Ќе се ожениш ли со мене? #наголемамакасум За кревет ќе ти простам, само ти готви ми. И @Bender Rodriguez женска има?! Па готово, уште @Mr. Right да ни го ќарат, отидоа маживе
Верувале или не, дечко ми готви подобро и од мама. Ептен е домаќин човекот. Моментално ги усовршува тестата, за викенди обавезно јадеме топло домашно лебче. Наместо како секој нормален маж кога сум излезена да си гледа порно на компјутер, тој разгледува типови на брашно; ќе нарачувал де вакво, де такво... Првиот подарок што му го имав купено беше Гастрономик на Ла Русо. Сум знаела уште тогаш дека нема да утнам. Јас од друга страна, ги знам основните јадења и по некоја македонска манџичка ама на него можам само вода да му носам. (се мислев да ставам неколку слики во спојлер, ама ајде, следна прилика )
и сеа ќе треба за маж да те земам иначе едно прашање до машкиот пол, дали би ви сметало ако знаете да готвите повеќе од жената или не (без разлика на то дали жената знае или не да готви)?
Вчера ни беше првата вечера кај него и тој приготви риба, ориз и салата, е сеа за кинеска храна го бива, за друго ќе видиме. Потоа следуваше и првиот секс, тоест се направивме салата во кревет и на биро. Абре сѐ е повкусно во 35та год.
Сакав да те тагнам прееска за истово, ама ми беше жал дека ќе се издепримираш. Си викам ај, може нема да види.
Добар е , ама јас сум подобра добро , морам да признаам , го бива за палачинки и лепчиња така вкусни ги прави , јас можам вода да му носам . Истите состојки ги ставаме , ама неговите секогаш се повкусни Ваљда дека не ги правам јас
Се покажа дека го бива. Помина на тестот - како да не умреш од глад во екстремни услови, кога ќе заборавиш да си купиш јадење
За вклучување машина за перење повеќе го бидува и простирање алишта исто, ама и во кујна се снаоѓа. Момак за сва времена. Затоа јас така испрана и чиста со задоволство му готвам. Па тој после мие садови.
Ќе се самоцитирам : А каков пудинг од ванила прави , да ти е мерак да јадеш и да се дебелееш па кога ќе лупне 100 грамско чоколадо во него мх , мх
Кога ти не мрдаш со прст, маж ти е гладен а нема од кај да купи...ќе видиш како се снаоѓаат. Бетер од жени се..