Брат ризичен сум со мажјаци на моја сила итн, ама да си земам беља да се молкнам по полиции и докажување зошто го напрајв растурено месо во тава, не. Пробувам учтиво да се разберам со деца. (за вакви правди делење, ваљда некош че го кркам копано негде, ама засеа арен сум )
Искуство од близок случај пред некој ден. Колку и да звучи себично, во вакви случаеви најдобро е чоек да не се меша. Прво не знаеш како ќе заврши за тебе, бокс во стомак можи се трпи, но не знаеш со кој си имаш работа и не се ретки тепачки кои завршуваат со убоди од нож. Второ можи да заврши лошо и за неа, во моментот можи ќе замини, ама утре пак ќе ја натера да излезат па да јади ќотек дупло оти ќе си мисли дека ти и' си нешто па затоа ја бранеше. За темата, не сфаќам шо е поентата ама не, не би сакала да ме брани некој. Доста ми е сама да си се сожалувам, не можам уште еден да носам на душа.
Има случаеви кога е дошло до полиција и девојката која е тепана да сведочи против тој што ја брани.. Мој другар беше во таква ситуација ама на крајот глупачата призна дека нејзиниот дечко е виновен..
Многу површни и плитки мислења имаш, вклучувајки го и ова. Те пратам доста време. Инаку за темата, битно е да сака да Ве одбрани, не туку да бега. Но се со оглед на ситуацијата. Ако некој ме нападне и тој ме остави да бидам претепана или слично и не превземе соодветни мерки во зависност од ситуацијата, тогаш доживотно ќе ми се згади од тој тип.
Сакам и да ме одбрани физички и така да застане од моја страна ако некој вербално ме нападне (во некој ситуации). Не ми е гајле дали би победил или не ама битно ми е да знае да ме одбрани. Дури и рандом некој од улица ако не реагира во одредена ситуација да одбрани некој, за мене е помалку маж. Имав искуство со еден бивши дечко, така си одевме накај дома и зима беше, накај 10 саат и манијак излезе пред нас. Ликот со сиот акл почна да се крие зад мене. Јас се почувствував многу похрабра од него, како јас да бев мажот во врската. Втора случка со истиот лик пак на истата улица, кучиња не напаѓаат, овој пак се крие. После втората случка, не минувавме од таа улица, страв ми беше да не треба да се тепам, овој да треба јакната да ми ја држи и да навива Инаку што би барала со ваков? Зашо јас сама да се бранам кога има некој до мене што природата го создала посилен? Ако сум сама на улица, тогаш ќе давам се од себе, а во спротивно зашо би?
Затоа другар запиши се на карате и ќе можеш да тепаш покрупни и посилни од тебе петти дан карате мислам ќе заврши работа ниедна девојка нема да те остави бидејќи незнаеш да се тепаш
normalno deka treba da me zastiti ama sigurno i jas nema da sedam i da gledam ke mu pomognam,dvajcata zaedno sme posilni,a ako ne napraj nisto togas kraj,zboram za bilo kakva situacija
Со еден бивши дечко одамна, како тинејџери, не нападна лудак. Се враќавме накај дома пешки и за рака фатени, и од позади човек не удри по глава во исто време. Не знам дали со раце, дали со ташна или што и да беше ама болеше доста. Ние двајцата додека да се свестиме, тој не испцу, не бутна и си замина. Двајцата збунети, ни јас, ни тој не реагиравме. Денес да се случи нешто такво, навистина би ми било важно партнерот да изреагира некако барем. Да не е збунет и исплашен. Не би сакала да настрада никако нели, ако е опасна ситуација заедно да бегаме е подобро но ако да речеме, ете ме нападне некој, би сакала да знае да ме одбрани.
Еднаш се случи маж на 50 години да ме напаѓа вербално од никаде, тогашниот дечко буквално само стоеше и ништо не му рече а јас бев готова да се истепам. Иако физички послаба и понежна..нели. Кога раскинавме истиот бивш ме вознемируваше до степен шо го пријавив во полиција, а друг бивш со кој одев беше спремен на сѐ за мене, па дури и физички да се пресмета со него за да ме остави на мира... Трета случка: подалечен познаник на последниов бивш ме имаше навредено. Бившиот си поќути, а јас се исконтрав убаво. Во тој момент почнав инстантно да се запрашувам дали треба да раскинам. Наравоучение-не е битно дали вербално или физички, ако мојот партнер не е спремен да ме одбрани (без разлика шо и јас се бранам сама), не ми треба. Како што јас сум спремна да изгорам за него ако треба, истото го сакам за возврат. Сигурноста ми е една од клучните работи шо ги барам во врска.
Еве еден случај од пред некој ден. Сопатничката се обидела да ги раздвои возачите кои се тепале, па таа си го добила. https://fokus.mk/dve-litsa-povreden...brakajkata-tuku-od-tepachkata-megu-vozachite/
Дај кажи колку години имаш, да знаеме како да ти одговориме. Зошто е тоа битно? Оти на различна возраст, различно ти е созреан мозокот. Инаку тоа што членките во глобала одговараат, сакаат да кажат дека е битно да е спремен да ја брани, во секоја смисла, не да биде најјакиот тепач во градот. Да беше така, сите женски ќе беа на главниот мафијаш, и сите послаби од него ќе беа без девојки и жени. Што не е случај во реалниот живот, нели
Може тој им е најпривлечен ама сепак се со други дечковци. Повеќето женски не се со нивниот идеален маж.
Абе ако стигни до тепачка и изгуби мора да го прати девојката да тренира карате или да му раскине нема друго чаре
Женските ги гледаат дечковците како заштитници. Никој не очекува од женската да се тепа, ниту и тие самите. Ако видиш во темите за висината на пример, повеќето женски кажаа "јас баш сакам високи и крупни машки, позаштитнички ми делуваат" што значи способноста да ги заштити им е доста атрактивна. Не знам за тебе ама јас немам слушнато женска да каже "сакам да изгледам заштитнички и да можам да го одбранам дечко ми". Баш имам слушнато многу женски што им е многу одбивно ако тие треба да го одбранат дечко им.
Главниот мафијаш е најпривлечен-Ок, се одјавувам јас од темава. И форумов да се напраи 18+ и за читање, пошто деца лошо процесираат информации. И интернетот 18+ исто