Дали бракот претставува ропство за жената?

Дискусија во 'Брак' започната од Boyfromtown, 28 март 2010.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    4.212
    Допаѓања:
    28.855
    Пол:
    Женски
    Читајки ја темава не можев а да не повлечам паралела со темата Зошто модерната жена се плаши од брак?? Според мене одговор на претходното прашање ќе најдете во оваа тема. Модерната т.е жената на 21 век, која ги доживеала сите доблести на современото живеење, право на глас, еднакви плати со мажите, право да работи, активна во политика, право на избор во врска со абортус итн. , не може да фукционира со маж којостанал во 50 ти те години од претходниот век , каде што сликата за жената е дека таа е домаќинка, седи дома и ги чува децата. Каде што домашните обврски се стрикно поделени на машки ( седење пред тв со весникот или даљинското во раце, подработување во гаража или чепкање по дома со штравцигер) и женски ( чистење, пеглање, перење, готвење, гриж а за деца), а да не зборуваме што мажјакот “the big man” сака вечерта кога ќе си легне жената да си ги оствари брачните должности. Не дај боже да одбие. Па тоа е удар на суетата на мажот!! Е кај современата жена тоа не пали. Секоја жена која ќе ја ставите во калап со маж кој не погледнал во календарот и не видел дека сме 2011 година, бракот ќе го осеќа како ропство. И додека не најде маж кој е современ со сваќањата, современата жена нема да се мажи.
     
    На AnoreXic, machorka, imelda и 4 други им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    5.988
    Допаѓања:
    94.993
    Пол:
    Женски
    Бракот може да биде ропство за жената единствено доколку жената го направила погрешниот избор. Во никој друг случај. Доколку се омажила со маж кој ете да речам дека дури и не била свесна дека си го има тој стандарден балкански менталитет, бидејќи додека бил со неа се покажувал поразлично, пак и секако луѓето се менуваат де, кој може да знае, јас секако не знам, го немам искуството.
    Но, во секоја лоша ситуација си има излез и си има избор, самата жена е таа што треба да стави на кантар се и да си одлучи, баш како што на едно место рече Ливинг, излез секогаш има, само прашањето е дали сакаш да го видиш.
    А, инаку според мене нема зашто да се обвинува машката популација, бидејќи не сите машки според мене се исти. колку што се модерни жените, колку што тие одат напред толку одат и мажите напред и тие се модерни, доволно е по она колку излегле од балканската рамка во врска со нивниот физички изглед да речеме.
    Пак и можеби се ретки случаите не знам, не баратам со статистички податоци :lol: , мада се што е добро е во недостиг, сите го сакаат тоа пу јазк, но постојат мажи на кои не им срам да и помогнат на својата сопруга во кујната додека таа готви да речеме тој салатата да ја направи, макар има и такви кои готват дур жената е до подоцна на работа, и татко ми не знае да готви баш баш, но кога не сум ни ја ни мајка ми да видите каква манџичка од компир со запршка од кечап прави :D :D или да и помогне да ги измие садовите, тате на пример и со ладна вода што ги поминува е супер :rofl: да усиса низ куќи, е тоа го мрази, не го прави тате мој, ама да фрли ѓубре, ехе... да отиде на пазар да купи, (увек скапано избира, но важно купува :P ) да седне со децата да вежба задачи и слично... го имавме. :)
    Се’ зависи од изборот што ќе го направи самата жена, донекаде можеби и од ксметот да налета на таков маж, можеби. Но, мислам дека е доволно да до себе секоја има партнер со кого ќе може слободно да разговара на секоја тема, ќе има поддршка во секоја сфера, бидејќи од таму се почнува се. Кој да ти знае што е тајната на успехот. Тоа милиони книги има за се и сешто но секоја функционира индивидуално, не сме сите по ист калап створени, пак и не сите бракови се исти, пак кај некои партнери ќе видите дека партнерите вистински се трудат двајцата, кај некои ќе видите само жената, кај некои пак само мажот. Јас барем од сите врсти познавам, прашање е на што на крајот ќе налетам веројатно :)
     
