Се надевам дека ќе најдете решение. За мене вечна љубов е онаа на родителот спрема детето. Таа љубов никогаш не згаснува.
Не би рекла.Имам неколку случаеви каде сум видела родителот да не си го сака детето и од дома да си го исфрли. Или кога едното го сакаат повеќе од другото.
Да, постојат исклучоци за жал. Ама барем мислам дека повеќето не се вакви како што ти ги опиша. Не е секој за родител, тоа е факт.
Верувам во вистинска љубов онаа 'Заљубена до коска' , ама ретко тие такви 'љубови' завршуваат со брак , обично нели идеш долго со партнерот и на крај раскинуваш ама уште трае таа скриена , длабоката љубов , а наскоро сретнуваш друг и се жениш/мажиш . Мажена сум , среќна сум и го сакам својот маж , ама не сум заљубена , секако не можам да се замислам без него , но онаа првата , вистинската љубов доживотно ќе си ја имам спрема тој првиот
Маж ми си го знае ова уште од сам старт на нашата врска , веќе брак од успешни 7 год. Се почитуваме и уживаме во бракот со 3-те наши дечиња тоа што се сакаме еден со друг не значи дека првата љубов сме ја закопале и непостои и јас и он си ја имаме скриено длабоко во некој дел од срцето .(така кажано од деттска перспектива)
Во брак не верувам, прво, затоа што во денешново општество релативно не е потребен бракот за кохабитација со партнерот, имање потомство, делење на имот итн. Значи од правен аспект, денес, бракот не е нужен. Во црковен брак.... ич да не зборувам, тоа е промашена приказна скроз, ќе ја скокнеме. Е сега. Дали верувам во вечна љубов? Не знам што ќе ми се случи до крајот на животот, ама знам дека 10+ години сум вљубена во партнерот. И не го сакам исто како првиот ден. Сосема е различно сакањето сега. Нема пеперутки или што би рекла @WildMk огномети... ама во овие години, не ни ги сакам. Сакам стабилност, топлина, грижа, тоа мутаво чешање, загорена тава, чорапи во сред соба за кои ќе се изнаразвикам и ќе ме послуша, па после и сѐ ќе прибере, за вербата во мене и поддршката, за искрениот страв и загриженост кога не сум добро... и обратно, од моја страна кон него - исто. Оваа љубов, мене ми е најубава, и ако трае вечно - нека трае. Нема да се жалам А да стапам во брак... никогаш не сум замислувала, сакала... не ми било важно. Јас сум јас, тој е тој, вака или онака.
Veruvav i seuste veruvam vo ljubov vo brak.Sekogas ima padovi no ako e dovolno cvrsta ljubovta ,definitivno opstanuva.Jas mislam deka na pocetok e zaljubenost megu dvajca koi vleguvaat vo brak,no podocna se osoznava sto e vistinska ljubov a ne potreba .Samo trpenie prvite tri god bi rekla,dodeka ne se naviknat deka se treba da se deli i da se priviknuvaat na novata sredina vo koja se
Бракот сам по себе не е ништо друго туку право уредување на заедница помеѓу двајца партнери. И како таков, за луѓе кои се заљубени и се сакаат може да биде целосно безначаен. Од друга страна, ако се испостави дека сепак не постои такво нешто како „вечна љубов“, тогаш и може да ни се најде тоа „парче хартија“. Во вечна љубов не „верувам“ - верувањето и' го оставам на религијата и на другите слични ствари, за кои е доволно само да веруваш во нештото за тоа да биде реално и вистинито. Љубовта, од друга страна, како и повеќето работи кои вредат нешто во животот, бара многу повеќе од верување - потребен е труд, посветеност и вложување. Но повторно, како за и повеќето работи кои вредат нешто во животот, се' што правиме и жртвуваме за љубовта не ни паѓа тешко, туку напротив, го правиме со радост, задоволство и глупава насмевка на лицето.
Против брак сум како институција, разбирам традицијата, не сакам да има удел владата, сума сумарум против сум. Има исклучоци ретки. Вечна љубов ми звучи како некој конструкт, некој концепт за бегање од реалност. Има слични по-опипливи форми на љубов. Пролазни.
Институционално, бракот претставува само уште еден образец создаден од раката на поредокот. Со стапување во брак човекот губи чувство за лична слобода, декаденција и можност за себе надоградување. Од денешна гледна точка повеќето бракови најчесто се склучуваат поради материјална корист, или одржување традиција. Без разлика дали е едната или другата причина во прашање, најчесто сме сведоци на два можни исходи - Луѓето или продолжуваат да живеат во вештачки креирана дисфункционална заедница во која не се задоволни, прифаќајки да жртвуваат одредени лични интереси, или едноставно ставаат крај на т.н. системско наметната агонија и продолжуваат со животот. Истото важи и за другите механизми за контрола како репродукцијата, одбирањето животна кариера, стремежот да се има повеќе пари итн. Такво нешто како љубов во вистинска смисла е дискутабилно дали постои. Таа карактеристика поприкладно би било да се толкува како блага наклонетост, чувство за емпатија (чинење добро), алтруизам (заради бивањето добар како етички врвен поим), отколку како контемплација на нешто кое во материјална смисла не постои, па оттаму е и непоимливо.
Цел пост вришти: спротивстави се на поредокот. Сега, не ми е јасно, дали поради тоа што си песимист, или поради тоа што се противш на ова општествено уредување? Не те напаѓам, прашувам.
Верувам во двете, родителите на дм се вистински пример за тоа... Моите феилнаа на тест за брак, а знам дека и двајцата потајно уште се сакаат... Колку и мајка ми тоа да го негира...
Ајде сега, не по врат по шија. Прво ме направи нихилист, сега и песимист. Како и да е, мислам дека лично те тангира мојот пост затоа ме цитираш. Ама не, не е мое субјективно гледиште во прашање туку реалност. Бракот е механизам за опресија и контрола, како и сите други сегменти на општествена коегзистенција во кои е вклучена активноста на човекот. Тоа не нужно ги прави лоши, но истовремено не ги ни апстрахира од слободата на избор која треба да ја има секој поединец.
Па е за контрола. И јас го напишав тоа во првиот мој пост на темава. Но не значи дека е нефункционален системот. Има хинтови дека е е можно да се распадне во иднина, но сега- за сега, и во разнишана форма, си функционира.
Ми вадиш реченици од контекст Вајлдке, и зошто доколку се согласуваш ме цитираш? Нефункционален е од практични причини кои ги образложив погоре. Поради нарушување лична интимна слобода, а (често) и одалечување од потенцијалните квалитети како надоградување и усовршување, ван семејниот и биолошкиот ,,априор".