Форумџика на годината

Дали ви е важно машкото да може физички да ве заштити?

Дискусија во 'Врски' започната од red2323, 10 март 2023.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    @red2323 златен, толку си искомплексиран, несигурен и толку си плиток во размислувањата што верувај, токму тоа е причината шо не можиш женска да си фатиш, а не оти не знаеш шамари да маваш на други мажјаци :D
    Сакаш искрени одговори? Ете ти искрен одговор... жените сакаат цврст карактер, а не цврст мускул... мускулите се онака екстра, добредојдени, ама не и пресудни. Па сега ти како сакаш сфати. Ако не ти се сфаќа уште, планирај да си останиш сам уште така подолго време.
     
    На awkey и sweet dreams ** им се допаѓа ова.
  2. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Не е клучен фактор но секако дека би било подобро ако физички е солидно подготвен и во случај на потреба од одбрана соодветно изреагира. Да побегне би било без врска, никој нормален не би требало да ја оставил партнерката во опасна ситуација сама. До сега не сум се нашла во некоја таква непосакувана ситуација каде партнерот би требало да реагира ама мислам дека е добро спремен за такво нешто. Безбедно се чуствувам ако ништо друго. Не би ми било на пример исто кога сама навечер би требало да поминам низ некои темници каде нема жив човек и ако тој е со мене.
     
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Од курназ има покурназ, мене најважно ми е сама да можам да се заштитам.
     
    На Petar Pan 085, sino.o.oka, sweet dreams ** и 1 друга личност им се допаѓа ова.