Сабајлечки ми падна на памет ова па си реков да ви отворам тема. Ако не е интересна за дискусија или можеби веќе има ваква, а не сум ја сретнала, тогаш канта, клуч... Дали вашите партнери се добри во кујна? Можеби подобри од вас? Дали и колку готват, што било најдоброто а што најлошото ,,дело"? Може да споделите и некоја случка од кујната. Од своето лично искуство не би да коментирам - сеуште. Во наредна прилика. Темава ја ставив во врски сметајќи дека е така најдобро, за да коментираат и оние кои се во врска и оние кои се во брак.
Да. Дали е подобар од мене? - Да Јас често знам да му речам како ти успева се од прва, па и кога ќе фати тесто, мислам јас подолго време би правела експерименти и би фрлала во канта, а он како да има искуство цел живот. Не му е проблем нешто да зготви, без разлика на сложеноста, дури предизвик му е. Дури и повеќе од мене се интересира, јас цел живот имам за учење, некогаш дури срам ме фаќа Мислам што уште да посакам
Не баш, да не речам воопшто. И не ме загрижува тоа што незнае да готви. Мене ме загрижува тоа што се труди и покрај тоа што не го бива и очекувам каде и да е да слушнам вести дека ја запалил куќата при тие негови обиди.
Да. Подобар е од мене. Да го пофалам и на форумов. Лошо е што после тоа не го чисти тоа што го остава зад себе. Најдобар е во подготовка на месо. Си сака мевце и со задоволство го приготвува. Не направил лошо дело.
Неќи да готви, не го влечи воопшто. До сега ми има направено сендвич на негов начин и ми има испржено јајца. Друго кога сме заедно правам јас. А и еднаш печеше еден вид на месо, свинска вешалица, и неможам да опишам колку го имаше погодено, и општо се поврзано со месо кога врвиме заедно и ни се јади прави тој, се останато јас, и месото секогаш го годи многу добро, јас морам да утнам нешто во зачини ама тој го прави онака како што треба да биди, безразлика што не ужива да биди во кујна.
Мислев дека темата гласи дали партнерите ви се добри во кревет Ала сам се зезнула Уф, што да одговорам..хм..ма не го бива ни за кујна ни во кревет
Од секогаш сум сакала дечко што готви. Ај што никогаш претходно не сум ја имала таа среќа, туку ни дечковци што знаат вистински да уживаат во храната не сум имала. А јас гурманче, секогаш сакам да пробам нешто ново во ресторан, а обожавам убаво приготвена домашна храна. Е затоа сега го погодив Дечко ми готви ненормално добро и педантерија е најголема. На било каков неред ќе прогледа кроз прсти, ама кујната не, не и не. Се се мие додека се готви, штом се јаде пак се мие, се брише се, мијалникот да свети, да биде сув. Така поштено кога сме си заедно двајцата си се дебелееме, ќе готви тој, ќе готвам јас, ќе готвиме заедно. Првиот пат кога решив јас да спремам ручек умрев од срам затоа што знам дека готвењето му е пасија. Цело време мислев дека ќе утнам нешто. До сега уште не се пожалил Да се дофалам, можно е од следната недела да почне како готвач во едно малечко ресторанче да работи. Ах љубов моја И јас тоа помислив dirty mind
Е сега па и ти не си фер. Твоја е темава и редно е да ни раскажеш за кулинарските вештини во креветот на твојот партнер. Хм. Нешто негде згрешив
Олала Ајмо женски у напад...Битеркеее...еве дечко за тебеее Кујната ни е побитна...а другово ќе те учат степ бај степ...хахаха