Ако избега мислам дека би ми се изгубила привлечноста а ако проба и изгуби воопшто не, баш напротив. Физички секогаш некој може да биде посилен. Многу примитивно е тоа размислување има многу попривлечни работи од имање физичка сила. Можеби во минатото каде што чести биле тепачките на жените им биле попривлечни такви типови пошто се чувствувале позаштитени. Сега многу поважно е интелигентен да е отколку физички јак.
Според мене тепањето е најниска скала до сељачизам, шознам така го гледам. Во денешно време ние жените сме од толку многу страни нападнати а тоа не подразбира физичка пресметка. Доколку некој сака да ме заштити може тоа да го направи и без да се тепа. Така?
А што, ти си изгубил во некоја тепачка па те оставила девојка ти ? Јас сакам мажи кои комуницираат со интелигенција, не со боксови.
Некогаш мора да се тепа. Ретки се тие случаи но еве може некој што е пијан ви се пушќа и станува насилен или нешто слично.
Ај ќе ти одговорам, ама имаш комплекси. Get over it Ако сум во врска со некој и дојде до физичка пресметка за да ме заштити и не успее во тоа, нема да го оставам. Многу побитен и подраг ќе ми биде фактот дека пробал да ме заштити, а не да биде пи*ка некоја и да избега и да ме остави. Зрелоста доаѓа со годините. Ако некоја девојка остави дечко зашто изгубил во тепачка, би и дала 13 години.
Па дури ни тогаш не гледам причина за тепање. Зависи од ситуацијата, игнорирам, викам обезбедување (ако сум во некој локал), или евентуално се повлекувам јас... Има многу начини, попаметниот попушта... Физичка пресметка
Како можеш да знаеш дека ќе изгубиш без да го знаеш противникот!? *малку на немање самодоверба ми личи ова