    На Trendafilka, lolyta777 и nena2010 им се допаѓа ова.
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.813
    Пол:
    Женски
    Jaс би рекла кој како си ја наредил...или подобро која сопруга како се поставила...
    Ако сме се поставиле како робинки и слугинки така и ќе бидеме третирани...
    Ако сме ги научиле партнерите дека секогаш треба да биде зготвено, испрано, испеглано, чисто... што би се реколо ако секој ден сме заробени во секојдневните домашни обврски и не гуши самиот дом, тогаш нормално дека бракот би ни претставувал ропство...
    Ако се тресеме на секој негов повишен тон, ако не замолчува и не ни дозволува да си кажеме што ни тежи и лежи на срце и душа, ако е себичен и цел ден си го гледа само својот г*, ако наметнува обврски, ако само оди на работа а остатокот од денот е гостин во сопствената куќа, ако си шетка каде и кога ќе му текне, а жена му седи дома, чува деца и си ќути, ако е доминтен - тогаш тој е господар , а ние слугинки и робинки.....
    Се зависи какви сфаќања има сопругот, колку ја цени и вреднува својата сопруга и како и колку таа се изборила за својот статус во семејството.
     
    На stetoskop и Bubache им се допаѓа ова.
  4. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    35
    Jas licno se custvuvam kako rob vo brakot. MM e ok, dobar ama celo vreme go pominuva na rabota(takva mu e rabotata).
    Jas sekoj den na rabota (kade mi ja vadat dusata od rabota) do 16 casot, trci da zemes edno dete od skolo, drugo od gradinka.Pa da dojdes doma da im dades da jadat, izmies cinii, stavis rucek za utre, da go prosetas maloto nadovor, pa tusiranje,pak ranenje i uspivanje,. I tek posle treba da pustam masina, da ispeglam, razdignam rastureno i od sabajle do 6.30 koga ke stanam vo 23 casot jas nemozam pet minuti da sednam. Se custvuvam premoreno, iznervirano i neznam do koga ke izdrzam so ova tempo na zivot.
    Iskreno ima momenti koga zalam sto sum se omazila i rodila deca. Gi gledam moi koleski si setaat so platata, na kozmeticar,na manikir, na odmor vo Spanija a jas od tolkava plata nemozam da si kupam nisto za mene( ne ostanuvaat pari). So prav zbor se custvuvam rob. Iskreno nasmevakata od decata samo mi se nagrada i me teraat da izdrzam.
     
  5. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    172
    Хм Калина, тм воопшто не ти помага околу домашните обврски? Ете ако по цели денови е на работа, бар за викенди може да те смени, ти да се наспиеш, одмориш, отидеш на кафе со пријателки, педикир,маникир ...
    Мораш да си направиш добар муабет со тм. Вака ако продолжиш(бар по постов што приметувам), ќе пукнеш. Гледај се малку себе си. Не ја преземај цела одговорност на себе. Поделете си ги обврските.
    На тие деца им треба здрава мајка, а не мајка која е нервозна, уморна итн итн .

    Ние сеуште немаме деца, ама затоа имаме кучиња, мачиња, обврски колку ти душа сака. Си ги поделивме обврските по дома и на крајот од денот имаме време за нас, за пријатели.
    Кога заглавувам на работа или сум на терен, мм знае да подсреди по дома, да направи нешто за јадење(мајстор е за италијанска кујна), да пушти машина, е сега знам дека никад нема да ги пружи тие алишта ама битниот дел го направил. Во ниту еден случај не се поставив како таа која може се', која е махер за готвење, перење, чистење ... Секогаш барав помош од мм или пак сам се нудеше да ми помогне.
     
