Дoбaр сум вo кујнa, дa. Пoвеќе ме бивa зa сoлени рaбoти, зa блaги не дo тoлку. Следнo нештo штo сaкaм дa нaучaм е дa месaм. Дoдекa гoтвaм кујнaтa јa прaвaм лoм, aмa пoсле тoa мијaм сaдеви (ептен сaкaм дa мијaм, некaкo ме oпуштa, знaм не сум нoрмaлен), шпoретoт oднoснo плoчaтa oдoзгoрa јa прaвaм стaклo. Јa рибaм сo вим и сјaј и јa oстaвaм тaкa дa кисне дoдекa не ги измијaм сaдевите. А кoгa мијaм сaдеви си имaм и ред нa миење, кoе штo првo гo мијaм и пoсле тoa кoе првo гo плaкнaм и гo стaвaм дa се цеди.
Неам партнерка за да се натпреварувам ама во кујна обожавам да се плеткам, секогаш експериментирам и ретко идам по рецепт. Солени јадења повеќе правам и обожавам да дегустирам додека готвам(најчесто сум најаден пред да биде готово јадењето). доколку неам идеа што да правам отварам фрижидер и комбинирам со тоа што го имам. Фала Богу салатите и топинг сега за сега најдобро ми идат. Во последно време експериментирам со супи од зеленчук најчесто Брокула. Во хороскоп сум Гурман со подзнак Мезач и кога марс ми е во фрижидер иам голем апетит за благо. @Mr. Right јас почнав да месам направив две верзии на леб солен и благ. Иначе желба ми е пита или комат да научам да правам. предизвик ми е домашна боза да направам ( слободно ако најдете рецепт шернете )
Не пишувам додека не пробам. Ми ургира... Радо, легенда си. Ни требаш на форумов почесто да пишуваш, да не' смееш. Ама ништо од бизнисов, дечко ми не го менувам.
Арен е, сака и да експериментира, за среќа успешно завршиле неговите експерименти, не заминаа директ во канта.
Ништо ама баш ништо не знае да спреми. Ни кафе не ми има сварено,за турско зборам. Ама скоро секое утро ми носи у кревет од филтер кафето со млеко и цеден лимон. Е само тоа знае. Важно најдено е решението. Еден ден јас сум задолжена за ручекот,следниот тој бира кафанка. Вечерите се секогаш мои. Ама чаша немам измиено, висечи у кујна немам подредено,а све е како во аптека. Под конец. Негово е тоа. Имаше еден обид за ручек као да ме изненади. Со кој памет зел заледена кокошка ја ставил у тава, наредил шпагети ,ги напрскал со вегета до трт и ја бутнал тавата на печење. Без капка зејтин,ни вода. Така ,само ја плеснал у тава.Па и ми се јавува да побрзам да се вратам ,ме чекало изненадување. Идам ,ми вика еееее ајде де два саати на фризер,види вика шо има у рерна на тераса. Отварам и ЈАГЛЕН... Важно ја прашал мајка ми колку време и на колку да го пече коковчето Е до толку не го бива
Мојов што арен беше дур не се земавме. Свинче ме направи готвејќи...и добар е. Ама во последниве 8години јас мислам дома поим нема кај стојат чиниите каде тенџерињата. И поарно, позади себе после готвењето оставаше хаос. А јас не многу сакам да чистам и средувам кујна :/
Мене ми има само зготвено кајгана и можам да го пофалам дека тоа ми е било најубавата кајгана која што сум ја јадела досега. Ги знае основните работи, на пример знае да испржи компири, да свари макарони, шпаѓети. Оние другите работи како мусака, лазањи, турли тава не знае да ги прави али пак затоа јас знам.
Ретко готви,ама кога ќе направи ептен вкусно е, сега бргу беше слободен, па правеше стек пропржен па потпечен со кашкавал и печурки, прсти излижав Ама затоа хаос после тоа е кујната, незнам дали ми се исплати да му дозволувам да готви.
Од категорија кујна , јас знам да готвам 25 видови на јадења. Од категорија во кревет , знам добро да наместам кревет. Од категорија машина за перење, знам да притискам на копчиња додека нешто не проработи. Така да ме земете за маж , ако побрзате и се јавите до 1 Јули , ќе добиете и екстра попуст перење садови 4 пати неделно.
Тоа што го научил го знае, за друго не се ни труди. Ама и тоа е доволно. Знае некогаш да изненади со брза вечера или доручек. Сам изразува желба да направи. Не е нешто комплицирано ама ако останеме во негови раце гладни нема да сме.