За мажот е повеќе ропство бре жени Каде си кренал? Казанчето капе два дена и од кожа ме вади, ти на шетање со другарите, епа, гајле ти е, не си се свртел дома за да го слушаш. Не си ти ергенин како Рајко и Петко, на што личиш без жена ти да излезеш? Само он работил, јас што чистам по цел ден не се важи. Што си легнал пред телевизор, само ти си изморен, ти деца имаш ли, дај изнеси ги на сонце да исчистам на мира. Тебе што ти се пријадело, нема, туку јас што ќе направам тоа ќе јадеш. Каква утакмица, да бе па уште и другари ќе дојделе заедно да гледале, нема нивните жени да дојдат да принесуваат и да чистат по вас, јави им се и кажи им си заборавил дека имаме друго планирано. Мајка ти мхѕтффдеерггх мајка ти мјугффдрггггх мајка ти мбггдфѕу не се прави глув, мајка ти мјѕѕггфдрѕ ааа не ја брани, а знаеш ли мајка ти мгфвдрг ама се викав ај да не ти кажам. Цела недела после мајка ти кавга....не бе уште ти се лутам, не ме закачај, иди мајка ти ја прашај да ти даде
https://www.youtube.com/watch?v=IUU0JfERYts Ако бракот некому претставува ропство, веројатно you are doing it wrong Би се зачудиле што се жената може да измисли или направи само за да ги одбегне домашните обврски, ама и задоволството кое може да го најде правејќи работи за себе и за другиот до себе. Ако некој некогаш се почувствува како во затворен круг, веројатно има недостиг на комуникација и разбирање во бракот.
Дали бракот претставува ропство за жената? Зависи од жената како ке се постави! Мислам дека секоја жена со задоволство би зготвила за да каже домакине ти се допаѓа? Но ако нема хармонија во бракот има константно кавги,несредени работи,недовршени зборови и те како е ропство но не само за жената туку и за мажот Инаку Имелда многу убаво напиша поголемо ропство чуствува мажот отколку жената и ако добро се размисли она потполно е во право Имелда
Ако има заеднички јазик и компромис не е ропство ни за едниот за се има време да најде човек,ако се организира добро може и куќата да ја среди,и жената да си излезе со другарки и мажот со друштво,да не испадне како да се само заедно и да си здосадат па да се караат,ова ретко кој го практикува во денешно време кај нас,кај нас не го бива,одма комшиите ќе оговараат кај одиш сама,или мамичка и татичко негови
зависи со каков човек си во брак,лично за мене не е ама поради големите обврски некогас се осекам како роб
Ако почне да претставува ропство, толку и ќе биде од бракот. Значи во принцип не станува збор тука за никакво ропство освен ако некој тоа сам дозволи тоа да му се случи.
I jas moram da te citiram.Pogotovo se soglasuvam so ona okolu 'majka ti'.Kako si go dolovila alal da ti e. Ama deka toa gi stava mazite vo ropstvo ne se soglasuvam. Zaroben moze da bide i mazot i zenata dokolku vlezat vo vakva institucija nespremni.Nema da recam dokolku se nezadovolni se pak kako vo ropstvo oti nasitno i zadovolno oko...tesko. Ropstvoto ili sami si go stvarame ili sami go dozvoluvame.Oti neli polesen e patot ako se otkazeme otkolku da se borime. More robinka samo vo krevet moze da bidam cat pat.A isto i toj.
Бракот не е ропство, во никој случај. И двајцата сме вработени, па со договор успеваме да им се посветиме на децата, да средиме низ куќа, да зготвиме, да прошетаме, ...Љубов и договор и нема да има проблеми
Исто и јас не гледам на бракот како ропство и не се чувствувам така,барем за овој краток временски период одкако сум мажена.Одиме на работа и двајцата,излегуваме со друштвото кога сме во можност,имам повеќе обврски него претходно но тоа е нормално.Ако се сака да се излези има време за се.
