Мене мојот кога ми кажа дека ме сака, првиот пат, јас искоментирав некоја глупост како "абе ајде не се за**авај сеа, од кај вакви муабети" Теле сум малку, знам. Инаку, пошто не сум романтик и нејќам изненадувања, се' со време си кажувам, да не дојдам во небрано. Па така, уште пред години, му реков на крај памет да не му паднало да ме бара за жена додека јас не му кажам Па на оваа годишнина, му реков дека на следната, јубилејна, очекувам барање, пополнет образец, ма сВе Иако не ја гледам смислата на бракот, да, планирам да се мажам, чисто да имам кај да облечам балски светкав фустан, а да биде прикладно А и да можам да си пишувам кај свекрвине без да ми викаат "немажена"
Абе и ти како мене си. До пола романтична Јас ден денес така му зборувам на маж ми. Ако ми рече: Те сакам, ја ќе му одговорам со: Не туку бладај!, или: Шо те в'ркна сега? или нешто во тој стил.... Антиталент 100%
Бракот го гледам на мој начин како двајца другари истомисленици, партнери, љубовници... Без оглед што ми оди да го треснам од земја некад мм, не би го менувала, гледам дека кога сме заедно топ функционираме, си се тераме кај не треба и пак не си замеруваме. Не би експериментирала никад со партнери зашто сите имаат маана а мојов си е мој и ми одговара скоро со се. Да мислам на моментална страст, што би било и како би било со друг на памет не ми оди, каков си е таков си е мој си е. Само мн ме нервира размислувањето на народот. Пр ако некој/а не е мажена/женет одма " олош човек е затоа никој не го зима". Абе секако! Ако ја сакам брак некој не сака бе! Само веќе што ништо не ме изненадува.
Љубовта трае онолку,колку ќе одредиме ние/околностите Монотоно и досадно ќе биде секогаш дури не се потрудиме наредниот ден да е поразличен од предходниот Се зависи од нас,начинот на кој размислуваме и гледаме на бракот и љубовта Бракот може да биде и многу возбудлив
Во брак верувам, во вечно почитување верувам, во вечна љубов (ако под тоа подразбирате пеперутки, емотивна наклонетост и слично не верувам). Љубов може да значи и нешто друго како љубовта која ја имате кон родителите, пријателите, роднините, така љубов може да има и меѓу партнерите и може да биде вечна. Под таа љубов се подразбира почитување, разбирање во однос на туѓите желби, цели и односување, начин на живот. Под таа љубов подразбирам и помош меѓу партнерите, сочувство, желба за да се излезе од недоразбирањата со споделување на своите мисли и чувства и прифаќање на различностите.
Да, верувам во успешен и среќен брак исполнет со безрезервна љубов како на почетокот, па и повеќе со тек на време. Поебно кога е духовно потркепен, тешко некаква сила да го уништи сето тоа.
Склучување на брак според мене е чиста формалност. Партнерите доколку се сакаат и почитуваат може да живеат заедно и без склучување на брак . Склучувањето на брак не претставува никаква гаранција за што ќе се случува понатаму. Верувањето во вечна љубов е чувствителна и конфузна тема за многу луѓе. Зошто е тоа така? Можеби јас ќе ја сакам и почитувам партнерката како и претходно и љубовта кон неа со текот на времето да станува поголема, додека од друга страна може таа со текот на времето да не го чувствува истото тоа кон мене и обратно. За опстојување односно за негување на љубовта е потребен ангажман и залагање на двајцата партнери. Плод на ова залагање и ангажман на партнерите ќе биде вечната љубов.
Нема никаков филм, и не знам зошто не ставаш во исти кош. Не прочитав меѓу вас цитатите, јас лично не го разбирам прашањето и немам зошто да посветам време да лупам глава на нелогично прашање да дам логичен одговор.
Верувам во љубов. Бракот е ОК,иако не сум многу за церемонии,цркви, и свадби од традиционален тип. Ако можеме да се погледнеме во очи и да си кажеме што чувствуваме еден кон друг,ако постои искреност, отвореност,емпатија и взаемно разбирање и почитување,кажи каде да чкртнам. Не гледам на бракот како на нешто што ме држи во окови и би ми создало притисок. Повеќе го гледам од аспект на тоа дека луѓето се слободни духови и треба да се чувствуваат слободно во рамките на параметрите зададени од еден моногамен однос. Како на заедница каде другата страна ќе ги разбуди оние мои позитивни аспекти и обратно. Музички бенд каде секој ќе направи одреден компромис во интерес на заедничкиот “проект”,а притоа нема да се чувствува лошо поради компромисот,затоа што заедничкото е во фокус наместо индивидуалното и себичноста. Како на заедница која има моќ да создава,креира и мотивира...
