1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали бракот претставува ропство за жената?

Дискусија во 'Брак' започната од Boyfromtown, 28 март 2010.

  1. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    28.562
    Грубо ми звучи ,,робство,, а од друга страна пак делумно е така. Ве читам повеќето се изјасниле дека се е ствар на договор помеѓу мажот и жената и со правилна распределба на обврските никој не би се осеќал роб. Ама... ај малце пореално... се знае кој готви (жената), кој пере (жената), кој пегла (жената), кој чисти (жената), кој има поголема одговорност околу децата особено кога се мали (жената), кој печали (мажот и пак жената). Има исклучоци, но во повќето случаи жената е главен и одговорен уредник за опстанокот и организацијата на семејството.
    Нема да зборам од перспектива на другите жени, ама за мене си знам многу убаво дека после потписот и стварањето на наш дом и семејство и те како животчето ми се промени. Не се жалам, само кажувам како е.
    Промените се наметнаа сами, не дека не знам да се организирам или ми е забрането излегување, трошење пари или посветување внимание на себе, едноставно се нема време,пари и можности за се.
    Не сум роб но:
    -јас сум таа која го одржува домот чист
    -јас сум главен шеф у кујна
    -јас сум таа која нема време за фризер и козметичар
    - јас сум таа која не памети кога последен пат испила кафе со другарки на раат
    -јас сум таа која заштедата ја троши за убавите патики од детскиот излог
    -јас сум таа чиј сон е скратен за неколку часа

    Кај нас е можеби така затоа што мм има подолго работно време, а и кутриот е тапа за кујна и чистење (или така му се може). Исто влијае и тоа што детето ни е уште мало, претпоставувам полесно ќе е кога ќе порасне (или се лажам?) Ама па после второ дете, и кога ќе сумираш сфаќаш дека не си роб ама многу работи забораваш и немаш време да ги правиш.
    Многуте обврски натоварени на плеќите тежат, особено ако претходно воопшто не си носел никаков товар.
    Ама пак смислата е таа, да створиш дом и поколение, на истите да им се радуваш и да се навикнеш на промените тешејкисе дека сите така живеат.
     
    На Onyx, girl-miri, MargaritaD^2 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    И јас мислам дека малку е прегруб зборот Ропство, ама знаеме на што поточно се мисли.

    Оној „договор“ кој сите го кажувате меѓу мажот и жената и не е секогаш изводлив. На пример, јас не работам моментално и се грижам за домот и за детето. Маж ми е тој кој работи и заработува за цела фамилија. Често е отсутен од дома (најчесто во странство) баш поради таа причина. Така што домашните обрски не можеме да си ги делиме.
    Исто така животот во заедница со дете/деца и без нив не е воопшто ист. Кога немавме дете беше многу полесно и да си поделиме обврски, дури и да си земеме „слободен ден“ од нив. Повеќе време поминувавме заедно надвор од дома, јас скоро секаде одев со него. Сега со дете гледам поинаку на условите и не секогаш можеме да одиме, па често остануваме дома. Обврските се поинакви, зголемени. Порано знаев и да не направам ручек за нас двајца, сега детето мора да има најмалку три оброци на ден. Не е дека не првам и тука исклучоци ама мора да се минимални. Детето бара посебни услови колку и да сакаме да го прилагодиме на нашиот начин на живот.

    Да, јас чувствувам некаков вид на „ропство“, или подобро кажано ограниченост на слободата поради тоа што никој не ми помага околу моите обврски. Можеби да имав помош од мајка, свекрва, тетка, стрина и немаше да чувствувам толкава ограниченост, но јас буквално секоја минута ја поминувам со детето мое. Заедно сме цело време: дома, на шетање, на пазарување, на лекар...
    па дури и на гинеколог луѓе мои :tmi:

    И не само физички. Се чувствувам и психички „заробена“ понекогаш. Значи дури и кога маж ми го чува малиот, за да завршам јас некоја друга работа на раат, дури и тогаш мислам на него цело време. Откако е роден мислите ми се цело време во детето, па како што една мајка еднаш кажа на форумов, мислам дека почнувам да отупавувам веќе. (facepalm)

    Како и да е, моето семејство ми е најважно во животот и не би го менувала ниту за најголемата слобода на целиот свет. Мислам дека нема послатка и поубава мака во животот од сопствените деца.
     
    Последна измена: 27 септември 2015
    На Abrakadabra, Sky-butterfly, leona83 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.129
    Допаѓања:
    221.351
    Пол:
    Женски
    Убавината на бракот е токму во спокојот и мирот на две индивидуи, чуството на слобода, разбирање, заштита, подршка и хармонија се лицетворие на еден брак, ако еден човек напротив се чуствува заробено и не ги доживува горенаведените поими пиши пропало.
     
