Секоја шаблонизација изведена во рамки на системски определен процес нѐ калапира правејќи не идентични, а никој од нас не може да има исти аспирации. Бракот, токму тоа прави - копии во ,,слободата на избор" која само случајно пред 100 години била догматско must do со амин од црквата. Погрешни прашања поставуваш. Не е прашање дали и како функционира бракот, зошто да, факт е дека на макро ниво постојат ,,функцонални" бракови (што год тоа да значи). Туку прашањето е зошто е тоа морална дестинација во животот чие достигнување има за цел на личноста да и понуди лажен комфор, љубов, исполнетост и општествена прифатеност, додека сите алтернативни избори за живоствување подлежат на нормативен линч.
Не дека нема рестрикции во одност на индивидуалноста, но и било каква кохабитација и блискост со некој, исто ни ја зема индивидуалноста. Бракот не е измислен пред 100 години. Постои со илијадници години и е првата клетка од моделот на глобалното општество со милениуми. А и не е обврска, нели. Секој може да си одбере дали ќе стапи во брак. Исто како што одбираме со кого се дружиме. Не е лажен комфор. Живеењето со друг е потреба на луѓето, затоа што сме социјални битија. Статистички, самци побрзо умираат него ли луѓе со партнери. Може секако да се моделира и тоа... да живееш со пријател, или да живееш без да склопиш формален брак, или да живееш во заедница со повеќе луѓе, тоа не е ни спорно, иако бракот сеуште натега на вагата на семејство. Претпоставувам ќе има уште поголеми промени во начинот на кои се организираат семејствата, и немам проблем со тоа, но мислам дека нема никогаш (или најмалку во милениумски блиска иднина), да ја надминеме потребата од соживот (во ист дом)со некој.
Бракот како формално правен акт е мегаломански по рестриктивен од пријателски или било каков друг тип на однос кој се темели на личен избор, и на кој притоа не си секој ден ,,обврзан". Тука паралела не постои, и ќе образложам подолу зошто е така. Пријателите и партнерите ги бираш по пат на личен слободен избор (иако и тој избор е делумно ограничен), од причина што не можеш да го имаш секој што ќе посакаш, бидејќи постои услов - и тој да сака да биде со тебе. Но, и покрај тоа, вторава варијанта е сеуште далеку пофина форма на експресија за разлика од бракот кој го одредуваат илјада свечени чинови и церемонии (кои аген - само случајно постојат како такви, не дека се наметнати, недај боже ) Yeah, sure. Баш стапувањето во трајна љубовна заедница без оглед дали истата е формално или неформално конципирана ќе биде главната одредница дали некој ќе живее 30 или 50 години помалку. А што ако некој не сака? Каде е местото за еден индивидуалец под ова сино небо доколку одлучи со никого да не го дели личниот интимен простор? И зошто мора да се креираат заедници за да се живее со некого? При редактирање, неслучајно горе го наведов нормативниот линч - затоа што го прохибира правото за индивидуализам. Вајлд, прочитај уште еднаш што имам напишано. Реков - пред само 100 години беше морален, не реков дека постои само 100 години. Дека изборите за стапување во брак ги носиме исклучиво на свесно ниво, без притисок не се согласувам. Тука, вредносниот систем и околината играат пресудна улога, и ја косат личната независна без - екстерни сугестии донесена одлука. Бракот е толку длабоко инкорпориран во човековата свест, што знак прашање е колку уште време треба да помине за луѓето да сфатат дека може сосем нормален живот да се живее институционално независно од еден ваков корпус. Не, не е така, не може да биде исто. Со другарот или љубовникот со кој се гледаш колку сакаш и кога сакаш, не покренуваш бракоразводна постапка, лупајќи си глава дали и колку ќе добиеш на суд, и кому децата ќе припаднат. Знаеш, несекогаш околностите при развод се идеални кај двајцата брачни партнери, и затоа неслучајно во првиот пост спомнав дека ги граничат личните можности, потенцијали и потреби..
