Дали вашите родители имаат влијание за одлучување на БРАК?

Дискусија во 'Брак' започната од zeka, 24 ноември 2013.

  1. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Дали вашите родители имаат влијание за одлучување на БРАК , ајде девојки, момци па и мажени/женети можат да си го искажат ставот околу истото.

    Колку вашите родители имале влијание за горенаведеното и таа одлука била само ваша?

    За мене е насватливо да ми влијаат на било каков начин. Јас работам, имам добра работа, добра плата но сепак неможам да се одлучам на тој чекор иако сметам дека сум психички зрела но, немам доволно финансии , средства. Сакам подобра финансиска сигурност како од моја страна така и од дечкото. Не сум материјалист но тоа е мое размислување бидејки 12 години живееме премногу тешко, немавме ни за лепче што се вели. Сега се исправивме но сепак целам кон подобра сигурно пред да се одлучам да формирам мое семејство. Не би сакала да утре моите деца немаат сигурно лепче на маса.
    Велам сакам да одам во странство неколку месеци и да земам неплатен одмор од работа да заработам некоја плус паричка - не било изводливо. Одоколу ми се вртат муабети за мажачка а јас пак им ставам капаче. Не само моите туку и роднините, во овој месец десет `стројници` ми доведија. Од една страна и се навредив. Прво, имам дечко и иако не си одеме по дома нашата врска е сериозна (мојата прва симпатија и со човек кој го имав првиот акт. после толку годиниии и не го препознав). Може би за другите на изгледа така но ние си знаеме. И тој е исти став како мене. потполно се согласуваме. Неможам утре да звонам те кај моите , тој - кај неговите за едно парче леб. Сакам да застанеме прво сигурно на нозе , да бидеме во могуќност да обезбедиме наш сопствен дом па потоа.
    Помош не сакам да очекувам од никого.

    Ајде и вие кажете си го вашиот став.. или мојот е погрешем. :(
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.905
    Допаѓања:
    65.850
    Моите немаа ама баш никакво влиjание на мојата одлука, напротив, тие не се согласуваа со моето решение од Х причини. Но, jас себе си се сметам за возрасна и одговорна личност коjа сама може да носи одлуки за своjот живот!
     
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.707
    Допаѓања:
    35.058
    Пол:
    Женски
    Татко ми никогаш не инсистирал да се мажам. Секогаш ми велел - кога сакаш, тогаш мажи се. Само гледај тоа да биде после 25 години и внимавај каков дечко ќе одбереш. Јас се омажив на 24 години, бидејќи бев бремена.
     
  4. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Хмм кај мене е специфично моите не ми се мешаат ни го кого излегувам, а неверувам дека би се мешале и при брак, значи директно тие не би имале некаква улога во мојата одлука,но индиректно да и те како.

    Во окружување и фамилија поминаа многу бракови,кои се мажеа бремени на 20 год па се разведоа штом рода и бај д вуеј си упропастиа живот на цело семејство,која се мажеше колку да се омажи оти ја премина триесетата па да не ја оговарале,која се мажеше од корист т.е. за да се спаси од сиромаштија...
    Гледајќи ги сите тие невести имав прилика да видам и да размислам што тоа јас сакам од животов,дали бракот при непланирана бременост е најдобро решение или сепак не, дали само љубовта е потребна за одлука за брак или сепак е точно дека од љубов не се живее,каква е улогата на матријалната состојба притоа... родителите само ме наведоа да ги погледнам примериве и да си размислам,сепак бракот не е така едноставно прашање според мене има многу повеќе фактори...
    нејсе сакав да кажам родителите беа тие кои ми ги отвориа сите овие прашања ,а тоа самото по себе на некој начин во иднина би влијаело во мојата одлука за брак.