  6. ametist

    ametist Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2009
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    13
    СЕПАК ЖЕНАТА Е ТАА ОД КОЈА НАЈМОГУ ЗАВИСИ КАКО КЕ ИЗГЛЕДА ДОМОТ И ДЕЦАТА ПА И МАЖОТ.ТРЕБА ДА СЕ ПОДЕЛАТ ОБВРСКИТЕ НЕ ВЕЛАМ НЕ,АМА АКО ОД ДОМА МАЈКАТА АКО НЕ ПРЕНСЕ НА КЕРКАТА НЕКОЈА НАВИКА ВО ВРСКА СО ОДРЖУВАНЈЕ ХИГИЕНА,ГОТВЕЊЕ И СЛИЧНО ТОГАШ КАКО КЕ ЗНАЕМЕ НЕЛИ,КАКО ТОА СЕ ПРАВИ.ТРАДИЦИЈАТА МНОГУ ПАТИ СЕ ОСУДУВА НЕГАТИВНО А ЈАС МИСЛАМ ДЕКА ТАА НЕ ДРЖИ СЕПАК ДА БИДЕМЕ СВОИ ШТО СЕ ВИКА СО КОРЕН.ПОД ТРАДИЦИЈА НЕ ПОДРАЗБИРАМ ДА СЕ ТЕПА ЖЕНАТА И ЕКСПЛОАТИРА,ТУКУ ОДРЖУВАНЈЕ НА СЕМЕЈСТВОТО НА КУП,ДА НЕ СЕ ЗАПОСТАВУВААТ ДЕЦАТА РОДИТЕЛИТЕ ,ДА НЕ СЕ ОТУЃУВАМЕ ЕДНИ ОД ДРУГИ.НЕМА ЗИЈАН АКО ГИ ПОСЛУШАМЕ И ПОСТАРИТЕ ПОНЕКОГАШ,Е ДОБРО ДЕ РЕКЛА СВЕКРВАТА ОБЛЕЧИ МУ ЧОРАПЧИЊА НА ДЕТЕТО НА ПЛОЧКИ ПА ТОА Е ТРАДИЦИЈА ТОА И НЕЈЗИНАТА СВЕКРВА И ГО РЕКЛА ,И ТАКА Е.ЈАС ИМАМ МНОГУ КОНТАКТИ СО СТРАНЦИ И ГИ НАБЛУДУВАМ КАКО СЕ ОДНЕСУВААТ СО ДЕЦАТА.ЗНАЧИ ИМА И ОД НИВ ДА СЕ НАУЧИ НЕШТО АМА СЕПАК НИЕ ИМАЕ НЕШТО ПРЕКРАСНО ШТО ТИЕ ГО НЕМААТ ТОА Е КОРЕНОТ-ТРАДИЦИЈАТА.КАЈ НАС ДВЕ ДЕЧИЊА ВО ЕДНО СЕМЕЈСТВО ИМААТ ПО ДВЕ БАБИ И ДВАЈЦА ДЕДОВЦИ ,ЖИВЕЕМЕ БЛИСКУ ЕДНИ ДО ДРУГИ АКО И НЕ ФУКЦИОНИРААТ РАБОТИТЕ ПЕРФЕКТНО СЕПАК КОГА ИМАМЕ НЕКОЈА МАКА ПАК НЕКОЈ ОД ПОБЛИСКОТО УИ ПОДАЛЕЧНОТО СЕМЕЈСТВО КЕ НИ СЕ НАЈДЕ.НЕЗНАМ ДАЛИ МЕ РАЗБИРАТЕ СТО САКАМ ДА КАЖАМ -ДЕКА ЖЕНАТА Е ЕМАНЦИПИРАНА ТОА Е ФАКТ И ДЕКА ТОА НОСИ ПРОМЕНИ ВО ДОСЕГАШНОТО ЖИВЕЕНЈЕ АМА НЕ ТРЕБА ДА ЗАБЕГАМЕ ЗАШТО НИЕ ЖЕНИТЕ СМЕ МНОГУ СИЛНИ НЕКОГАШ И ПОСИЛНИ ОД МАЖИТЕ НО СЕПАК СМЕ ЖЕНИ.УЛОГАТА НИ Е ТАА СТОЛБ НА СЕМЕЈСТВОТО,МАЈКА И КЕРКА.СРЕКАТА НА НАШИТЕ ДЕЦА ЗАВИСИ ОД НАШЕТО ОДНЕСУВАЊЕ ЗНАЧИ НЕМОЖЕШ ДА ГИ ДИГНЕШ СИТЕ ЧЕТРИ У ВИС И ДА ЧЕКАШ НЕКОЈ ДРУГ ДА ТИ ЈА ЗАВРШИ РАБОТАТА(УСТВАРИ МОЖЕШ АКО ПЛАТИШ).ШТО ВИКА БАБА МИ ДА НЕ БЕШЕ СРАМОТА СИТЕ ЖЕНИ КЕ БЕА КУРВИ!!!
     