Definitino seuste ima zeni koi vo brakot se robinki i potrckovci. Moeto mislenje e deka obvrskite maski i zenski se jasni i nekako sami po sebe si doagjaat. Zenata ne e robinka ako cisti po doma ili ako napravi rucek , no za da ne se pocustvuva kako takva najmnogu od se zavisi kako e mazot vospitan i koi se negovite sfakjanja i kako gleda na zenata. Dali razmisluva deka zenata gotvi, cisti i se grizi za semejstvoto OD LJUBOV kon niv ili zatoa sto e zena i TAKA MORA?! Ne sum mazena, no razmisluvam kako bi bilo koga bi bila i me fakja strav. Na primer na decko mi majka mu ne mu dozvoluva toj da si ja raskrene masata otkako toj samiot ke jade. Bidejki toa bilo rabota za zenski. Ednas decko mi jadese i otkako se najade pocna da si ja raskreva masata i taa se svrte kon nego i so povisen ton mu se obrati "Ostavi ja masata !! Od zeni pokraj tebe , ti ke raskrevas!!" Morav ova da go spodelam so vas..
И не само бракот луѓе, туку и љубовта се сфаќа ко ропство, а тоа е толку тажно. Општо, не верувам во никаква институција која би ја попречила мојата слобода во изборот да бидам што сакам, да бидам она што сум. И оваа сфаќање на бракот како крај на светот и оние детиштата што се водат со паролата дека ќе се глупират додека се млади и потоа ќе се фрлат во пасивност ми е ептен простачко. Океј, разбирам израснати во патријахални семејства па сметаат дека по брак веќе не се ни рачунаат ко луѓе па ќе престанат да работат на себе и да се креираат. Секако дека е работа на избор, уште полошо од некој да те ограничува е самиот да не мрднеш со прст и да се укотвиш во комфорната зона. Е, оние првите од мојата генерација кои менуваа дечковци и се лапаа со секој втор денес никаде ги нема и љубоморно си се кријат со своите љубови и тука некаде нивното завршило. Ќе се најдат и некои кои демек треба да те потсетат на заклученоста. Неќна излегов со еден кој ми е другар од средно на вечера и се најде еден од познаниците да ме праша: а кај е дечко ти, хехе... он ќе водил сметка за нас. Или па она, седнувате во паровите и машко во машко, женско во женско друштво, поделени како во католички школи и никако не се прави муабет мешено.
Железото се кова додека е жешко...тие работи се решаваат пред да се влезе во брак а после тоа џабе е се. Мене лично животот во брак не ми претставува ропство, всуштност бракот не менува ништо само обичен лист хартија, не би требало да ве промени ни вас, ни вашиот однос, ни вашата љубов. Обврските кај нас дома се делат 50-50, значи нема машки-женски обврски, тоа беше разјаснето уште на почетокот и така си е до ден денес, жената не треба да биде слугинка дома а мажот да се понаша како да е во хотел. Значи на мојот нетреба јас да му кажам за да направи нешто, самиот си е педантен, никогаш кога сум доаѓала од работа не сум наоѓала хаос дома, секогаш било исмукано, изџогирано и прашина избришана, често пати и ручек имало ако не е и тој на работа сабајлето. Сега во моментов не работам ама пак не остава се на мене да биде, иако се утепува од работа кога ќе дојде дома пак помага, не дозволува да дишам хемикалии од средства за чистење во бременоста. Зимаме двајцата средуваме пиц пец и после тоа цел ден си е за нас Друго... не сме тип на луѓе кои што мажот скита а жената седи дома...имаме голем круг на пријатели и често скитаме негде, никогаш не ми забранувал да искочам со другарки ниту пак јас на него, си носам кратко како и секоја друга млада девојка не е болно љубоморен како што има мажи, дури и да му кажам дека сакам да одам на нудистичка плажа нема да ми каже неможе Немаме затупени застарени сфаќања и во мојот случај бракот не е ропство за ниеден од нас.... АМА...да, постојат за жал сеуште такви бракови во Македонија каде што жената е буквално роб, имам другарки кои завршиле така, и сега касно им е за да го сменат човекот кога веќе си го навикнале дај ми ова-на ти, дај ми она-на ти. Ама јас кога зборев пред свадбата ОТВОРИ ОЧИ тие слепци, е сега во право сум била епа сега ќути си и трпи си кога си смотана.
Да бракот е „ропство“ е. Не се работи за излегување, комуникација или топлес сунчање. Јас одма и сама на одмор, имам пријатели кој маж ми не ги ни знае што се вика, бракот е супер, љубов, секс на ниво. Сепак се чувствувам ко во затвор. Мислам дека зборот ропство не треба буквало да го сфаќате во постов. Особено со дете влегуваш во еден бубањ од кој што тешко да излезеш. Од работа, дома, среди, ручек, дете, прошетка легни си. Во случај да не одам дома веднаш после работа, тогаш ко ке се вратам обврските се натрупале дупло, тродупло...не седнувам по цел ден и во 10 сум утепана од умор, искрено немам сила да се избањам. исто така ми е смешно што си ги величите мажињата толку затоа што сите знаеме дека совршен маж нема исто ко што нема ни совршена жена. На крајот се се сведува на состојбата на умот како ги восприема овие секојдневни обврски дали како „ропство“ или како секојдневие. А дека не сте во горепоменатиот бубањ и мртви од умор не ви верувам.
