Незнам каде да ја поставам темава па мислев дека овде одговара најмногу. Кажувајте мислења за Дедо Мраз. Од дете ова ме интересираше и до ден денес сеуште ми е во мислење дали постои навистина. Некогаш ме тера да не верувам а некогаш да верувам. Како што и магии можат да се прават (не мислам на такви магии од филмовите со магично стапче или како вештерки со сигурност тоа нема) мислам на магии од луѓе кои знаат и умеат, на пример жени што прават нешто за љубовта, магии за здравје, што ја предвидуваат иднината, се надевам знаете на што мислам, така јас мислам и нешто ме тера да мислам дека постои, ама во Македонија не доаѓа ( така фантазирав да не ми се смеете сеуште дека фантазирам за да одам кај Дедо Мраз или тој да дојде да ми донесе подарок ) Јас сепак мислам дека не знае никој дека постои Дедо Мраз, можеби постои можеби не тоа не е докажано. Понекогаш ми доаѓа да одам до Лапонија и да проверам сама дали има Дедо Мраз. Ох, иако нема јас сакам да има. Вие што мислите, верувате ли во Дедо Мраз? Фантазира ли и некој друг за да оди во таа земја или да дојде Дедо Мраз за време на Божиќната или Новогодишната вечер и да остави подароци? Или што било друго во врска со Нова година и со Дедо Мраз овде ќе можете да зборувате.
Повеќе верувам во Дедо Мраз отколку на нашите политичари...а најмногу верувам во вакви деда мразовци.. ..................
Помеѓу христијаните во Америка, Дедо Мраз всушност e Свети Никола (St. Nicholas). Има многу приказни и легенди, ако ве интересира може да си ги прочитате. Дарежлив, добар старец со бела брада. Откако му починале родителите на Никола, во наследство му останавиле многу богатство и имот. Зашто бил многу добар човек, цело богатство го давал на сиромашни семејства и дечиња (како за Дедо Мраз што е замислата да им носи подароци на дечиња). Има приказна како некој многу сиромашен човек имал 3 ќерки, ама зашто немал мираз не можел да ги омажи. Па така Никола преку оџак им пуштил ќесе со злато додека спиеле, а ќесето се закачило на чорапите што се слушеле покрај огон...Затоа по филмовите гледаме како пред да си легнат за Божиќ, оставаат чорапи покрај огниште, за Дедо Мраз да им остави поклон преку оџак. Секако ова се легенди и приказни помеѓу нардот, а Дедо Мраз не постои
Премногу бајковита е приказната за Дедо Мраз,за да биде вистинита. Но,во секој случај позитивна и магична е еуфоријата поврзана со него
Се разбира дека да! @simonna.a го има и доказот кога не посети Дедо Мраз во Битола. Дури в комшии кај мене. Дедо Мраз, секој Божиќ ми носи чорапи, и благодарна му сум. Сега криво ми е кога бев дете и кога го видов му се расплачив и му реков дека го неќам, сега ме поткупва со чорапи и мора да го сакам, ете.
Убава приказна. Понекогаш јас изигрувам Дедо Мраз и убаво ми е во таа улога знаејќи дека некое дете се радува, па да му ја направам помагична таа приказна во која детското срце верува. Јас ете пораснав.
Дедо Мраз секако дека не постои,тоа се само приказни и легенди за него.Вчера на телевизија гледав една емисија за него во којашто се објаснува дека ако тој навистина би постоел тогаш неговата санка поради големата брзина на движење би се загреала до усвитување и би пукнала и дека не е можно еден ист човек да постигне секаде во исто време точно на полноќ да стигне во секој дом и да остави подароци,како и тоа дека баш поради тие причини најверојатно Дедо Мраз не е некој обичен човек,туку некој вонземјанин.Е сега,кога бев дете верував во него и верував дека човекот облечен како Дедо Мраз со когошто ме сликаа со пакетче кај фотограф е вистинскиот Дедо Мраз,исто и тој со когошто на училиште се сликавме сите со пакетчиња и со учителката заедно за Нова Година,како и тоа дека кога еднаш татко ми ми кажа да го отворам плакарот да видам што ми донел Дедо Мраз и внатре во плакарот најдов едно големо пакетче за мене за Нова Година јас тогаш верував дека тоа големо пакетче навистина ми го донел Дедо Мраз,а не дека татко ми го добил на работа преку работниот синдикат за мене за Нова Година,исто и на филмови кога го гледав како дете јас верував дека Дедо Мраз навистина постои,но тогаш бев малечка и друг памет имав тогаш,па затоа верував во Дедо Мраз,а подоцна кога малку потпораснав моите на убав начин ми објаснија дека Дедо Мраз не постои,дека тоа се само измислени приказни за децата да веруваат во нив и јас тоа го прифатив најнормално затоа што тогаш баш во исто време во едно списание за деца коешто го добивавме на училиште имаше објаснувано дека не може еден ист нормален човек во исто време секаде да биде присутен,дека тоа едноставо не е нормално и не е изводливо,освен ако не се работи за некој вонземјанин!Како и да е,јас мислам дека иако реално не постои,сепак е многу позитивна и магична еуфоријата поврзана со Дедо Мраз во духот со празничната магија на меѓусебното празнично семејно и воопшто меѓучовечко поврзување во атмосфера на солидарност,љубов и меѓусебно сакање,хуманост и меѓусебно помагање!
Сите вие што не верувате во мене нема да добиете поклон. Јас сум Дедо Мраз, секако дека верувам во себе.
Дедо Мраз всушност е Св.Никола ! овој светец важи за заштитник на сите луѓе од секакви неприлики, независно од вера, раса и нација! Со еден збор, Дедо Мраз е измислица на западната комерцијална машинерија, но во исто време, тој е и трансформација на Свети Никола, односно искомерцијализиран лик на светецот од Мирликиската митрополија... Јас Верувам во Св.Никола !
Секако дека верувам. Секоја година ми носи подароци, под елка ми ги остава веројатно додека спијам. Размислувам што да посакам оваа година. Оставете му писменце, тој ќе ви ги исполни желбите, 100% проверено.
Да. Сега ми пратија видео директно од Лапонија , каде што директно со санка и ирваси тргнува накај Македонија (слушнал за црвените фенери , и таму ке се паркирал , прво таму ке однесел пакетчиња , дадичките биле најумни )
Те молам не треси глупости. Во Македонија Господ нема стапнато, не па Дедо Мраз. Па уште тресеш глупости во подфорумот „Насмевка“ ти се молам.