А кај реков дека мора секој да стапи во брак? Но сепак, сме социјални битија и ни е потребна кохабитација од некаков вид. И повеќето од животните живеат во заедници и имаат некакво социјално уредување. Таа статистика за корелацијата меѓу должината на животниот век и живењето со некој/живеењето сам, ја имам некаде прочитано ... уште пред неколку години. Беше некое истражување.
Директно не рече, но индиректно чувствуваш потреба да ми докажеш дека е ова одлика на едно ,,здраворазумско" општество, иако не е. Ние овде две страници наназад не водиме дискусија за тоа како не треба да постои социјална интеракција меѓу луѓето, туку зборуваме само за една форма на уредување - брак, која не станува збор дали и колку е функционална во овој свет полн лаги, туку зошто воопшто постои, и со која цел е генерирана.
Ниту реков, ниту мислев, ниту директно, ниту индиректно. И нетуку ми ставај зборови во уста(тастарура). Генерирана е со цел да се одржава формата на социјалното уредување во глобалното општество.
Абе не ми е за тешење. Јас така мислам. Затоа и те препрашував да ми објасниш како ти го разбираш. Ме интересира. Затоа и дебатираме на форумов. Заради наметната моралност? Таа е единствена причина?
Brak e institucija, so pravila, normi itn. Drzava, crkva, opstestvo se veshtachki tvorevini za kontrola na individuata. Ne veruvam vo brak , drzava , crkva, opstestvo. No veruvam vo vecna ljubov, Bog, humanistichki nachin na zivot I tvorenje.
Еве најдов линк кој е од 2012. Не сум навлегла подетално да истражувам, само го кажав како нешто што сум го прочитала пред години. Донт шут д месинџер https://www.cbsnews.com/news/loneliness-living-alone-may-lead-to-a-shorter-lifespan/
Ама нема поента, барем за мене. Нема да бидам поверна ако сум мажена, ниту пак мислам дека партнерот ќе ми биде попосветен ако чкртнеме потпис. Припадноста, верноста, не се дефинираат со договор. Верувам дека секому му треба партнер, но под тоа не подразбирам брачен партнер
Па не сум баш сигурна дека секој има право на избор. Секако дека има, со Устав имаш загарантирани права и слободи, но тука збориме за еден друг момент - околина, и другите луѓе во истата. Прво, што ти гарантира бракот? Што ми гарантира? Што ќе добијам со него? Еве сериозно не знам. Од која причина би била во брак? Кои се разликите помеѓу вонбрачна и брачна заедница?
Па не ти гарантира ништо посебно. Затоа секој си има право на избор. А околината... Ехее.... дали за едно зборува. Затоа се обидуваме да ги рушиме стереотипите. Она што @Nigredo Odor го објаснуваше дека сме во робовско општество.... овој е патот по кој ќе се оди, со баааавна едукација. За ова треба на секој поединечно да му се објасни ми се чини Големите промени не се случуваат преку ноќ, им треба време.
Јас и' го сфатив муабетот, ама обично претпочитам во посимплифицирана форма да зборувам, посебно во 3 сабајле Јасно е зошто пред 100, 200, 1000 години се склучувал брак, но која е реалната потреба денес? Бракот бил вид на опресија, морална, општествена опресија. Но во денешниов свет, што не' спречува да живееме кој со кого сака, без чкртки, освен комшиите? Денес теоретски бракот не е ропство, или пак некаква стега, иако, во пракса секако се други ситуациите.
Абе искрено, и јас за многу работи не сум романтична, ама еве со прашањава твои, ме натера да помислам на тоа, како клекна на колено пред мене да ме запроси, па како јас липав ко кишна година, иако унапред бевме договорени да ме побара и прстените ни беа купени 5 месеци порано Едит: Да додадам дека и датумот кога ќе ме побара ни беше договорен со месеци унапред . Абе детска радост!