Па ќе си го сакам јас мажот како човек со кој имам фамилија, дом, секс и разбирање. И децата ќе си ги растеме и воспитуваме заедно и ќе имаат доволно љубов од родителите... Тоа што нема да осеќам пеперутки во стомакот и вљубеност е друга работа.
Арно ме лајкна @gjoker4e сум си го заборавила мислењето 5 години подоцна, уште брак не гледам како нужна потреба. Не сум ни со истиот партнер веќе, така што... може со некој да решам дете да имам, убаво е да не си сингл и да имаш некој во животот, ама се' уште не можам со мирна совест некому да ветам дека баш секогаш и засекогаш ќе го сакам. Така што, освен ако немам потреба од логистички/правен аспект, не би стапила во брак никогаш, емотивна потреба од истиот немам.
Пребарував на лупата за да проверам дали сум нормална. Скоро сите мислења што ми излегоа беа твои, мора да си водолија во хороскоп или во подзнак во месечина во било што. Јас сосем поинаков живот живеам од тоа што имав зацртано поради тоа што се случи нешто непланирано. Венчавка, матично, свадба како низ магла ги поминав. На матично и во црква се прашував што ме снајде со сите тие говори во кои не верувам, и со сите тие прашања кои не ги ни дослушував ама викавме ‘да’. Доброто е што маж ми знае се. Не е дека не сум му кажала нешто. Свадбата е најголемиот театар со цела фамилија што пола не ја познаваш, со 48% од другата половина или ти ги мразиш или тие тебе и само 2% ти се вистинска фамилија и пријатели. Не верувам во брак ко брак. Верувам во успешен брак од 40 години во кој минимум барем еднаш едниот отишол на страна. Не верувам во вечна љубов. Верувам во вечна љубов која трае 10-20 години и ја глумиш уште наредни 10-20. Посебно во глумените години објавуваш на фб колку многу се сакате и колку долго сте заедно и мед млеко ви тече, а дома се мавате со тенџериња. И верувам во брак и вечна љубов одеднаш во која и двајцата живеат свој живот ама официјално живеат еден.
Не. Се е минливо и релативно, па дури и љубовта, и љубовта во брак. Што подолго сме со некој потсвесно се навикнуваме на неговиот мирис, допир, па тука е и почитта, потребата... Љубовта некако испарува
Верувам во брак, верувам во вечна љубов. И покрај тоа што мојот брак се распадна, јас уште не ја изгубив надежта дека можам да бидам среќна во брак со некој друг. Но, исто така верувам и дека покрај љубовта, потребни се и многу други работи за да опстои бракот како што се почит, доверба, разбирање.
Да верувам и во љубов и во складна долготрајна врска (дали е законски брак или е долготрајно партнерство не е битно).
Верувам во врска полна со љубов и разбирање. Во брак сакам да верувам, дека може да биде полн со љубов, ама некако не сум го видела тоа. Можи дека треба попуст од двете страни, а тоа денес со вакви егоисти, малку потешко. Мислам дека заедничкиот живот за маж и жена е blessing and a curse. Од една страна имаш некој покрај тебе, од друга знаеме дека како полови сме дијаметрално различни и не се сфаќаме. И трето, ако не си самостоен маж и чекаш жената да биде мамичка, тогаш жената ја губи почитта кон тебе. Многу мажи овде не го сфаќаат тоа, патријархатот го користат во нивна полза. И затоа има се помалку успешни бракови и врски. Социјалните мрежи се deadly за една врска, ако сакаш да потрае деактивирај се и биди транспарентен кон партнерот. Во која утопија живеам јас.
Постои вечна љубов,ако имаш среќа да ја најдеш и останиш со неа.Ако ја утниш,за жал ќе веруваш во спротивното