Дали бракот претставува ропство за жената?

Дискусија во 'Брак' започната од Boyfromtown, 28 март 2010.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    14.614
    Допаѓања:
    81.305
    Пол:
    Женски
    јасна имаат право другите девојки што напишале , па ти не си животно да те тепа. или седнете разговарајте заедно или разделете се. не му верувај никогаш на зборовите извини , нема повеке да те удрам! ако еднаш почне цело време потоа ке те удира. сигурна сум дека ниту ти не сакаш ова да го трпиш до крај на животот , а ниту сакаш децата да го гледаат ова и да слушаат расправии стави се на нивното место барем.. секако дека трчањето по судови за развод не е лесно ама треба ова да заврши еден ден. поздрав и со среќа
     
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.324
    Јасна утехата што ја бараш очајно, тука нема да ја добиеш, па макар сите тука тешили те до догодин. Извини многу ама малку и ќе те карам. Мораш да најдеш сила и да ставиш крај на ова што ви се случува. Јас не можам да те сожалувам, од една страна од лични причини, ама и од реалната страна ти си возрасна жена и имаш секакво право да одлучуваш за себе, дали ќе дозволиш некој да те тепа или гали. Но како родител си должна да одлучиш во полза за најдоброто за децата. Децата ви ги сожалувам. Верувај што и другите ти кажаа, тие дечиња никогаш нема да ви простат за траумите што им ги нанесувате. Гледаш ли јас наместо да те тешам и сожалувам како ти зборувам, а не те ни знам која си? Ако се сакате двајцата ОК, ако не се сакате пак ОК, тепајте се, ваше право, ама не сте само вие двајцата и кога веќе сте створиле семејство должни сте како родители да си ги исполните обврските како што е ред! :!:
     
  3. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    232
    ...потребно е да оди на психијатар..не му дозволувај да те повредува...нема никакво право..ако не престане нема смисла тој живот...да си моја сестра или ќерка и да знам дека те тепа..ќе биде многу лошо по него,несакам ни да помислам колку..но верувај ми ужас од лошо...прости ми но овие работи никогаш не неможев нормално да ги прифатам..
     
  4. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.755
    Ако како што наведе да се вратиш кај твоите те сперчува нивната финанскиска состојба, немап на страна ти нешто ставано за црни денови? Ако не почни си и што побргу бегај оттаму. Пријави го во полиција, некако снимај или сликај и на суд по развод со збрана за доближување
     
  5. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    391
    Ропство..Хм..Дискутабилен збор. Ако го сфатам буквално, тука подразбирам и како мажот ја држи жената дома затворена, не ја пушта никаде да оди, ја тепа и сл.
    Ако го сфатам метафорично, ги опфаќам сите оние обврски на жената кои порано можеби и не ги правела, па станува запуштена домаќинка, која од домашни и работни обврски нема време да си посвети на себеси.

    Јас и во двата случаи би се чувствувала како роб. Но, мислам дека со добар компромис може да се поделат домашните обврски помеѓу двата партнера, па 21ви век сме, не 16ти. Со тоа и едниот и другиот да имаат време да си посветат и на други работи. Ако е тоа така, т.е. ако се постигне таквиот баланс, врската не би ја сфаќала како ропство.
    А од друга страна пак, што можеш ако мажот ти се погоди некој конзервативец, на кој не му е јасно дека жената си сака еднаш месечно (ако може да си дозволи) сака да си посети салон за убавина, да си се поднови некое ново парче облека, да си оди на фризер, да купува шминки. Таквиот само ќе мрчи и тие пари за него ќе бидат залудно потрошени.

    Никаквата е. Решение- NO MARRIAGE=NO PROBLEMS. (?!)

    Им се восхитувам на жените кои се во брак, а ги гледам со мене на аеробик, вежбаат секој ден. Одржани, убави, им се гледа свежина на лицата. Слободоумни жени, паметни.
    За 20 години се гледам и јас како нив. :)
     
    На crazyinlove19 и karak им се допаѓа ова.
  6. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    183
    :x :x STETA !
     
  7. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.094
    во христијанството нема ропство секако со исклучоци (постоеле и ке постојат заостанати луѓе), работава е кој како ке си ја нареди на почеток така ке биде :)
     
  8. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    51
    vo nekoi zemji brakot e robstvo zenata sluzi samo za ragjanje deca,nema nikakvo pravo,mora da se grizi za mazot i za kukjata potocno taa mu e sluginka na mazot.kaj nas ne e taka(no postojat i isklucoci):( .brakot e obvrska i za mazot i za zenata,tie treba vzaemno da si pomagaat i podrzuvaat,zaedno da gi vospituvaat decata i da se grizat za nivniot dom :)
     
  9. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.388
    Ако жената го дозволи тоа тогаш да бракот ќе и претставува ропство.Се е до нас жените како ќе се поставиме и ќе си дозволиме,ако е со појак карактер тој,а таа сакај ки да му удоволи бидејки го сака тој тоа ке го искористи на негативен начин и бракот станува ропство за жената
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    98
    Ијас мислам дека таканаречениов човек пати од некоја болест :x
    распрашајсе ,советувај се со некој психијатар,објасни му го карактерот на ОВОЈ :devil:
    а дали одсекогаш е ваков?сигурно не се венчавте веднаш по запознавањето :x
     