    На Tanjamm, girl-miri, Glasna и 9 други им се допаѓа ова.
  4. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Voopsto ne msm deka e ropstvo,brakot e ubava rab za dvajca sto se sakaat.Ako bese ropstvo site ke ostanevme stari momi i ergeni pozz
     
    На Outlook и p.anka им се допаѓа ова.
  5. real-man

    real-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2015
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    440
    Пол:
    Машки
    i be se nadovrzal na Vitamina, mozes da go napravis more od zadovolstva kako vo spalnata taka i vo kujnata.., a da ne zboram kolku e biten i momentot sto dvajca ve pravi posilni na finasiski plan vo vie teski vreminja;)
     
    На artemidis му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    Apsolutno netocno !!!
     
  7. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Според мене, единствен начин на кој бракот е ропство на жената во наша околина е поради домашните обврски.
    Мажите се воспитани така овде балкански, се на жената да се чека.
    Иако често и мажот и жената работат исто работно време од 8 саати, кога ќе се дојди дома сите останати обврски се на грб на жената.
    Во Европските земји е нормално поинаку. Обврските домашни се делат помеѓу брачните партнери.
    АКо му треба само на жената 5 саати да исчисти, измети, испери, направи јадење, на двата заедно ќе му се потребни 2 саати. И после затоа ќе се има време и за шетање и за забава и за секс и за се останато.
    Мислам зошто би било тешко или понижувачки или не знам си што ако додека жената прави јадење, мажот измети? Сепак е заедничка куќа заеднички дом заеднично семејство. Треба секој подеднакво да се залага.
    Доколку живеам сама сето тоа нормално ќе биде на мој товар, но вака е поинаку.

    А на други начини ропство може да биде ако има насилство скраја било, љубомори и забранување итн.. Такви работи кои не треба воопшто да се толерираат.
    Или доколку жената се кае што се омажила па се чувствува заробена... Али тоа се други теми.
     
    На mal.ecka, stefanija70, Aerial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.129
    Допаѓања:
    221.351
    Пол:
    Женски
    Сандре а зошто мислиш дека Европските мажи се нешто погоре од Балканските?
    Во пракса не е така.
    Секој човек е приказна за себе па каде год и да се наоѓа низ светот, поентата е во домашното воспитување и самиот карактер на една индивидуа, ако истото недостасува каде и да одиш е слично.
    Дал си нашла Европеец дал Балканец ако нема во главата пиши пропало.
     
    На eloves и Daydream им се допаѓа ова.
  9. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.471
    Пол:
    Женски
    Така е, секаде има нијанси, ама сепак сите гледаме генерално. Исклучоците не ја прават големата слика, туку мнозинството. Знаеме сите Балканциве како се воспитувани и колку исклучоци има. Тоа е факт. И долго време треба да помине за сето тоа да се искорени.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.129
    Допаѓања:
    221.351
    Пол:
    Женски
    Верувај дека можеби кај европејците преовладува нијанса плус но не се нешто особено посјајни од нашиве. Во пракса општо животот ни се сведува на ваква поделба уште со години наназад пренесено од нашите претци.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.471
    Пол:
    Женски
    Јас некогаш велам дека разликата од таму и тука е повеќе во жените отколку кај мажите можеби. Тука 90% од жените сметаат дека е тоа во ред и така треба, а таму па и не фермаат нешто многу, многу. А маживе ако им дозволиш малку повеќе, кога ќе видиш, секаде се исти.

    Како и да е, јас стојам на тоа дека железото се кова додека е жешко. :)
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.129
    Допаѓања:
    221.351
    Пол:
    Женски
    Точно така. Кулирањето им е јака страна. Тоа ти е изживеаност.
    Сепак секој е своја приказна ко што кажав, но ако не си поставиш граница како и што самата кажа се пропаѓа во вода.
    Ние жените сме навистина многу комплицирани, тешко дека некој ќе ни погоди :)
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  13. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Добро нормално дека и тука и таму има исклучоци. Во глобала така е. Самото поднебје, самото воспитување е поинакво.
    Дај Боже сите најарни да си најдиме (или веќе сте нашле.)
    Се гледа овде дека му е понижувачки да помагаат низ дома оти тие работи биле „женски“.
    И стварно е жално што цел тој товар е на грбот на жената.
    Мислам не е фер некој да можи да ти помогни, а да одбива да ти помогни само заради фактот што си се родила како жена без твоја одлука.
    Само тоа ми е зборот. Затоа секоја нека си бара каков им одговара. Бидејќи некои девојки/жени баш се радуваат на тоа. Им е интересно да си работат низ дома...
     
    На girl-miri, CameliaMiller, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ModernMuse

    ModernMuse Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    504
    Пол:
    Женски
    Дали тоа сериозно е употребен зборот РОПСТВО?

    Господе боже!
    Страшно..
     
