1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали бракот претставува ропство за жената?

Дискусија во 'Брак' започната од Boyfromtown, 28 март 2010.

  1. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Како што можеле нашите мајки да трпат, така ќе мораме и ние! Иначе ако не сте од овој вид на жени, ондак правец во Германија....хехе....ајде шала на страна!
    Вака, јас мислам дека кога има љубов и разбирање од наша страна, на партнерот ќе му биде повеќе од драго да ни помогне! Зошто мислам вака? Затоа што, кога жената постојано му се качува на глава на партнерот, му се дере.......еј бе стоко една мрзлива (морам овој речник да го употребувам, затоа што се среќава 90 % кај нас во Македонијава....зошто и не сме некој културен народ, се разбираме со дерење...и сл постапки ).....партнерот му се одмилува, и нормално од инает ќе си тера работа како што е гледањето на фудбал или лежење! А, од друга страна, кога ќе му речеме....Душо моја, вака и вака, не верувам дека ќе одбие да помогне!...Добриот збор, железни врати отвара!
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    А дали мислиш дека цел живот ќе имаш нерви да го замолуваш на толку смирен начин???? :?: Си доаѓаш уморна од работа а дома те дочекува невиден хаос, ништо не е на своето место, плус си имала лош ден...и мислиш ли дека ќе можеш да му кажеш на мажот ти смирено ,,душичко зошто не си го средил нередов, ајде сега помогни ми?,,
    Сепак и јас сум за тактизирање, и јас сум за доза лицемерие со цел да се наредат работите и да постои некое разбирање и коректна распределба на домашните обврски! Многу труд треба да се вложи за да не биде третирана жената како робинка! Факт е дека сеуште многу жени служат само како готвачки и чистачки по дома! Колку и да се демантира тоа дека ропството во некои бракови постои,сепак не можеме целосно да го отфрлиме фактот дека менталитетот ни е таков! На Балканот многу мажи сметаат дека жената после бракот служи само за да чисти по дома!
    Се разбира дека постојат и бракови каде жената е почитувана, бракови во кои се согледуваат потребите и желбите на жената а мажите малце по лабилно гледат на правилата дека жената е робинка а тие се мажишта на кои треба да им се угодува!
     
    На eleni23 и wolf4e им се допаѓа ова.
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    А зошто да мора да им се умилкуваме на мажите за да ни помогнат????? Значи, не треба на колена да му клекнам, а и нема зошто да го навредувам за да ми помогне. Ако тој не е навикнат од предходно, прости се од помагање во брак. А, доволно ке биде само да му кажам со нормален тон, ајде заврши го тоа и тоа. Ако ме сака, нема потреба од лигавење или пак дерење. Колку побрзо се заврши работата толку побрзо секс :lol: , мала шала, ама така е. колку побрзо, толку повеќе време за одмор и уживање.
     
  4. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Далеку од буквалниот превод на РОПСТВО. Со оглед на тоа што сеуште немам деца, што одам на работа и на факултет, секогаш имам време за себе. Сеуште сум таа како што бев, бидејќи и дома многу и помагав на мајка ми. Мажот ми според расположенито-кога сака ќе ми помогне нешто, не ни очекувам од него да ми пегла или да пери, но знае понекогаш да зготвени нешто, ако тоа му го дозволи неговата мамичка се разбира.Но знам дека кога ќе имам деца работите ќе бидат поинакви, но затоа ќе си најдам работа каде што нема да бидам преоптеретена
     
  5. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Тој ако те сака и ако му речеш со убаво ќе помогне! Jас така сфаќам. E сега не е секаде розово, ама подобро со добро отколку со дерење, зашто така се добива контра ефект! А ако ич не разбира, фаќај сукалото :lol: (се шалам), тогаш може со малку повисок тон, ама пак не дерење!
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    на темава се сложувам дека бракот е кој како ќе си јанареди. во постарите генерации сметам дека жените биле на некој начин робови како ќе кажел мажот така ама во поновите и не е баш така па и кај родителите . пример кај мене дома мајка ми сака да и е тип топ цело време исчистено педантерија невидена да ти се смачи од тоа и навикната е да крева се и затоа татко ми кога се бања вика дај ми гаќи дај мајца :D и ред руги работи ама оти знае дека мајка ми се стокмила и не се замара ама па оваа кога ќе му викне се строе како војниче, сум го видела да мие садови да усисава да прави ручек итн ама како што кажавте жените сами се се прават робинки или не ,али кај посебно во помалите градови преовладува она дека мора да се биде домаќинка да се чисти пегла се да биде тип топ и они не сакаат да чекат мажот да им исчисти.

    кај мене со вереникот не е така и можам да кажам многу среќа имам во оваа област. тој влегува дома и право во кујна обожава да готви, мие садови во меѓувреме додека јас средувам дневна или пружам алишта или нешто друго. усисава често бидејќи сум алергична на прашина нема нешто што не работи по дома освен пеглање и перење ама тоа не ни дозволувам да го прави.

