Па, дечко ми готви предобро, а јас па тотален антиталент. Имам среќа, ќе учам од него да готвам изгледа. Ептен е домаќин, за све го бива.
Кога сака може со љубов и задоволство од ништото да го направи нешто. Зборувам за скромно јадење Најинтересен ми е моментот кога не да се фали туку се дува ко паун на спржени јајца потпечени макарони или испечено нешто готово а на мене ми е смешно и исѕо време и задоволство оти ме одменил
Подобро од мене готви, иако јас готвам почесто. Има осет кога кој зачин да го стави, колку време да пече... Знае и баш комплицирани јадења прави. Последниве недела- две почесто тој готви. Децата живи среќни, тато најубаво јадење правел
Готви преубаво, посебно тестенините како ги прави, да ти е жал да ги изедеш. Секогаш ми готви, кога сака тој не ми дозволува да се доближам до кујната јер секад ми прави изненадувања
За разлика од мене повеќе се разбира . Посебно руска супа и други јадења . Си го има фатен генот на мајка му
Го биват за готвење и сакат да готвит, ама после 3 дена требит да спастирам. Така да забранет влез имат в кујна
Оф топик Затоа што во Најнови мислења не го дава целиот наслов мислев дека темава е - Дали вашите партнери се добри во кревет? Он топик Основни јадења и неколку и неколку сложени знае. Ама сепак подобар е од мене, да признаам.
Супер тема.За жал и двајцата сме антиталент за кујна и спремање, сецкање...Тоа време би го искористиле за прошетка до парк, близу нас има преубаво езеро.Јадеме кој што најде.Само за малиов готвиме почесто супа со месо и брокула.Од 7 дена неделно 4 пати има ручек, доволно е И онака по цел ден сме на работа, курсеви, фудбал па џабе е тие денови дома да спремаш тучек
Најдобар. Да не е тој можеби гладна ќе си останам некој ден. Се е убаво од него.има фат и сенс за готвење. Знае да меси.за бадник тој го меси лепчето.значи ненаучив и ненаучив да месам.тапа сум. Не дека ништо не правам.но секогаш од него ми е поубаво зготвеното
Одличен е. Сака да подготвува некои нови "специјалитети", како што ние си ги викаме и да експериментира со зачини. Многупати позитивно ме има изненадено со идеи за комбинација на намирници, кои не би ми текнало да ги спојам, а вкусот е прекрасен.