    Не ќе е пресудно нивното мислење но не и тотално небитно, затоа сметам дека во мојата одлука за брак во иднина,индиректно но би влијаеле моите родители
     
    На Tanjamm и esperansa777 им се допаѓа ова.
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Само со мајка ми правам муабет на таа тема, но знам дека и на бато и тато не им се давам, нормално. :D
    А мама не ми се меша, само ми вика не сум имала потреба да брзам, но секако дека ако се решиме со дечко ми нема мислењето на мајка ми да ме премисли. :)
     
  6. Skgirl21

    Skgirl21 Нов член

    Се зачлени на:
    12 декември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Нее никогаш не би дозволила да ми се мешаат
     
  7. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    149
  8. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    не се омажив во согласност со своите верувања и желби кои ги споделувавме со сопругот. :)
     
  9. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    Не никогаш не ми се мешале.
     
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.884
    Допаѓања:
    11.275
    Пол:
    Женски
    Zeka мислам дека сме тука некаде со годините , и не ми е јасно како твоите толку запнале за брак , па и 10 стројници кај ги најдоа :rofl: Па и сметам дека нема потреба толку да се возбудуваат твоите, 23 години си , млада си дури некои на тие години не ни помислуваат на брак , па и да си 30 таа одлука си е само твоја .
    Кај мене дома на шала ќе спомнат некогаш , нешто во стилот ајде внучиња чекаме ама се велат дека има време да ме почувале уште малку :lol: . Ако им кажам сега дека ќе се мажам би биле затекнати и исплашени , посебно татко ми , затоа кога ќе дојде ред ќе ги припремам од околу да не се потресат многу :D

    Не би требало родителот да влијае на одлуката за брак , вие си знаете колку сте спремни и созреани а и богами финасиски спремни за брак .
    Навистина е глупаво да ти носат стројници , а ти си во сериозна врска :^)
    Мислам и да немаш дечко тие ли ќе ти наоѓаат ?
    Сериозно разговарај со нив дека ти пречат нивните навалувања и стројници и дека ќе стапиш во брак кога ти ќе бидеш спремна .
    И јас сум била сведок на врски кои поради притисок од дома стапиле во брак . Во смисол ајде колку време одите , време ви е , кога ќе чувате деца |(
    Некои имаат успешни бракови некои се разведоа . Кај едните требало само мала подршка а другите ги бутнале во бездна .
    Доколку немаат разбирање твоите ќе мораш да ги игнорираш и да научиш да не влијаат врз толку важна одлука .Ти и саканиот ќе бидете во брак а не тие , вие ќе се носите со обврските , вие ќе формирате семејство и одлуката треба да биде исклучиво ваша . Па подобро да размислите убаво и да тргнете некој денар настрана отколку да се избрзува ...
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.006
    Допаѓања:
    135.985
    Родителите не смеат да имаат влијание за одлучување на брак. Ако на таков чекор човек се одлучи под притисок на родителите, бракот не верувам дека ќе биде успешен.

    Треба да си многу зависен од твоите за да ги слушаш за вакви одлуки, а ако си, тогаш бракот сигурно нема да ти биде успешен.
     
  12. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.945
    Допаѓања:
    10.080
    Нормално е на некаков начин да имаат влијание. Не само за бракот туку општо. Но тоа сепак не би требало да е директно, туку преку целокупното воспитување.
    Моите во главно никогаш не ми се мешале во ниту една одлука. Доколку сум ги прашала или самите увиделе дека клизам, секогаш ми давале некоја насока или совет со цел да ми помогнат сама да стигнам до некое решение. И тоа го немав сфатено до пред некоја година, колку всушност секогаш неприметно биле позади мене, но никогаш не си дозволиле да бидат директно вмешани.

    Меѓу другото така и ја сфаќам таа родителска улога. Лошо е кога родителите ќе се обидат да лечат нивни неуспеси и фрустрации од младоста преку децата и кога се обидуваат да исправаат некои нивни грешки преку туѓ живот.

