Порано не верував, но сега да, верувам. Има многу луѓе кои цел живот се вљубени во истата личност, сфатив дека зависи од тоа како човек ќе си уврти во главата.
Нема што да верувам. Јас знам дека постои и вечен брак и вечна љубов. Тоа дека "бледнее" љубовта сама од себе ми е смешно. Љубовта не бледнее, љубовта е нешто најдобро што може човек да го доживее. "бледнее" поради тоа што луѓето не знаат што е љубов и дека љубовта не значи да најдеш некого и да го прилагодуваш според својте себични потреби, па мислат дека не постои љубов кога ќе наидат на некој кој не планира да трпи наметнување на моќ. Жал ми е за сите што не доживеале љубов и не веруваат. Ама за да веруваш во љубов не треба некој да те сака. Ако ти знаеш како некого да го сакаш, како не би верувал во љубов. Ама ги мешаат малку луѓето поимите љубов и на пример љубомора. Од што премногу го сакам не смее да се дружи со други жени. Не баш..се сакаш само себе си и се обидуваш својата себична потреба да ја задоволиш. Ако кажам не верувам во љубов значи и јас не знам да сакам. А обично тие што велат не верувам, најмногу се жалат како никој не им се погодува...
Не, чувството на заљубеност е хормонска реакција. Сепак, во меѓусебно разбирање, компромис и помирување со системот дека мора да се влезе во брак заради ,,така мора" агенда верувам.
Во бракот како "доказ" за љубов не верувам, во вечна љубов - да, но сепак се зависи од поставеноста и комуникацијата на партнерите.
Вечна заљубеност - не баш. После 5 години заедно, сеуште сум затрескана. Дали ќе биде со истата мера после 10,20,30 години, не знам, ќе видиме. Вечна љубов која за мене иде hand in hand со взаемната почит и разбирање така да во тоа верувам. Брак ми е исто со заеднички живот (плус/минус деца) - не мора да е на хартија, ама е договор меѓу двајца, ветување - вака издефинирано, верувам и во брак.
Во брак не верувам, во вечна љубов да. Според мене не мора да си во брак за да бидеш засекогаш со некого и да се сакаш, да ја негуваш и одржуваш љубовта со таа личност. Јас сум во долга врска ама не се пронаоѓам во тој концепт “брак”. Не знам, можеби заради некои “бенефити” (ако ги има) би размислила за официјален брак. Не сум истражувала на оваа тема. Сè повеќе ме нервира она “ајде кога ќе се земете, ајде кога дечиња” и слични муабети од околинава. Мој живот - моја работа. Такви се сите во државичкава, мислат дека ако стапиш во брак си го постигнал врвот во животот. Некои парови и 10 години да се заедно во врска, џабе е тоа чим не се во брак. Некои пак, ќе се земат за 1 година и одма на пиедестал ставени како нова планета да откриле. Стварно не знам зошто имаат ваков менталитет луѓево. Сепак, на крај на краиштата секој си знае што е најдобро за себе
Љубовта постои. Верувам во неа. Али многу зависи од човек до човек. Е сега,последниве години што све имам видено слушнато и доживеано. Ме тера да не верувам во вечна љубов. Жена му дома деца му чува овој иде по други. И обратно. Лаже дома демек многу работа имала денес или гужва у сообраќај, банки, а таа швалерај тера. Нема денес љубов.. што знам.
Никогаш во животот не сум била заљубена подолго од 2 месеци, со секој ме мава досада. Кога ќе се омажам тоа ќе биде за да створам фамилија со некој, дека ќе бидам вечно заљубена знам дека нема never everrrrrr