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.137
    Допаѓања:
    174.880
    Пол:
    Женски
    Сакам да дам мислење на темава ете сега дури не сум мажена, како мислам дека се и би биле работите, ветувам дека веднаш штом се мажам (има време за то де), ќе пишам уште едно мислење.

    Зависно од то како го дефинираме зборот „ропство“ добиваме слика за тоа дали бракот претставува ропство за жената. Сакам да кажам, секојднените одлуки, како што кажавте ако не исчистам сега, ако не испеглам сега ми се реди повеќе за утре и не го сметам како нешто што би ме правело да се чувстувам како роб. Лично зошто и пред бракот имаме рутини, имаме обврски. Моментално јас дома морам да исчистам собата, треба да одам на факс, ко ќе се вратам сакам да учам во чиста средина па нормално расфаќам па учам. Е сега тогаш обврските се поголеми, да, ама за нештото да го дефинираме како ропство - не. Вистина, жената прај се од домашни обврски како чистење, метење, миење, перење, готвење и се останато ама вистина е дека ако жената е на работа мажот знај да нареди чиниите во машината за садови, алиштата во другата машина или пак да зготви јадење. Ете и да се нема машина за садови, па да измиее две- три чинии на рака ако веќе е слободен дома, а јас сум на работа. Можеби имам вакво сфаќање дека татко ми па во последно почесто готви од мајка ми зошто е послободен, па после тоа и мие тоа шо ќе извалка. Нели не е сегде така ама сепак можеби се е компромис.
    Од друга страна бракот можи да биди ропсство ако жената е со маж кој нема да ѝ дозволи да оди на кафе со другарки, до кај комшивката, ќе ѝ ограничва пари (за тој да има поќе за други работи како на пример пиење), ќе ја тера само дома да седи и сл. Тоа е ропство во брак, ама секојдневните обврски мислам дека ги имаме од мали нозе, кога едно мало дете имаме, тоа има домашни задачи шо треба да ги заврши, како расти треба да учи за тестови и да расчиства по малце за да поможи на мама, како ќе порасни потака можи ќе најди работи и паралелно ќе учи, како ќе порасни во зрела личност ќе помага околу семејството, ќе работи, ќе воспитува деца. Не нагласвам пол, важи за двата.

    Е сега пишав погоре, ова мое мислење е сега вакво. За неколку години кога ќе искусам на моја кожа како се чувстувам тогаш, можеби ќе сменам мислење. Ќе се изјаснам пак, ветувам. ^_^ <3
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Значи, многу зависи од партнерите дали ќе биде ропство. Јас дефинитивно го чувствувам како ропство откако добивме дете. Маж ми не помага дома ништо, а за жал и многу го преценив дека ќе биде добар татко. Ниту знае да го нахрани, ниту да го избања малото, ниту јадење да му спреми, ништо апсолутно. Навечер малиот иако има скоро 3 години, сеуште се буди и бара во раце, а мм мнооогу ретко станува - ако стане го држи 2 мин и ми го носи мене „не ми се смирува, земи го“. Ако ги оставам сами набрзинка да одам да завршам работа, не си игра со него туку му пушта цртани за да „одморел“. Ако излезам и малиот плаче по мене, мм не знае да го смири и ми звони на телефон кај сум била, со тензии, да се вратам одма. Така да, не е до пеглањето кошули, ние имаме жена за пеглање/готвење, друга жена за чистење, ама јас слобода немам.
     
    На DigY, mama31, Neodlucna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.143
    Пол:
    Женски
    Ропство хммм постојат различни видови ропство, додека сме девојчиња на облека, шминка, фризурче и тн. не е лесно да немаш што да облечеш за искачање :) па, испити, тестови и тн. Секое доба различно ропство има ... бракот не е ропство, некако како во шини да ти се става животот, веќе не е еден во прашање, се има некоја многу повисока цел. Само се разбира треба да ти е човекот до тебе погоден, што би рекле.
     
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.976
    Допаѓања:
    327.497
    Пол:
    Женски
    Какво ропство уживање ми е.Имам целосна подршка од мм за се.Трошам колку сакам,излегувам кога сакам,работам ,се дружам.
    Не ми забранил никогаш ништо.

    Заедно го средуваме домот,заедно често готвиме,сам се пегла,ги чува децата до 2 тој.Заедно планираме и решаваме за се.
     
    На esperansa777, duffi, Outlook и 10 други им се допаѓа ова.
  19. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    6.687
    Пол:
    Женски
    Зависи како ќе се поставиш кој ве тера да ги извршувате тие работи ваше право е тоа дали ќе чистете перете сте си ставиле во главата дека морате и затоа се гледате како робови на крај краева ништо не де мора.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.583
    Допаѓања:
    37.973
    Пол:
    Женски
    Омажи се, па ќе видиш. Па нема сигурно на маж ми да му дозволам некои работи, затоа што едноставно не го бива.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.