Верувам и секогаш ќе верувам, иако ми е 50 50 за тоа дека постоел или постое. Нова Година, Божик, Дедо Мраз тоа оде заедно, не знам како да кажам ама буде возбуда, буде искреност, едностсвно кога доаѓаат празниците се околу тоа се врте надвор украсено, по домовите украсено, некаде и на работа украсуваат како и ние, една колешка вика како во дизниленд да си, кога гледаш исполнет си со радост се радуваш како мало дете. Овие празници, овој дел од годината е најубав само заради Дедо Мраз. Од секогаш ги сакам филмовите со Дедо Мраз ми причинуваат големо задоволство. Во средно трета година имавме за тема да пишуваме за не знам што а јас пишував за Дедо Мраз и добив 3 хехех. А што сум пишувала не се сеќавам.
Се верува во нешто што не си го видел. Дедо мраз е виден неколку пати на плоштад, така што нема сумја дека постои
Аха значи во Господ се верува затоа што не сме го виделе. Fair enough. Според твојот пример јас го имам видено и господ многу пати во "Македонски народни приказни" т.е. Ѓорги Колозов. Така што не верувам ни во Дедо мраз нит у Господ. Дали у ваков случај на работите ме прави да сум атеист ?
Сега шала на страна, ама прочитав дека Кока Кола го измислила Дедо Мраз, за да им се зголеми продажбата на нивниот производ во зимскиот период.
Не, јас како што знам првичниот Дедо Мраз бил Зелено-Бела боја .. али Кола Кола го искористила во нивната реклама како Црвено-Бел и после тоа така е општоприфатен како што е сега хаха
Јас не знам дали верувам, само верувам дека ако нешто премногу искрено го посакуваме ќе го добиеме секако.. И не мора да е под елката.... Ама јас за секој случај како дете мало секој ден покрај новогиодишните пакетчиња во секој маркет се лигавам, сакам едно што да не
Проблемот е што Дедо Мраз е советска атеистичка измислица која се базира на легендата за дедушка Мароз, старословенска легенда и бил измислен како конкуренција на Санта Клаус, за малите деца на пролетаријатот и радничката класа да се радуваат на поклони С НОВИМ ГОДОМ а не за БОЖИЌ, во новите стамбени блокови, на новогодишното утро, доколку биле умни и мирни во претходната година, од Камчатка до Маџари. Дедо Мраз тука стигнал со комунистите и останал до денес, тоа е факт Ако сте верници, размислете си...не е на арно да ги лажете деците со атеистичко-пагански лик, вратете го Свети Никола или Клаус што би рекле во Баварија, како што е ред. Пошто тоа ти прави неинформираноста, си веруваш, си правиш метании и оп! за божиќ - дедо Мраз-комуњар-незнабожец, и ете ти грев после... Дедо Мраз =/= Санта Клаус со кочијата со Ираси. Советскиот одел пешки а според некои традиции користел и градски превоз.
Го гледав на телевизија царот Рече дека од 4 години знаел дека не постои, ( а мислам оно дека беше 10 )
Не верувам, ама е составен од новогодишната декорација и не пречи ништо што постои како украс, помеѓу останатите, снешковци, џуџиња, мечиња, ирваси итн. Порано или подоцна, секое дете дознава дека е имагинација, но додека не знае, се радува и си ужива во детството.