Воздржана сум. Не можам да кажам верувам или не верувам. Кога ќе остарам ќе можам да одговорам на прашањето.
Не постои вечна љубов според мене, после одреден период само ја почитувате и се навикнувате на личноста, а бракот е само формалност.
вечна љубов не постои ! за брак ДА но тоа е повеќе навика и обврска отколку љубов за жал во право си многу гледаш филмови
Турците имаат нешто што го нарекуваат ашк и севги. Ашк е нешто како љубов - огромна привлечност и сл. Севги веќе е чекор понапред - почит и разбирање. Верувам во вечна Севги - имам многу примери наокулу.
Порано според мене на бракот многу поголемо значење му се придавало отколку денеска и, според мене, тогаш и повеќе имало лојалност отколку денеска. Луѓето го ценеле и многу повеќе животот со својот партнер или партнерка и се бореле за тоа да им опстане бракот со сите сили. Под вечна љубов не се подразбира тоа да секогаш кога ќе го погледнеш својот партнер или партнерка да ти играат пеперутки во стомакот, и тоа додека сте живи. Тука станува збор за многу поголема работа а пеперутките се минлива работа. Што значи не може зборот „вечна љубов“ да се заснова само на хемијата, тука има многу повеќе. За да има еден успешен брак и една успешна вечна љубов треба да се партнерите луѓе кои ќе можат да сметаат еден на друг во секое време, да си пружаат поддршка еден на друг во тешки времиња, да се лојални еден спрема друг и да постои одлична комуникација меѓу двајцата, без никакви граници и со неограничена доверба и да се спремни на компромиси во животот. Ако овие темели се изградат во еден брак тогаш ќе има и вечна љубов. А денеска тоа го нема, барем во повеќето бракови. Има премногу луѓе кои влегуваат во брак и за една година се разведуваат, токму поради тоа што ги нема овие работи што ги набројав горе, според мене.
Јас верувам, не се водам од личен пример, за себе ќе знам кога ќе остарам, ама верувам дека постои, еве нам денес ни е 15 годишница со сопругот, догодина 10 од брак, сега за сега сеуште сме заљубени, имаме одличен однос и меѓусебно разбирање, понатаму ќе видиме како ќе биде, се надевам дека вака ќе остане. Врските бараат посветеност, треба постојано да се вложува, исто како да додавате вода на едно растение за да остане зелено и да цвета. Турболенции во бракот секогаш ќе има, како и во врските, имало и ќе има и расправии, но најважно е расправиите да се за неважни работи и тоа не значи дека љубовта ја снемува или дека бракот се распаѓа во тие моменти. Лошо е ако настанат сериозни проблеми, ако лесно почне да се губи трпението и толеранцијата, во тој случај веројатно почнува и љубовта да испарува, а да не зборуваме за неверства, кога љубовта станува еднострана, за кратко време преминува во омраза.
А оние кои се разведени, а имаат деца? Децата еден ден си заминуваат од родителите и одат по нивен пат , така да не се согласувам.
Вечната љубов во бракот може да ја одржат само партнерите. Секој брак не вклучува деца. Партнерската и родителската улога имаат различна тежина и значење и не се споредуваат.
Во вечна љубов не, како и да е со тек на време ти станува навика со некој да живееш и споделуваш секакви моменти.
Во вечна љубов верував во младоста,затоа и сакав да се венчам во црква,за и на ној свет да сме заедно..демек,колку бев глупава.Но сега никако.Ништо не е вечно па ни љубовта бледнее со проблемите,а посебно со раѓањето на децата,имањето немањето пари,домашните и околината кога се меша и ред други фактори пријатели ,колешки, нови познанства,...чест на исклучоците секако...имаше и некоја студија која велеше дека кризите во бракот најчесто почнуваат по седмата година. Во брак не верувам,ни во хартија,живеј со некој дур ти е добро и не пропаѓаш психички и физички ,чим осетиш не бива бегај,многу е побезболно од разводот..мада секој крај е тежок. п.с. Секоја чест на исклучоците кои надминуваат се.Многу малку парови познавам кои и после долги години се во брак ,заљубени сеуште и се верни еден на друг.
За жал не верувам во вечна љубов..верувам во брак ама во вечна љубов не. Мислам дека после долги години брак не останува истата љубов и емпатија, туку навиката на партнерите еден за друг првенствено, одржување на бракот поради финансиска завист, поради децата итн.. И искрено многу се плашам дека еден ден може да ми здосади од маж ми или да го отсакам.Ако имаме дотогаш дете/деца ќе биде тешко за нив, бидејќи од моја страна бракот веќе нема да е ист и ќе барам развод секако.