  7. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    2.553
    Допаѓања:
    140.405
    Е моја Калина и кај мене бесе нешто слично како кај тебе,се додека во едно такво „трчање“,не застанав и се замислив-до кога вака?Цел живот само трчање за се да се намири на време.ДОСТА БЕШЕ!!!!
    Трчам и сега ,да исчистам ,да зготвам,на работа,трчам по градски превоз итн.АМА НАУЧИВ И ДА ЗАСТАНАМ И ДА СЕ ПОГЛЕДНАМ ВО ОГЛЕДАЛО.
    Ако секој ден бРишам прашина утре пак ќе ја има(почнав секој 3 ден да усисувам и бришам),садови секој ден (отидов и купив машина за садови-15000 ден,кога ја донесоа од продавница тогаш дозна мм)
    Почнав да станувам цел 1,5 часа порано наутро -ТОА Е МОЕ ВРЕМЕ ,МОИ 1,5ЧАСА(за кафе пиење натенане,шминкање,дотерување за на работа)
    Секој ден преку работна недела моите дома имаат зготвено јадење ,ама се прават ручеци кои не одземаат многу време и стоење до шпорет.За викенд е друго,можам да си дозволам да зготвам нешто што бара повеќе време.
    Немој да се секираш и нервираш,самата ќе се освестиш еден ден и ќе си ги организираш обврските така што и ТИ ДА МОЖЕШ ДА ИМАШ ВРЕМЕ ЗА СЕБЕ.Децата ќе си пораснат,ние си старееме ,а животот е еден.
    А мм?Не го окривувам има турбо работно време,таква му е работата по струка,и многу многу не се покажува околу домашните обврски.Па да ти кажам право понекогаш подобро јас да завршам некоја работа отколку тој да се „мачи“5 пати подолго со работата.
    Колешките????Остави ги,тоа што го гледаш можеби е само за пред народ,како им е навистина по дома само тие си знаат.
    Секое добро и поздрав.
     
  8. machorka

    machorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    55

    Не се согласувам со тебе.Прво,ако свекрвата рече облечи му чорапчиња на детето, тоа воопшто не е никаква традиција.Второ,само затоа што нешто било традиција некогаш,воопшто не значи дека истото е прифатливо и исправно.Нема никаква логика, и мажот и жената да работат по 8 часа, и кога ќе се вратат мажот да седне пред ТВ, а жената да прави ручек, да поставува маса,па да раскрева маса , па да мие садови,да се занимава со децата,да пере,пегла,чисти и милијарда други обврски.Според тебе,срамота е жената да чека некој друг да ги заврши овие обврски(кои,патем не се нејзини,туку ЗАЕДНИЧКИ) а не е срамота здрав, прав маж да дреме додека жена му рмба низ дома?Па тогаш не знам зашто жените би стапувале воопшто во брак?Мислам, оваа тема е дискутирана и преџвакана толку мн пати,што просто не верувам дека сеуште постојат жени што веруваат дека нивната света должност во животот е да му бидат слугинки на неговото Височество-МАЖОТ. А болдираната реченица,извини, ама е врв на малограѓанштината :x.Не знам за другите жени, ама јас не сум курва затоа што се ценам и почитувам себеси и имам некакви критериуми при изборот на партнер, а не затоа што е срамота и зашто ќе ме оговараат комшиките.
     
    На CameliaMiller, De-lovely, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    566
    Епа од тука и произлегува дека бракот е ропство. Се додека се вели дека жената треба да прави се, тој е ропство. Јас сметам дека семејството го градат двајцата. Она што некогаш било не е повеќе, оние жени што некогаш одржавале семејства не се повеќе истите. Порано жените не оделе на работа- е тогаш би било стамота доколку мажот работи, дома да не е средено чисто, ако жената е дома, а доколку работи и таа, срамота е мажот се да чека на неа.
    Баба ми не работела, па сепак дедо ми и помагал по дома. Иако ете било во далечно минато. Значи, какви традиции, какви правила???? Па ако постои љубов ќе гледате да имате повеќе време за да го поминете заедно, ете ако не ништо друго, гледајќи телевизија.
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.315
    Всушност не е бракот, туку се обврските што животот си ги има. И мома кај мама треба да си ги знае обрските, исто како и жена со маж. И во брак и во било која заедница, најдобро е кога сите заедно се трудат да функционираат рамноправно, а тие што се чуствуваат експлоатирани да не траат и трпат. За се има решение.

    Еве и јас и маж ми имаме долго работно време, фактички по цел ден, нема на смени. Моето работно време е пократко од времето на маж ми и преку неделата јас готвам вечера, па кој стигне мие садови, а за се друго(перење, пеглање, чистење) веќе некоја година плаќам друга жена. Дојде еднаш неделно и кога јас се вратам од работа не можам куќата да си познаам :D За викенд маж ми готви или излеземе некаде на вечера, сами, со друштво, натам навам, хоби, пикник во природа. Ми имаат речено неколку другарки дека е луксуз да плаќаш друг да чисти. За мене тоа не е луксуз ни најмалку, јас го гледам како потреба. Додека овие другарки чистат за викенд, јас се лакирам, се излежувам, одам на пливање, фактички што ми текне тоа правам, понеделник дојде ли јас се чувствувам одморено.