    Секој сам треба да си ја крои иднината и сам да биде одговорен за последиците, без разлика дали се позитивни или негативни. Тие што цел живот се зависни од своите родители никогаш нема да бидат способни сами да решат проблем и да пребродат некои бури на коишто секој несомнено налетува неколку пати во животот.
     
  13. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    2.084
    Моите родители се премногу конзервативни,бар јас така ги сметам и страшно ме нервираат
    Бев во 8 месечна врска со дечко кој е 6год. постар од мене,тие беа против уште на почетокот и веднаш ми се вмешаа во врската
    Бев притисната да му раскинам,нормално не се случи тоа,се договоривме да се гледаме тајно извесен период,меѓутоа тие дознаа и се случи скандал,дури и ќотек изедов поради тоа иако имав 19год.
    Јас продолжив пак по старо,ништо не ме спречи,меѓутоа ситуацијата остана иста,тие беа против,повторно ме притиснаа,ми рекоа да бирам меѓу нив и него,нормално му кажав се нему,ги избрав нив,но бидејќи неможев да се помирам со ситуацијата се скарав со нив и како демек прифатиле иако не беше така,му се вратив
    После 4 месеци пак раскинав поради нив,но бргу се смиривме
    Еве сега повторно раскинавме и незнам дали некогаш ќе се смириме,секогаш бев изнервирана и кога и да се видевме само се расправавме,неможевме повеќе да го издржиме тој притисок
    Сега моите само зборуваат лошо за него,а не го ни познаваат,никогаш нема да го прифатат,а јас и тој се сакаме премногу
    сите бродови ми потонаа,имавме премногу планови за нас,за нашата иднина,а сега се потона во вода,незнам како ке продолжам напред :/ :(
    Несакам ни да помислам како ке биде кога ке треба да одлучувам за брак ;(
     
  14. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    1.157
    Моите се премногу против мојата врска и мојата одлука остатокот од животот да го поминам со личноста која ја сакам. Иако сум доста возрасна, а исто и сестра ми, ни се мешаат во секој аспект од животот. Незнам веќе какви ли се навреди не ми искажаа во последниот месец дена, како ли само не го нарекоа мојот дечко, со кои навредливи зборови, а што е најтрагично воопшто не го ни познаваат. Ама нема тој за нив добро перформанси. немал факултет, немал стан негов, па помлад бил од мене, тоа било смешно за околината, и незнам уште што ли не. А тие во животот ништо не постигнале, па сега сакаат нивните пропаднати планови да ги остварат преку мене и сестра ми. Инаку освен навредите воопшто и не комуницираме дома, работата е ептен алармантна. Сакав и јас да имам убаво испраќање од дома кога ќе ми дојде времето ама ете тоа нема да се случи. Не дозволувам нечие заостанато мислење да ми ја расипе среќата. И да јас него го сакам и не се откажувам од тоа да го поминеме животот заедно. Незнам каква е таа магија ама кога сум со него јас заборавам на се друго. Едноставно ме прави среќна, ме почитува, ме чува, прави буквално се за да се чувствувам сигурна.
    Луѓето кои се запознаено со овој мој проблем викаат дека после некое време ќе се средело се, ќе ми затропале моите на врата и ќе ми барале прошка. Што ќе ми е мене тоа кога јас сега се распаѓам? Зар таа прошка ќе смени нешто што се случило? Нема! И затоа нема ни да ја добијат!
     