    значи заклучок зависи од карактерите и навиките на двајцата партнери али со време делете си ги обврските.
     
  7. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Нема многу што да се филозофира тука
    Сама како ќе си се постави жената уште во почетокот на врската се од тоа зависи
    Бидејќи степенот до колку што можеш сам да се зафркнеш -никој друг неможе толку
    И затоа не треба глумење дури ни во почеток на врска
    Биди тоа што си ако те сака или ако може да те прифати таква каква што си ќе си бидете секогаш заедно
    ако не нема што да се одолговлекува -тоа е само губење време
    Неможеш да планираш брак и семејство со човек што на некој начин ти ја зема слободата
     
  8. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    не сум размислувала многу по ова прашање, ама како се ближи денот Д, така се повеќе си мислам како ќе биде. Ама верувале или не , јас мислам дека откако останав бремена имам многу повеќе слобода во моето изразување, некако како да добив крилја. Скоро убедена сум дека јас ќе бидам столбот на нашето идно семејство, а за ропство ни збор да не стане :)
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Бракот носи многу повеќе обврски за жената. Некогаш тоа оди во крајност, кога жената е сосема потчинета, и за тоа не сакам да зборувам, тоа е тешка и многу длабока тема, не е за неколку реда. Јас никогаш не сум сакала да се мажам, затоа што се знам себеси, сѐ правам 100%-но и темелно. Имав една многу долга врска и ја раскинав токму заради тоа, со искрена желба тој да си најде некоја која сака да се мажи, да не го маткам јас џабе. После три години, мене ме „изматка“ :D маж ми. Јас сум за рамноправна поделба на обврските и бла, бла... ама тоа многу зависи од сопатникот. Кај мене најголемиот товар за организирањето на животот дома е на мене, од купување, тековни обврски, грижа за децата, до финансии. Ама не сум роб, нити ќе бидам. Ја имам слободата која е сосема нормална за секоја модерна жена. Не знам што се подразбира тука под ропство? Жената може да е ослободена од домашните обврски, па пак да е роб на мажот, на неговата волја. Точно е дека обврските бараат време, ама за неколку години и со добра организација тоа станува рутина која остава време за жената да си се посвети на себе. Скоро секогаш жената е столбот на семејството, од неа зависи како ќе функционираат сите членови. А друга работа е што зависи и од карактерот на жената. Јас не сум пасивен тип и потешко ми е да дозволам некој друг да ми го организира животот отколку јас да си го организирам, иако тоа подразбира поголема ангажираност. За робувањето на жената многу е важен нејзиниот „ментален склоп“, начинот на кој е воспитана и како размислува, и секако, како го доживува семејството кое го создава.
     
    На eleni23 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  10. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Boyfromtown 100% се согласувам со твоиве мислења за темава и комплетната анализа на фактите во реалноста.Многу ретко се наоѓа машкиве да имаат ваков искрен пристап за да си ги признаат овие работи.Посебно Македонциве а и Балканциве генерално се такви.
    И да тоа е така во Македонија во голем број случаи,а за Германија исто си во право иако мислам дека има голема разлика во однос на мажите во Германија и во Европските а посебно скандинавските земји,бидејќи голем дел од нив бракот го сфаќаат како партнерство,односно помагање и споделување на сите обврски без глупави поделби дали се тоа машки или женски работи.Едноставно кој ќе види дека има работа низ домот ја завршува и во однос на тоа прилично добро се фунционира.Без потреба за непотребни традиционализми од типот дека тоа е работа исклучиво на жената.А тоа што Македонкиве си се фатиле на орото,и не се избориле за своето место тоа е и нивен проблем.
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Премногу е индивидуално за да се даде еден конечен одговор на ова прашање. Јас сум релативно тазе влезена во брак и воопшто не го чувствувам тоа како некој товар или губење на идентитетот. По мое мислење однесувањето на една жена може да придонесе за губење на нејзиниот идентитет никој друг, а најмалку новото презиме. За да не се чувствува никој загрозен мислам дека пред да се стапи во брак, парот мора да види дали делат исти сфаќања за некои работи, дали добро функционираат како тандем (меѓу другото затоа и оправдувам заеднички живот барем една година пред брак како и за да видат дали се сега подготвени да функционираат во заедница со сите обврски и се што таа сама заедница носи).

