дали бракот претставува ропство, кај нас, зошто не знам доволно за туѓите бракови и можам да зборам само за она што го гледам.
    Е сега ако баш сакате да знаете(се надевам никој овде нема да се навреди) познавам многу мои другарки што дома не фаќаат ништо а имаат по 22 години, а копнеат да бидат заљубени, среќни, сопруги , мајки. Нив ги мрзи дома да си го избришат газот а не па да му средуваат готват на некој друг. Тогаш за таквите бракот ке причинува ропство. Не знае да си зготви, зошто мама готви цело време, не се пере зошто мама само кажува кога може да се уклучи машина, не брише прашина, не чисти зошто мама е тука...итн
    Исто е и за машките, повекето(со чест на исклучоците) машки се научени мама да прави се, да им принес еда јадат и се останато па затоа сметаат дека и нивната жена треба да го прави истото.
    Според мене се трга од тоа домашно воспитание како што имам спомнато. Јас обожавам да готвам, и тоа никогаш нема да ми биде ропство, но така мајка ми ме учела дека јас треба да знам да работам по дома, да ми биде секогаш чисто, да не делам машки и женски работи, па ако треба и коли да поправам ке поправам.
    Епа јас ако цело време се чекам на мајка ми на мои 22 години и сеа недај боже да останам трудна и да морам да се мажам, незнам да работам ништо по дома нормално дека ке ми е ропство. Пошто сум мрза.
    А мажот ако не ми помага значи дека не ме цени доволно. Значи он е уморен од работа, а јас работам, по дома, чувам деца и не треба да сум уморна???? ВО бракот двајцата стануваат едно и така треба да се раководат, детето е на двајцата не само на мајката..
    Не се замарам како живет во другите држави и не сакам да коментирам за тоа...но за мене сите се еднакви, имаат исти физички потреби итн итн....
    И џабе не е онаа фраза, заедно сме посилни.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    4.870
    Допаѓања:
    22.785
    Пол:
    Женски
    Леле ама го нападнавте момчето. Го знам од други форуми и многу реално зборува, па не кажа тој дека сака жената да му робува туку кажува каков е во суштина односот помеѓу мажот и жената во бракот. Чест на тие што пораснале во такви семејства но јас до сега лично не сум сретнала толку изедначен однос помеѓу мажот и жената. Кај нас дома татко ми никогаш не зел ништо да зготви , измие или исчисти секогаш тоа го правела мајка ми ( и многу ми е жал за неа). Исто е и кај моите другарки и роднини без исклучок кај сите никогаш таткото не помага во домашните работи. Е сега тоа се луѓе од постарата генерација имаат по 50-60 години и така се воспитани. Кај младите парови работите се значително подобрени и многу ми е драго поради тоа. Еве и на дечко ми воопшто не му смета да зготви нешто или да исчисти и јас многу го ценам тоа, а и не би дозволила се на готово да чека. Само зборот ми беше да не гледате само по вашите дома , факт е дека 90% од браковите од постарите генерации се такви: жената е должна да ги врши сите домашни работи и овде мажот ретко кога помага ( може само скара да запали ) :lol: . Позз
     
    На evangelina.ina и didija им се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.329
    Допаѓања:
    42.901
    Бојфромтаун, поентата ми беше дека ако веќе прашуваш како ни е, слушни што имаме да кажеме. И имај во предвид каков тип на жени го користат форумов. Како што веќе ти кажав и преходно, темава е ок, ја сфаќам поентата, и добро е да се зборува на темата. Ама не можеш да одиш контра на секој што не се согласува со тебе, а кога некој ќе се согласи да кажеш браво, така е, конечно некој призна. Особено што не праша за генералната слика туку како се чувствуваме.

    Порано било така како што кажуваш, и тоа веќе го кажав во една друга тема, ама сега работите се менуваат, и нормално е дека за промени треба време, и дека секогаш вакви промени се случуваат прво во поголемите места. За семејно насилство не би зборувала тука, си има посебен дел на форумов.

    Е сега лично за мене, не реков дека маж ми и понекогаш ми помага. Помага е погрешен збор, затоа што излегува дека е тоа моја работа, па тој на драга волја ми помага. И не понекогаш.

    Е сега останува отворено прашањето дали бракот претставува ропство за мажот :D

    Инаку статистиките треба да се проверат ;)
     
  13. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    151
    Па добро бе, девојки, за што толку му се нафрливте на дечкото кога и самиот тој има феминистички сфаќања. Па тоа што тој го зборува треба да го прифатиме и да го пофалиме. Затоа што ако сме стигнале до овај степен тогаш тоа е благодарение на (почесто) жените и (мнооогу поретко) мажите кои се избориле за правата на жената баш со ставови слични на оние на boyfromtown. И сакам да го потенцирам она што Ariel го спомна- Да се има предвид какви жени има на форумов. Сигурна сум дека нема ни 10% од женската популација да гостува овде или да ни напише нешто за темева. И исто така сигурна сум дека немаме членки од сите возрасти, профили, и др. што би можеле да споделат мислење тука.