Верувам во Брак и „Вечна љубов“ дека е можно но знам дека треба напорно да се работи за да се оствари... како на себе така и на партнерот
Верувам во брак, а не можам да речам верувам во вечна љубов во смисла она јас не можам да живеам без него туку верувам во едно взаемно разбирање на двајца партнери, почитување меѓу себе и разбирање. Љубовта односно заљубувањето е нешто на почеток на врска да речам кога ти си заљубен во замислата за партнерот што ја имаш се дури не го запознаеш па да види дали тој ќе ја има твојата целосна почит и разбирање што може да се круниса или не со брак. Бракот како институција го поштовам, ама не ги сакам оние наши претерани навики на веселби кога е чинот на склопување брак, некако ми се ту мач, ама верувам дека и јас ќе имам голема свадба, не дека јас сакам туку дека моите и неговите родители ќе го сакаат тоа.
Не верувам ниту во брак, ниту во ВЕЧНА љубов. Исклучиво верувам во чиста емоција, сеедно дали е моментална или трае се додека трае. Не постои нешто како вечно и ништо. Постои сега и овде.
Бракот во својата граѓанска форма е институција уредена од државата. Така што не знам што има за верување, односно не верување тука. Како таква форма постои, каде со “малку” пари, ќе си ја направиш врската легална брачна заедница. On the other hand, неговата црковна форма се повеќе се комерцијализира со годините. Па ниту тоа не ме привлекува. Затоа за нас одбравме најинтимна можна атмосфера. За некој месец, сами јас и тој и свештеникот, во еден манастир на планина. Бесконечен мир доволен да си ги слушнам гласовите во својата глава и единствено камбана чии ѕвона ќе ја пробиваат совршената тишина. Никакви поголеми помпезности. Никакви гужви и никакви усилности. Иако веќе мислам дека сум многу благословена имајќи таков човек покрај себе. Верувам во љубов. Во секаква љубов. Оти секоја љубов е различна, посебна и единствена приказна сама по себе и нема уште една таква. Верувам во чиста, неизвалкана љубов. Верувам во филмска љубов. И секоја љубов ќе трае се додека луѓето ја одржуваат, вложуваат и веруваат во неа. Оти еден кога сака малку е... А за вино, танго и љубов, потребни се двајца.
На зборот и потписот "брак" гледам и мислам на двајца партнери кои најпрвин меѓусебно се двајца најдобри другари, па потоа љубовници, родители, колеги, уредувачи на сопствениот дом и вљубени. Бракот не е вечен, вечна е почитта, разбирањето, компромисот, вистината, разговорот и поткрепата меѓу себе. Цврстиот оклоп кој ги држи.. За мене ова е бракот, околопот што не држи и прави силни да преминеме заедно и преку најсилното..и планините да ги помрднеме заедно, се ова може да биде вечно ако биде негувано и сакано од се срце и душа. Исто и љубовта.. Ако се негува и вреднува, ако се љуби и доживува, ако се одржува .. ќе е вечна.. ќе е вечна ако е тој вистинскиот, ако двајцата се држите еден до друг.. А збоовите сами по себе не ми се никаков репер за вечност. Вечноста е во емоциите, почитта, подршката, компромисот и убавиот збор и мисла..
Верувам во вечна љубов, зошто сум била сведок на љубовта која дедо ми ја имаше кон баба ми. Луѓе на крај и алцхајмер му дијагностициираа пред да почине и до пред да дојде до последна фаза, од уста не ја извади баба ми: жена ми најдобра, најдобра баба, жена, мајка,домаќинка, се, само она ко што знае да готви друг никој не знае.. и двајцата се сами си печалеа и фала богу многу убаво си живееја. Е тоа мислам е љубов. Во денешниве бракови не верувам многу иако сум мажена
Верувам, ако двајца работат на својот брак. Во вечна љубов, хмммм, вечна како доживотна или како една единствена во животот. И во двете баш не. Ама верувам во љубов , оти ја чувствувам и ја примам.
Ако се со здрав разум да. Да знаат во што се впуштаат. Дека не е исто како во врска. Има повеќе обврски. Па вероватно тогаш ќе се види и љубовта. Ако се сакаат во се ќе бидат заедно. Џабе не се рекло во добро и во зло. Оној кој дели работи на машки и женски, оној кој е постојано уморен, кој не е присутен дома со семејството не треба да е во брак. Ако маж ми дојде од работа и после ручек легне и не стане до вечерта, не му се посвети на детето, не одиме никаде заедно, не ни посветува внимание јас не би можела да издржам. Ние гледаме колку можеме да си помогнеме. Секоја шанса ја користиме за тоа. Ако заедно ги завршиме обврските ем ќе бидеме побрзи ем повеќе слободно време.