  15. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Како и повеќето(за жал)родители и моите се дел од конзерватизмот.
    Без основа,донесуваат заклучоци за луѓе кои лично не ги ни виделе,а камо ли-запознале.
    Така беше и со мојот сегашен дечко.
    Порано додека бев слободна,секогаш си ја чував приватноста само за себе,од причината погоре.А,слободно можам да кажам дека и немам толку близок однос со моите за да можам да се олеснувам на сите теми.Го сметам тоа за негативно,бидејќи детето секогаш треба да има доверба во своите.Но,на денешниве неможеме крајот да им го најдеме. :|
    Како и да е,кога дознаа-се противеа,но не директно.Не кажуваа раскини му,туку секој пат кога требаше да излезам со него,тие наоѓаа изговори и не ми дозволуваа.Трпеливо чекав,и се трудев да докажам дека дечкото освен мојот статус,ништо друго не ми менува.И што е најбитно,дека нема да останам трудна и да се омажам(зошто за нив тоа беше причината).Помина се.Си легнаа на брашното,после првата година.:wasntme:
    И покрај сите бариери,си останав своја на своето.Не дозволувам да се мешаат ама баш за никаков избор,кој јас треба да го донесам.Можат само совет да ми дадат,а мое е дали ќе го прифатам.
    За бракот-што лично за мене е една од најважните одлуки што личноста треба да ги донесе во животот-најмалку треба мешање.Зошто нив да ги обвинувам за последиците(кои најчесто ги има доколку на таков начин е склучен бракот)? Јас ќе живеам со мм или тие? Чија среќа треба да биде најважна,мојата или нивната?
    Веќе не сме во време кога посредници доаѓаат и се договараат за младите,без тие да се видат,а да не збориме за љубов.Среќа наша.
    Тоа било,и добро е што поминало.Се надевам,дека нема остатоци од родители кои сеуште се обидуваат да ги одгледаат нивните деца,на начинот на кој тие биле одгледани.
    Не дозволувајте никој да ви се меша во нeшто ;)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.984
    Мала си сеуште, имаш 19 год. и животот е пред тебе, немој да брзаш, цел живот ќе бидеш, сопруга, мајка, домаќинка...Родителите ти го мислат доброто и еден ден ќе сфатиш дека навистина е тоа така, ни еден родител не посакува лошо за своето дете, верувај ми.
    Јас те разбирам потполно како се осеќаш сега затоа што некако така бев и јас на тие години и моите родители ми се мешаа во врските, се лутев и нервирав ама залудно, се додека еден ден не видов дека тоа било само еден пролазен воз, после неколку год. го запознав човекот на мојот живот и сега имаме и синче, ете тоа било тоа, значи кога треба да биде ќе биде ти што и да правиш не можеш ништо против бога, ако треба да бидете заедно со дечкото ќе бидете, порано или подоцна ќе биде, немој да се секираш. Сега уживај во тинејџерските години, наубави се :!:
     
