Имам душа на девојченце, кое искрено знае да сака и да се "лути" кога губи Вечно дете, но затоа мозокот ми е на далеку повозрасна особа од што реално сум
Емоционалната незрелост е последица од некоја траума. Најчесто се јавува кај лица кои биле физички, психички или сексуално малтретирани во семејството, на училиште или на работа. Може да биде и последица од некои болести како што се некои оштетувања на мозокот, аутизам, анксиозност или депресија. Емоционалната незрелост се јавува доцна во животот кај деца на кои не им била дозволена слобода за време на растењето ако премногу биле контролирани од страна на родителите. Емоционално незрелата личност не јаприфаќа стварноста онаква каква што е, одбива да се прилагоди на неа и живее во свој свет. Не е во состојба на време да ги реши своите проблеми и тешко се носи со губитоци. Тоа се личности кои не ги прифаќаат своите години и зрелост.
Мене многу случки во животот ме натераа да бидам тоа што сум сега. Уште од мојата 9та година ја изгубив мајка ми. Имам голема среќа што имав поддршка и помош од татко ми. Тој ми помогна да продолжам понатаму. Иако сеуште ми недостига. Потоа, нормално, бидејки татко ми се чувствуваше осамено, донесе девојка. Таа е луда. Со неа поминавме многу тешки денови и воедно болни. Потоа и баба ми почина. А имам 17 години. Животот ме научи многу работи. За разлика од другите мои врсници, јас со никого неможам да разговарам како возрасен. Нивните теми на разговор за мене се поминати. Научив како да стојам сама на нозе, изградив свое јас, научив дека мислењето на луѓето околу мене дека не се важни. Научив дека во ова време тешко е да се најде пријател, затоа мојот круг на пријатели е многу мал. Некои личности можеби не се физички со нас, но ние психички сме со нив и тие секогаш се околу нас и во нас.
Не. Физички и психички делувам за многу позрела. Душата никогаш не ми била во склад со годините и напротив не го гледам тоа како проблем, затоа што и во претходните теми отворено сум зборувала дека тоа што сум психички понапредна и фактот што душава не ми е во склад со годините ми помогнало многу. Не може секој да е во склад со годините, секогаш постојат исклучоци што е сосема во ред.
Темава сум ја отворила пред година и кусур Читам и се смеам..хахаха..ништо не се сменило, шпага ситуација, душа на исток а годините на југ а паметот ми е да јавна еден мотор и да им се придружам на ноќните волци..хммм..немам кожен елек
Не знам, некогаш се чувствувам како детенце кое треба единствено да се забавува и да нанка, а некогаш ко проколнат бесмртник што талка по земјава. Стварно не знам како треба да се осеќаш на некои години, не ја разбирам темата.
Па не се чувствувам баш како дете, ама како тинејџерка - да. Освен тоа сум и многу младолика, па можеби се и поврзани овие две работи. Не знам. Како и да е, некогаш мислам дека намерно „одбивам“ да пораснам.
Душата ми е во склад со годините ама мозокот ми е останат во тинејџерските години и упорно се противи да созрее...