    Бракот може да биде ропство и за жената и за мажот ако сами тоа го дозволат да им се случи така да се чуствуваат, и сами се криви ако остават така да се чуствуваат.
     
    На LadyN, girl1985 и Sun.shine им се допаѓа ова.
  11. ametist

    ametist Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2009
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    13
    za macorka-prvo jas vopsto nigde ne rekov deka jas se doma pravam i ako ubavo go procita napisanoto ke zaklucese deka ne go podrzuvam toj odnos na zaena sluginka i maz zapovednik.jas zboruvav za toa deka ima nesto sto e vredno i pametno od starite sto moze da se nauci .mojot maz navistina mnogu raboti i e vnimatelnen i dobar covek dobar tatko e a sto e najvazno dobar prijatel mi e i podrska vo zivotot,se uste se sakame posle 15 godini zaedno.mene mi petstavuva licno zadovolstvo da ne go optovaruvcam dodatno navecer da mi pomaga koga jas mozam sama i ne mi e tesko, a ako mi e tesko bez problem i bebinja banjal i deca cuval i cistel.sakam da mi e ubavo doma ,sakam da zgotvam,sto neznaci deka ne se neguvam deka ne izleguvam i plus rabotam,znaci prasanje e na izbor.

    za corapcinjata -i za niv i za mnogu drugi raboti sum ja poslusala svekrvami (so koja nikogas ne sum ziveela) i sekogas bilo na mesto.
    site narodni pogovorki spored tebe se malograganstina -a sustinata na taa pogovorka ne e bukvalna tuku e prenosna i znaci deka treba da ima nekoi ogranicuvanja i normi spored koi treba da ziveeme eden normalen zivot,zasto znaeme deka site preteruvanja imaat negativni posledici,duri i primer ke ti dadam banalen-kakvi deca izrasnuvaat koga vo domot e konstanten haos ,koga decata se na brza hrana ,koga majkata ne nikoas doma?nesrekni i isfrustrirani licnosti.zar na site ne bilo preku glava od cistenje i gotvenje i zosto go pravime toa i ponatamu zaradi konforot i mirot na nasite deca i na sebe si.

    [mod-kirilica:11b73vhr][/mod-kirilica:11b73vhr]
     
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.516
    Допаѓања:
    72.705
    Пол:
    Женски
    Се наоѓам многу во ова.Пред 6 години мм си беше така олабавен,му се случуваше да не отиде на работа зашто претходната ноќ се запил,цел ден да го преспие без гајле.Јас трчај на работа ,дома,децата ситни постојано болникави.Да не беше мајка ми не знам како ке ги израснев.Едноставно со него не вреди да се разговара за поделба на работата.Еднаш бев ноќна смена (тие што работат ноќе знаат колку е тешко),го замолив да испече компири...и... го фрлив тавчето зашто ги беше јагленисал,по дома ако се нафати нешто да помогне ,ако е на пример варосување (и тоа по 300 молења и убедувања)само тоа и го прави. ептен ако не можам да изнесам нешто тогаш ќе потфати .Едноставно таков е а што е и најстрашно и децата гледаат од негоИ ДА СЕ ЧУВСТВУВАМ КАКО РОБИНКА,него не можам да го променам а сум се обидела ,сега веќе дигнав раце.Постојано садови ручеци,расфрлани алишта.Е сега не работам ама тој си ја сфати барем работата сериозно па викам фала му на бога и на толку.И кога одев на работа слушав од колешките нивните мажи направиле ова или она ги чуваат децата .Тие на попладневни кафиња ,шетање,шопинзи..Им завидував искрено!!

    Никогаш тој нема да се промени ,ама јас се променив,значи готвам редовно зашто ако нема ручек ќе биде пекол.а другото кога стигнам и кога сум расположена..и не му ги слушам прекорувањата,некогаш знам да избувнам ,најчесто премолчувам..и ете поминуваат годините,,,

    И да ова е мое искуство не значи дека и другите исто мислат :)
     
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.126
    Допаѓања:
    4.895
    сметам дека бракот не претставува ропство за жената. Пред се не сме робови туку сме луѓе од крв и месо. Во една нормална брачна заедница мажот и жената треба да имаат скоро исти права и разбирања за потребите. Неможе едниот да лежи другиот да работи работите треба да се одвиваат со заеднички вложување на труд и напор за да се оствари целта.
     