    Конечно доколку жената се чувствува дека го изгубила идентитетот во бракот, бракот не и е воопштво крив, туку самата таа. Постојат мажи (ретки се, но постојат) кои навистина ги интересира како размислува нивната сопруга, какви сфаќања има, што чувствуваа и некои жени тоа го чувстуваат како гушење затоа што некои работи сакаат да ги задржат само за себе и се како заклучена фиока за мажот. Тука веќе имаме криза на идентитетот кај жената затоа што обично искажувањето на тоа што сакаат или не сакаат на мажите им е многу полесно додека сеуште има жени кои ги чувствуваат овие стеги. Еве мојот идол :lol: што вели за тоа ... значи женава зрачи со интелигенција за темава

    http://www.youtube.com/watch?v=oeLwbZgJ7ns

    И јас го имав истиот проблем со идентитетот и маж ми еднаш фино ме “искара“ и отсега натаму ги слушаме мислењата и потребите и на двајцата.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Кој како ќе си ја нареди, и на што ќе налета, од тоа и зависи дали ќе биде ропство или поделба на среќата, тагата, обврските и убавите работи...........со тоа што убавите споделени се множат по 2, а тагата и проблемите се делат на пола кога се споделени....
    За мене дефинитивно НЕ Е РОПСТВО....имам поголема слобода и уживање од секогаш, и на сите им го посакувам истото.... :D
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sharlott

    Sharlott Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    14
    Ова е индивидуално. Зависи и од двата партнера. Има некои што не ги пуштаат сопругите да мрднат од дома |( а овие пак мислат дека така е правилно. Има некои сами сметаат дека од кога ќе се омажат - жена е за куќа и си седат дома. Мене искрено не ми е ропство воопшто. Имам време и за другарки и пријателки, и за роднини. Со сопругот секогаш излегуваме кога сме слободни. Млади сме уживаме. Кога ќе имаме деца ќе бидеме позафатени, ама тоа не е ропство според мене.
     
  14. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    И јас мислам дека не е ропство,си излегувам со другарки на кафе преку ден некогаш и секој ден.понекогаш знаеме и викендите да си шмиткаме некаде,исто по цел ден да сум кај мајка ми кај некој роднини,немам никакви проблеми,љубоморни сцени или нешто слично,мислам дека тоа може да го има ако така си се поставил уште кога си бил во врска
     
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Јас баш мислам дека имаш поголема слобода отколку во врска.Дури мислам дека и меѓусебната доверба е многу поголема отколку во врска, бидејќи сте постојано заедно и поблиски.
    Е сега ако мажот е некој кретен, што ќе шета по цели денови додека ти средуваш сама по дома и чуваш дете, секако дека ќе биде ропство.Само трагедија е што кај таквите случаеви жената сама се одлучила за ропство, бидејќи си знаеш со каков влегуваш во брак.
     
    На Sharlott и lolyta777 им се допаѓа ова.
  16. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    па богами да се омазев за бивсиот не ропство бел ден немасе да видам ке бев синоним за анма :lol:
    зависи и тоа многу од партнерот а највеке од тоа како е воспитан е немозе тој да си излегува и да прави сто сака а зената она е за дома срамота е да излегува се знае која е нејзината работа леле ми се поврака кога ке се потсетам на овие теореми на глупиот ми бивси ма не да се мазам нема да ми текне :lol:
    се салам знаци зената треба да е рамноправна и поцитувана!!!
     
  17. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    хаах нееееее тотална грешка бракот не е ропство,можам да кажам додека си дома е ропство/немој ова,немој она ,неможе така мора вака а у брак си имаш твоја слобода ти одговара така/така ќе биде и крај
     
  18. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Кој како ќе си ја нареди.Поточно каков партнер ќе си избере.
    Мислам дека е многу битна работа а некогаш и пресудна пред некој да влезе во брак е да си ги знаат меѓусебно навиките.Ако некој не знаел сам да се грижи за себе и не научил до одредена возраст,тешко дека после ќе сака да го промени ова,т.е ќе ја претвори жената во робинка оставајќи и на нејзе да се грижи за сите работи во домот.
     
  19. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    кој во каква фамилија ќе влезе а и зависи од сопругот колку ќе те подржува за некој работи
     
  20. mkgirl

    mkgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    8
    И јас се согласувам 100% со Boyfromtown! Во многу семејства во МК сеуште е така. Особено по селата.
    Во многу од постовите на останатите феминки прочитав ”мажот ми ми помага во домашните обврски”. Оваа реченица кажува многу: дека тие сеуште ги сметаат домашните обрски за свои!!!! Аман до кога вака.
    Мене искрено дури ми смета што при стапување во брак жената го зима презимето на мажот или го додава на нејзиното. Зошто пак не е обратно. Или зошто не се прави комбинација од 2те презимиња. Зошто мажите да бидат супериорни во однос на тоа прашање?!?
    Јас не ги сметам домашните обврски за мои. И јас работам >8 саати како многу од вас. Но јас не се потресувам ако има прашина дома или не е средено. Кога чистиме, чистиме и двајцата. Порано ако едниот готви, другиот миеше садови. Сега купивме машина, па двајцата готвиме заедно. Едниот сецка едно, другиот друго.
    Не ни можам да замислам да живеам живот на традиционална Балканска жена. Ако некој ме принуди на такво нешто, радо ќе се разведам
     
    На CameliaMiller, girl1985, nena2010 и 3 други им се допаѓа ова.