Сосема си во право....и јас мислев ете дозволено ми е се не сум заробена ама сум билаво смисла ако денес не си ги завршам обврските и заминам на прошетка,на кафе и слично,следниот ден неможам да достигнам се да средам во домот.Самите обврски во бракот не заробуваат дома.
^^ Па тие секојдневни обврски ќе ги имате и да не сте мажени. Тоа е нормално кога сме возрасни. Сама да живеам па уште повеќе обврски ќе имам затоа што немам со кој да ги поделам. Еден дом, една куќа или стан си бара секојдневна "жртва" и постојано одржување па сакале вие бидете мажени или не. Тоа нема никаква врска со бракот, има врска со зрелоста, возраста, независноста, си доаѓа со текот на годините. Не може цел живот родителите да одат по нас. Нормално дека треба да исчистам, средам, исперам, избришам прашина, направам ручек. Тоа како и да е мора да се прави, небитно дали сум во брак или не, ако сум во брак само ќе биде полесно зашто обврските се делат на пола. Тоа воопшто не го гледам како ропство. Ропство може да предизвика ограничување на слободата, претерана љубомора, психичко или физичко малтретирање. Ама затоа се' тоа на време се гледа и се средува, за после во брак да не биде surprise.
Бракот не е ропство за никој, доколку има меѓусебен компромис и разбирање. Домот и секојдневните обврски се дел од активностите на секоја возрасна жена, без оглед на нејзиниот статус (мажена / немажена). Во одреден период од животот секоја треба да биде самостојна и зрела и одговорно да ги преземе работите во свои раце. Обврските се бројни и бараат добра организација за да се подредат и завршат навреме за да се одделат слободни минути за себе. Но, ништо не е тешко и невозможно кога се има волја да се средат работите на свое место, а интересот е уште поголем кога станува збор за уредување и одржување на хигиената во домот кој е заеднички простор за живеење со партнерот. Никој не е создаден за да биде сам. Секако дека таквиот живот има и предности и недостатоци, но вторите се помалубројни кога ќе искусиме дека се е поубаво во пар.
Куќата не е зандана па бракот да е ропство За мене не е ропство. Ако имаш разбирање со партнерот, тогаш бракот е бајка.
Прочитав горе дека сте утепани од замор и искрено мислам дека треба да се радувате на тоа, затоа што заморот ви е најдобриот психијатар. Вечна љубов нема, бар јас не верувам во таква, а кога после години и години заедно,после заситената потреба и избледената љубов кон партнерот, за миг ќе застанете,кога ќе го симнете заморот од грбот и ќе имате време малце да подразмислите, мислам дека ќе ве фати паника. И баш како што прочитав погоре се е состојба на умот, колку подобро ќе може да се лажете дека ви е убаво, толку поубаво ќе ви биде Викаат само гулабите се моногами, мислите дека човек може да биде среќен туку така, не зборам за неверства или секс, зборам чисто за љубов, ќе се појави можеби некоја личност која ќе ве раздрма од внатре и сето тоа себеубедување што сте го потрошиле до тогаш ќе ви падне во вода, а на човекот малку му треба за да му се разбуди апетитот да се почувствува повторно жив, а кога ќе му се разбуди апетитот му се разбудува и лакомоста. Не, не сум во брак и веројатно далеку сум од тоа, не зборам вака за бракот зошто сум искусил, ниту пак зошто сум песимиста, зборам зошто сум видел и анализирал, зошто ги знам луѓето, не бракот. Зошто нема перманентна состојба во која човекот ужива, ќе речете може да си го направите бракот поинтересен, од вас зависи, да, но запамтете, моментите ги прават личностите, не местата и настаните, а без љубов.............................. И да, сметам дека да живеете со една личност во брак 20 години и да можете да го вратите времето и да почнете пак од почеток, само овој пат без никакви официјалности и склучени бракови, тој заеднички живот ќе ви биде многу подобар, луѓето сакаат да ја чувствуваат слободата, без разлика дали ќе ја искористат или не.