  14. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.752
    Калина, еден предлог? Некој ден замо ја мајка ти или свекрвати, или сестра некоја личост што имаш доверба да ти ги зема децата од школо или некогаш да ги почува, па ти земи некои 2-3 саата на козметичар, купи си нешто ситница за тебе. Инаку до кога ќе издржиш? Ах таа сила мајчина, сега сфаќам мајка ми кога ми збореше
     
  15. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.160
    Пол:
    Женски
    Бракот ќе биде онаков каков што жената ќе успее да го води... дали ќе биде богиња или робиња зависи од неа, нејзините способности и нејзиниот избор. :)
     
    На lolyta777 и NoellePage им се допаѓа ова.
  16. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.752
    Не би можела повеќе да се согласам, аверувајте ми, кога со маж ми бевме верени, идниот свекор ми рече дека пред да стапам во бракот од него имам еден совет-Од жената се зависи. Треба да имас трпеливост, добро да го познаваш и да му ги знаеш слабите точки. Ако играш тактично ќе ти јаде од рака и светот ќе е твој.
    Не ни се надевав дека ова ќе го слушнам од него, особено кога станува збор за неговиот син. Но сфатив дека премногу не’ сака и ни мисли најдобро. Не слушајте гаталец, туку патилец не рекле за ништо.
     
    На snezan4e, lolyta777 и ozbilnazena им се допаѓа ова.
  17. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.813
    Пол:
    Женски
    Се согласувам...се зависи од жената колку ќе успее да се избори за својот статус во семејството.

    Нашите сопрузи цел живот биле мамини синчиња...мама ги пере, мама им готви, мама ги пегла и тако даље и тако даље...нормално и логично им е тоа да продолжи и откако ќе се оженат, со тоа што мамичката ќе си ја заменат со женичката. :lol:
    Само едно забораваат- ние не сме им мајки :!: ...и ние сме нечии деца, и нас некој ни перел, готвел, пеглал...Сега тие па и ние не сме веќе нечии деца, туку сме родители на некое (нашето) дете...затоа и треба да престанеме да бидеме деца. Понекогаш (ако не и секогаш :?: ) треба јасно и гласно да им се каже и покаже за да увидат дека нема да бидат тинтрани и нема да им се слугува и дека секое нивно легачење, иживљавање и тормозење (во смисла секој ден ручек, секогаш испеглано токму она што го сака, понашање како да е гостин во својата куќа и само издава заповеди како оние најбаналните-донеси ми вода, подај ми го даљинското, стани јави се или отвори врата.....) ќе биде "наградено" со негодување, вртење очи па и револт.

    Животот е борба за опстанок, посилните успеваат, доминираат, владеат и газат, а послабите се згазени...Истото важи и во бракот-треба да знаеш и умееш да војуваш, да се бориш за себе, за својата позиција,за својата почит.
    Треба да научиш да бидеш политачар, дипломат и тактичар...ама ќе нагласам железото се кова дури е жешко :!: Уште на почеток отворени карти и цврст став. :muscle:
    Се` зависи како жената ќе постави...веќе еднаш имам пишано- ако дозволиме да бидеме слугинки, така и ќе бидеме третирани...а тие ќе си бидат нашите господари.


    Едит-сега се препрочитав, колку феминистички звучи постов...како маживе да ни се непријатели бе :rofl: ама така е...мора да се бориме за себе :!:
     
    На Anely, ozbilnazena, joelle и 2 други им се допаѓа ова.
  18. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.160
    Пол:
    Женски
    NoellePage , свекорот ти бил мудар човек :) и јас имав еден таков но за жал не е меѓу живите.
    И да се е до слабата точка :D ;)

    lolyta777, не ни се непријатели бе :D пријатели ни се :D но пријателот мора правилно да го насочиш за низ живот да го водиш :D ;)
     
    На snezan4e и lolyta777 им се допаѓа ова.
  19. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.752
    Можеби малку офф топик се извинувам, ама како да излезе на крај со некои кои мн вешто ги искористуваат тие слаби точки за себична нивна корист? Нормално треба ако користиш да е само со една цел-за семејна хармонија и се додека на никого не ми штети. Што со манипулантите-манипулантките? Што кога они се праат бољи од вас, а всушност се тотално безкорпулозни?
     
  20. antica20

    antica20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    27
    Па мислам дека бракот може да биде во некој случајеви ропство ама и не мора да биде се је како ке си ја наредиш работата :)