Друже, со закаснување ти ја читам темава. Ај со една реченица и јас да ти одговорам : Не верувам во среќен брак, не верувам во вечна љубов , доколку некогаш дојде до тој чекор не сакам веренички прстен, не носам никакви додатоци врз мене, не сакам никаки церемонии, свадба и такви глупости , поарно ќе се замини на меден месец некаде отколку правење фешти и лигавење за пред народ. Ахх да , верувам во отворен брак бидејќи денес цвета швалерај, па барем да бидеме на чисто. Имам спомнато и не знам по кој пат ќе се повторам : страшно мразам глумење и правење среќен за пред народ, ми се повраќа од глумци
@Mr. Right и @Herrera ќе се земат, ќе прават голема свадба, а @Dadusicka и @WildMk ќе им бидат сведоци (кума и старосватица ако се венчаат во црква). Јас и @M&M ќе јадеме пирошки и похован кашкавал и од маса ќе играме. Освен ако сме прејадени, тогаш нема да играме. Тогаш само ќе јадеме Инаку на темата, да, верувам во нашиот брак. Затоа и стапив во брак. Може нема да биде љубовта секогаш иста како на почетокот, ќе се менува јачината и интензитот, обликот, но ќе постои. Барем се надевам. Е сега, за да опстане брак, треба и двајцата да веруваат и да вложуваат во истиот. Еден ако се откаже, другиот што и да прави, ќе биде џабе.
Постои. Колку луѓе познавам што се во вечна љубов, и многу ми е мило кога гледам како се однесуваат еден кон друг со внимание. Пример-мајка ми и татко ми. И се потскарувале и дискутирале на глас за ,,проблеми,, кои главно се однесуваа на нас децата или за купување дома, за инвестиции...ама во главно имаат разбирање и почитување еден кон друг. Дури кога мене првиот брак не ми успеа, некако потсвесно ми беа шаблон како треба да изгледа еден солиден и хармоничен брак.
Не душо, вечна љубов не постои..тоа што го гледаш кај твоите родители е една взаемна подршка, две тела претворени во еден дух, зависност, баланс, пожртвуваност еден за друг, ...љубов е сосема друга работа..
Е де бабо кажи ми, баш ме интересира Пеперутки во стомак е љубов за тебе? Занес е тоа ! И во школо учевме дека од платонска преминува во класична љубов кога двајца сексуално општат, за да после се претвори во заедничка љубов кон нивните деца и на крај да заврши со држење за рака на стари денови. Навистина незнам што подразбирате по поимот ЉУБОВ. Тоа е нормален процес на љубов само што ги менува агрегатните состојби За вечна за себе незнам да кажам, ама еве јас сум ти сведок на постојана, константна љубов помеѓу мене и мојот маж. А дали ќе биде вечна, ќе ти кажам на оној свет, зашто незнам до крај на живот што ќе бидне
Ако така гледаме ондак не постои никаква љубов. Не знам зошто сите под поим љубов подразбираат лигавење и папучарење. Никогаш не сум сакала маж ми да е заљубен во мене, тоа е минливо, сакам да ме сака. Дали мислат дека до крајот на животот треба да се бакнуваш кај стигнеш за да се покаже некоја љубов, или да се испишуваат транспаренти. Љубовта во брак, со деца, воопшто не наликува на онаа од врска. Го гледаш тоа мало сусштество што си го создал. Се прегрнуваш, си велиш ајде да направиме уште некое вакво. Си велиш ете ја совршеноста, нема ништо поубаво, наше е, ние го направивме. Сакаш да ги поминуваш повеќето мигови заедно, небитно што правиш, макар и само да седиш и гледаш тв. Се радуваш на секој ден убаво поминат. Го планираш и си го замислуваш живото понатаму. Сакаш да успеете заедно во се што сте си замислиле. Ако не постои бар една искра, се ова ќе биде досадно. Не барам злато, цвеќиња и други поклони, не барам светот да знае дека ме сака. Само сакам да е тука до мене, до нас. Многу исфилософирав сеа
Верувам и во брак и во вечна љубов. Верувам кога си венчан со вечната љубов а верувам и кога си венчан со еден а вечната љубов е некој друг. Верувам во една и единствена вечна љубов. Верувам и во повеќе вечни љубови. Верувам во љубов кога сакаш со стомак, кога сакаш со срце и кога сакаш со глава. Верувам и кога сакаш со комбинација од овие три. Верувам во сите облици и форми на љубов
Мене најубаво ми беше бе вчера Јас и маж назад дете си спие во седиште он вози си праеме муабет за нас... за љубов... за деца ... за дом у така Чат пат ќе го бакнам на раката Надвор си врне ние гушнати заспиваме еден до друг Или кога му правам омилено јадење немам збор да опишам колку е задоволен така гладен кога иде од работа па ме гушне ме бакне па седнеме ќе јадеме Љубов бе Па шо
Хаха па шо знам ете.. Тоа е некое мое мислење. За вечна љубов постои само една-спрема децата. А брак хммм..на почеток страст, а потоа само навика.
Верувам во вечна љубов, верувам и во брак ама за тоа се потребни и двете страни да соработуваат, да веруваат во истото и да сакаат да успее. Љубовта треба секој ден да се негува за да не стане навика. Можеби понатака кога ќе се омажам ќе сменам мислење ама за сега мислам дека има вечна љубов, баба ми и дедо ми ми се пример од близина и има уште такви наоколу. Ретка е, но ја има.
да,дури и во историјата имало големи љубови,јас мислам дека само недуховно освестени луѓе не можат да ја осетат
I sto ako veruvav posle 11 godini brak se sluci si se zaljubil covekot kvalitetno I me napusti mene I moeto maloletno dete bez oko DA my trepne I so nisto e e vecno pa ni ljubovta
Верувам. И во среќњн брак, и во вечна љубов. Ама не одат секигаш двете заедно. Среќниот брак бара доста вложување. Не оди само од себе како подмачкано.
Не. Верувам во брак, ама според мене љубовта не трае вечно. Мислам дека бракот до крак го држат почитта, слогата и довербата, а најмногу од се - потребата да бидат заедно и да си помагаат до крај на животот. Можеби па ова што го пишав ја опишува љубовта..