    Јас се сложувам и со boyfromtown и со вас. Ние сме помлада генерација која е малку помодерна и посвесна за себе и околината. Ама не е се поделено со обврските, ниту пак ќе се подели. Германките сватиле дека можда не се еднакво присутни со мажите во домашните обврски, ама го нашле пак најлошото решение (ако се прашувам јас). Мажот ми ми помага да, ми помага, во моите обврски, исто како што јас му помагам во неговите. (Готвењето не може да биде негова обврска, тој не знае да готви и не би сакала да јадам нешто негово, исто како што чепкањето во водоводната, струјната инсталација не е моја обврска, и би било добро за сите така и да остане. Ние само си помагаме.).И во домот моите обврски се повеќе, по секојдневни ама неговите се потешки на кои не се ни нафаќам. Кога не ми е ден знам дека не е проблем се да оставам така, и дека сам ќе се снајде, тоа никогаш не било проблем. Не е тој што ме прави робинка, животот што сум го одбрала ме прави робинка, ако сакав можев да изберам да бидам германка. Покрупни чистења правиме заедно, за време на ситните тој ќе го извади детето. Го оставам да гледа фудбал исто така како што тој ме остава да пијам кафе по 2 саати со комшивката. Значи секој го почитува задоволството на другиот.

    Има робување, и од моја и од негова страна, That's life. И факт е дека се јавува тоа незадоволство кај секоја жена како да е робинка. И сигурна сум дека и таа која била со најјаки критики на форумов кон ставовите на boyfromtown се почувствувала така некогаш, без да се лажеме. А за да имаме реална слика за нашата Македонија како стои на ова поле треба да ги прашаме и 55 годишните жени кои ринтаат во текстилните фабрики, и кои немаат време да седнат на форумов, и оние предвреме остарени земјоделски жени, и оние кои никогаш не работеле, па надополнуваат со работата по дома цел живот. Девојки, не е Македонија модерна само затоа што мал број од нас, членките на форумов, сме социјално освестени.

    Поздравче и борбата продолжува!
     
    На eleni23, missperfect, MSkorpionka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. matejab

    matejab Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    8
    се сложувам целосно со тебе viku :clap: скоро истото мислење го имаме :)
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.192
    Допаѓања:
    4.858
    Заклучок - кој како си ја нареди, се е во стил на договор.
     
  16. Suzeto

    Suzeto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    15
    uffffffffff mislam da kaj poveketo zeni
    retki se tie sto pomagaat ne stanuva zbor jas da sedam toj da rabota po doma nego stom stani i toj od spienje ne treba odma za TV i krevetot,moze da e namesti spalnata,stvarno e edna minuta rabota ama e mala pomos i ako zememe vo predvid sve e edna min.rabota i na kraj cel den rabotas,ima i dr.sitnici pr.sokce za deteto mlekce jadenje ke pobara ima mnogu takvi raboti sto se po edna min.jas ne velam da zeme da meti, pere, sprostira placki i nekoj slicni takvi raboti vo nikoj slucaj,toa nedaj boze ako se mora i toa treba da se pravi..i na kraj doma sve sto rabotis ne se priznava eh sto stori ti dur se varese jadenjeto ti si uzivas ...pa jadejneto prvo nekoj treba da go namesti da isecka sve dodeka se vari pravis drugo go nadgleduvas jadenjeto itn.da ne dolzam poveke :D :D :D ... kraj....
     
  17. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    678
    taka e ama i ne e sekogas taka
     
  18. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.108
    Lolipop23, да не биде како еден виц. Демек браво мажу како си ја напраил скарата, а кој уствари ја напраи скарата? Жената купила месо, го подготвила, го донела до скарата, мажот ја запалил скарата, го испекол, жената ја сервира масата, го сервира месото, ја праи салатата и ја принесува, после тоа раскрева и мие и ја чисти скарата. Браво мажу за скарата :rofl: :lol:
     
    На didija и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  19. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.877
    завици од тоа како ке се поставиме самите-се зависи од нас.еве мислам ако жената чути сите ке ја газат,а ако покаже малку заби ке ја гледаат поинаку.некои жени мислам премногу се жалат, а самите си се поставиле така :x
     
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    24.393
    Пол:
    Женски
    Точно е дека на секој ќе му биде онака како ќе си ја нареди, но има вистина во тоа дека жената е роб на семејството. Во минатото тоа било поизразено, а денес иако има подобрувања, сепак мислам дека не е целосно искоренето. Сепак жената е таа која е еден вид столб на семејството, сите од неа чекаат, таа работи, заработува, таа е и домакинка, си ги гледа децата и мажот. Најдобро објаснување на оваа тема мислам дека можеме да најдеме во песната Жена балканска од Тоше.

    Барам сјај во тие очи,
    Само тага таму чува,
    Еден живот, многу тајни
    А на образ солза сува!
    Толку многу љубов дава,
    Топли зборој за да слушне
    А на срце камен става,
    Кога нема да ја гушне!
    Залудно е да се кае,
    Се што вели вистина е,
    Долго време мракот трае,
    Што ќе биде, кој да знае!
    Секој чекор крие прекор,
    Покрај него време губи,
    Мора да му биде слуга,
    Час го мрази, час го љуби!
    А во гради срце стега,
    Нема храброст за да бега,
    Зад неа е цела младост,
    На моменти малку радост!
    Свиена зад тешко бреме,
    Ни за себе нема време,
    Залудно е да се кае,
    Нема назад, добро знае!


    СИНТЕЗИС:
    Еден живот тајна е,
    Ова Балкан, Балкан е,
    Една жена тажна е,
    Ова Балкан, Балкан е,
    Една жена тажна е,
    Една силна жена!
     
    На lolyta777, Lolipop23 и julie77 им се допаѓа ова.