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.740
    јасна, а дали си пробала да му го дотераш паметот на твојот сопруг-да најдеш некои двајца од твоето семејство така посилни и покрупни ,па да видиш дали ке има храброст да те допре

    а тоа што работиш кај него во фирмата, му дава уште поголема мок да те манупулира како сака
    и да ти кажам дека во твојот случај е подобро РАЗВОД отколку ваков мрак-не е ова брак, а како што си жртва на физичко насилство, може и повреди на главата и на мозокот да ти предизвика, па дури и Епилептичен напад :x
     
  12. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    75
    драга јасна...ужасната сум од ова што го читам.....за жал го имам слушано од повеќе жени....те сваќам дека го сакаш и дека немаш сили да го напуштиш но јас мислам дека најдоброто решение за тебе а и за тој МОЖЕБИ да се свести е да го напуштиш!најди си работа и напушти го заедно со децата! ти имаш за што да живееш и не заслужува никоја жена да живее покрај некој кретен!!!
    мене ме интересира...дали ова мажиштава глупави.....би го правела на друга жена(швалерка)....или неа ќе ја мазат ќе ја пазат и се ќе и купуваат?!.....ужасно!
    биди храбра, собери храброст....на крај и краева прочитав погоре...најди некој поснажни од твојата фам. и нека му го покажат кај му е местото па да видиме дали ќе се осуди пак да те чепне!!!!!
    не се разочарувај само размисли трезвено и свати дека со тек на време оваа љубов што ти ја чувствуваш.....ќе прерасни во омраза...
    искрено те поздравувам и стварно мој совет е што попрзо да го напуштиш...
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.284
    Пол:
    Женски
    Одговорот е не. Жените станаа еманципирани.
     
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.251
    За жал уште претставува. (Иако сега има многу мажи кои се во ропство).

    Таков ни е менталитетот, повеќето мажи си бараат слугинка, жена ради реда, деца ради реда...и секако дека жената е во ропство.
    Колку работи се за срамота или за осуда ако си во брак. Немој вака, немој така, мажена си..

    Ропство, ама легализирано..
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. TheKitty

    TheKitty Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Зависи како ќе се постави самата и штом влегла во брак сигурно знае дека не се живее од љубов. Затоа треба внимателно да се одбери човекот со кој планираме да бидеме во брак. Ако претходно знаела каков е тогаш и самата си го барала, а пак ако се закршнало нешто понатаму е тоа е друга работа.
     
  16. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    633
    Да не постоше свекрва ми додека мм е на раб немаше да ми беше робство,од мм немам таков проб да бидам роб...
     
  17. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.374
    Мене воопшто не ми представува ропство , си одам со другарки на кафе барем 1 неделно. Шетам сама со ќерками, често излегуваме секој втор ден или одиме кај пријатели или доаѓаат кај нас, шетаме сами низ град итн итн. Порано повеќе одевме без ќерками сега е она постојано со нас. Времето е супер навечер па не сакам себична да бидам и таа е по цел ден дома со мене. А ако излегуваме сами , излегуваме после 10 кога ќе ја успиеме малата.
     
  18. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    1.354
    Кој како ќе си ја нареди. :!:
    Ако некои мажи живеат сеуште во времето на дедо му и баба му,нормално дека ќе ја сметаат жената за роб кој мора постојано да чисти,готви и да служи.Никако да не смее да работи надвор од дома и да заработува.Мажот е глава на семејството,и тој треба да заработува.Жената-домаќинка(професионална).За секоја работа треба дозвола од мажот.Дали да излезе,што да облече,дали е премногу отворено... |(

    Се радувам што повеќето во денешно време размислуваат современо,и се далеку од сфаќањата погоре.
    Подобро нешто од рамноправност нема.Колку Тој,толку и Јас.
    Нормално дека секоја жена треба да си ги извршува домашните обврски и да се грижи за семејството.Но,и мажот треба да помага и некогаш да и ја олесни работата.
    Треба да се има слобода во некои работи,да нема ограничувања и услови.Да знаат да излезат и да се дружат.А не,се земале и сеа од дома да не искочат.Многу парови забораваат на тој живот,што искрено не ми се допаѓа.Нормално,можеби ништо нема да биде како порано,но можат барем во еден ден од неделата да си дозволат да излезат во кино,парк,кафич итн.

    Така барем јас го доживувам бракот,и се надевам еден ден ќе имам таков. :)
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.745
    СПОРЕД МЕНЕ НЕ !
    напртотив сега е модерно време па се знае дружењето излегувањаата и се др продолжува
     
  20. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    2.142
    Eve od kade pochnuvaat problemite na edna ZENA...nazalost.Zarem koga se skluchuva graganski brak,dali nie toa zenite avtomatski se potpishuvame deka celiot tovar go zakachuvame na nash grb???A dodeka na soprugot ulogata e kolku tolku da ni se najde "malku polesno"da ni go kachi tovarot na grbot(u pominuvanje ;) ) :geek: .Jas bi rekla ako treba da osnovame semejstvo,togash ke go OSNOVAME ZAEDNO,inaku poinaku nema.
    Kaj nas sve e timski,taka ushte na samiot start se postavivme i dvajcata i toa e toa.Taka funkcionirame godini,godini nanazad vo brak.Samo ramnopravnost e majkata :emo: za "normalen" brak.
     
    На Asparagus му/ѝ се допаѓа ова.