  17. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Темава баш како измислена за еден настан деновиве кој повторно ме натера да се разочарам во Балканскиот (закоравен) менталитет. Станува збор за еден пар со кој лично се познавам, а кои живеат во странство. Заедно се прилично долго време, околу четири години. Мајката на девојката е премногу заглавена во патријархалните сваќања и за неа не е прифатливо, ќерка и да живее заедно со дечкото, а да не се во брачна заедница. Дури и одоколу пуштала муабет, како да е крајно време да се земат. Нешто и не баш случајно тоа стигнало и до родителите на дечкото, па сега тие биле во непријатна положба, не знаеле дали требало да го почнат тој разговор со синот. Искрено, кога слушнав за ова ми се крена косата. Во кој век живеат овие луѓе? Ако јас некогаш решам да стапам во брак, последно ќе ми биде мислењето на моите или неговите родители. Не го поддржувам ваквиот став на родителите. За мене е мешање во приватноста, а тоа е недопустливо. Понекогаш, мислам дека родителите се ориентираат кон себичната потреба да покажат нешто пред околината. Некоја гордост им е ако децата нивни стапат во брак на рана возраст. Па фалење пред комшии со внуци. Па покажување лажен сјај и такви работи. :D
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Имав нешто ваков случај како и фемините над мене.
    Мајками уште живее во некој си одминат век што ќе кажат комшите и време ти е за мажење зар јас ќе те чувам уште.
    На почетокот на врската почнаа сите да ни се мешаат дури и тетките али ние продолживме со борбата за љубов многу пати сакаа да не разделат поради нив ние се каравме.По некое долго време со многу нервози,стресови,плачења дознаа колку е тој добар,вреден и колку многу ме сака иако јас завршив со искинати нерви косата ми падна и непрекинато тресење на рацете.
    Уште сме заедно и нема да се разделиме па што сака нека биде.Пред една година таткоми ми ме праша само што планраме да не збориме нешто за венчавка јас му реков само планираме нешто и ќе си останеме заедно за сега рано е за зборење и толку али мајками секој ден до ден денес заедно со сестрите нејзини зборат за брак зборат кога ќе се мажам дека нема јас да одлучувам во кој ресторан ќе сме правеле свадба.
    Мајками ми вика тргај пари за венчаница уште малце ќе се мажиш и викам да немам друга работа ќе се мажам и ми вика па како што мислиш ти дома ќе седиш.И секој ден ми збори тргај пари за свадба божем јас ќе правам свадба за неколку месеци ми врти од околу со муабет да се омажам.Имам 23 год и момчето исто не ни планираме сега да се зимаме млади сме уште сакаме да прошетаме да се забавуваме да патуваме,планираме да си направиме заедничка куќа.
    Еднаш и реков на мајками за под кирија и момчето беше кога се збореше ова и ми вика ма немој и што е тоа див брак ?неземени ќе живете заедно?Ми вика комшите те гледат секој ден во 5 саат срамота подобро не си доаѓај дома .Искрено мене за комшите да ми извините на изразов дундава ме здоболе.Али кога многу луѓе живеат уште во 18-19 век тоа е
    Така да за некој месец планираме да живеме заедно и ќе биде уште поголем стрес и напнување од нивна страна и разговори да ме разубедат.Во некои од темиве имам пишано дека немаме приватност со дм и дека мн ни се мешат зато на двајцата ни е преку глава и сакаме сами да си бидеме.Планираме да земеме кредит за куќа али ќе биде пополека.
    Од страната на дм е сосема трето што и тоа многу ме нервира му зборат неговите дека е млад уште за женење дека треба негде на 30 и нешто :@
    Да млад е ама на 30 год јас ќе можам ли да родам деца и дали со овие нерви ќе можам да ги исчувам,а премногу сакам дечиња.Така да најубава воздас е 25-26год.

    Затоа драги членови борете се за она што го сакате и не дозволувајте други да ви се мешат во животот и да ви кажуват немој вака немој така,неможе таква венчаница,неможе да купите куќа тука ќе живете8-|или неможе во некој ресторан што ти сакаш:whew:
    Бидете си свои имајте свое јас и останете на зборот што вие сте го кажале.
    :hug: :hug: :*
     
    На Lolo5, Dadusicka и orhideea им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.649
    Допаѓања:
    12.086
    Не сум стигнала до брак, но за врски ми се мешале. За еден дечко кој во мојата младост многу го сакав, мајка ми пред сосетки го навредуваше дека бил грд и бил мрзлив. За грд, ок не беше најубав на свет, ама не беше ни толку грд. Дури и да е со кое право навредува човек пред други кои утре ќе пренесат. Многу глупаво, нели? Си мислев како јас би се чувствувала ако мајка му на пример каже дека сум грда и мрзлива и дознам преку луѓе. Лошо би се чувствувала. Неприфталиво е ова за мене и мешање е. Не можеш да коментираш за некој кој мометално нема работа дека е мрзлив. Секој може да се случи да биде без работа. Некогаш кога ќе ми се спојат жици и се нервирам и спуштам муабети дека ми се мешала во животот, а таа негира демек заборавила и не се сеќава.
     
    На Dadusicka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    О:D па како немале, да не беше свекрва ми уште дечко и девојка ќе си бевме. Она ме побара место сичето
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.