Во денешно време да западнам во тепачка и да чекам некој друг да ме вади ми е голема глупост. Самоодбрана и заштита ми се основни познавања за низ животот. А тој било кој да се обиде да се умеша и не успее никако нема да го гледам со поинакви очи, пред се знам дека нема да има потреба да се умешува ако дошло до такво сценарио А и да не успее ќе го научам на пар финитици и него да му се најдат
Интересна тема Порано многу и не сакав да се замарам со минато, односно воопшто не ме ни интересираше минатото на ,,онаа" со која сум бил во врска (некаква каква и да е)... Изгледа и затоа сум западнувал во физички,,каши". Ке си кажам една од моите приказни (се надевам дека ке биде поучна) Во ефект на луди млади години (22/23) запознав девојка/жена небитно.... Мислам дека се заљубив во неа, или можеби само ми пријаше нејзиното внимание. Скоро секоја вечер многу часовни средби, преку ден кафе/пијачка и дружби јавно по кафичи/ресторани често во присуство и нејзини другарки. На почеток вечерните дружби беа строго,,конзервативни" сведени на пијачка, бакнување и би рекол голотија..но не и секс . Тие вечерни видувања во тој стил, траеа повеќе од 7/8 месеци, а јас веќе лудував, бидејќи бев односно и сум теренски работник(приватник-мајстор).. си дозволував јавно да доаѓа каде што работам да ме посетува! После сето тоа, биднааа и секд вечери, максимално уживање во секој поглед на врската, таа кај мене исто и јас кај неа, прошетки би рекол романтични низ шуми и тн и тн...Романтики и страсти колку и да сакаш..... После некое време, односно после некоја си концерт или да речам жива музика во кафана... Јас видно поднапиен, гледам човек кој и удира шамар на ,,таа" и нормално бидејќи сум човек граден да може комотно физички да заштити НЕ САМО ЖЕНА...стапив во акција, и резултатот се знае кој беше, го претепав нејзиниот сопруг . Вечерта немаше многу прашања, секој си замина по дома.. Некој период се глумеше лудило од типот ,,абе не ме интересира шест е и како е"..(нормално ми кажа дел како било и што било, но основот беше љубоморен бивши сопруг) Бидна што бидна, продолжи се како што беше и предходно, се додека не ми дојде во ДВОР бившиот сопруг на ,,таа" со некое си железо во рака, со умисла веројатно да ме истепа и слично.. И пак се надевам предпоставувате што се деси...кога веќе го имав добро здробено од ќотек, и кога зедов да звонам во полиција и брза помош, покрај сета мака човекот ме запре, сакајки да ми каже нешто. Го исправив и решив да го сослушам! Човекот ми објасна дека, со жената се сеуште во брак, но дека решила едноставно да НЕ се разведе но да живее настрана со своите деца.. ми објасна некои работи кои не се ниту да го оправдаш него ниту пак неа.. После соочувањето со ,,таа" ми кажа некои работи на кои верував 50/50, но верував и сватив дека и треба некој кој физички ке ја заштити, секако без да ги знае сите причини.. Овој беше пресудниот момен кога јас лично кренав рачна кочница во животот! Сето ова го пишав со цел дека физичката заштита, може некој/а целосно подмукло да ја побара во некој сосема невин! Така да и ден денешен, човекот кој 2 пати сум го претепал, кога и да ме сретне на пат, ми пушта рака да ме поздрави! И затоа сметам дека секоја ЗДРАВА девојка/жена, нема потреба од физичка заштита од друг маж! Постојат институции кој можат да ја заштитат! П.с прочитав наслов но не и прв ,, одговор" на темата зошто и како се работи. Доколку не е пишаново за тука, слободно избришете/преместете.
Мразам конфликти и тепачки. Ако сме во таква ситуација бирам да бегаме заедно. Од заштита единствено што очекувам е да не скока со мене на стол доколку видиме глушец. @MkdBoy приказната инспиративна, штета што го имам гледано филмот, па не останав без зборови.
ВТФ е темава. Има милион различни случаи каде е во ред да се реагира и уште повеќе каде што не би реагирал. Ко што имаше во коментарите, пример некој ви влегол дома или сфаќаш дека физичкото здравје и безбедност во е загрозено - да, без разлика дали е некој машко или женско, ќе реагира некако за да проба да се заштити себе и семејството. А да се тепа заради пуштање, вербални дофрлања, ме бутнал/сум бутнал - сто пати попаметно и понормално е да се избегне конфликт. Значи прво, би проценил дали е нешто животозагрозувачко и дали има потреба да се браниме, или можеби е подобро да се остане смирен (пример ве ограбува со пиштол - мислам дека на двајцата би ни бил помил животот отколку дали успешно мажот одбранил, втф бе). Второ, ако е случка во клуб или слично, има обезбедување, има полиција, повеќето ситуации можат да се решат и со разговор и т.н. Трето, со пијан не се тепа. Од пијаниот и лудиот бега. Бидејќи во моментот човекот не расудува пошо е под дејство на алкохол, и не знаеш колку може да забега ситуацијата. Да, пошо животот и здравјето ми се помили од тоа да се докажам као способен тепач, попрво ќе ја фатам за рака и ќе го напуштиме местото. Трето, ако девојката свесно запаѓа во ситуации да се докажува или се расправа со некој бидејќи знае дека јас сум тука и ќе ја "заштитам" пошто ќе се тепам и поради ова дојде до ситуација да биде нападната - веројатно ќе пробам да ја одбранам, да. И после тоа ЈАС БИ И РАСКИНАЛ. Бидејќи не покажала зрелост и не знае да се справи со конфликти туку ме користи за да се заштити од последиците на своите непромислени постапки - и со тоа ме загрозува и мене и себе си. Така да, зрелост е да избегнеш конфликт или физичка пресметка. Немам 16 години за да се тепам зашо некој ја погледнал под око, и се насмеал, или ја гледал во газ. Има ситуации каде што сум реагирал и за рандом други, и за машки и за женски. На пример мањак на партизанска им се стави на две девојчиња, кој и да поминуваше ќе реагираше. Му се развикав на мањакот дека ќе му викнам полиција и избега. Толку. Ама тоа очекувам дека би го направил секој без разлика маж/жена. Значи има разлика меѓу самоодбрана и свесно влегување во конфликти. Првото да, второто не. Од пола од коментарите тука на темава ме фаќаат кринџови, и ги жалам вашите дечковци. Многу од тие што имате коментирано овде така, во други теми зборувате за родова еднаквост, а во прва прилика кога ви е страв веднаш се вртите кон традиционалната родова улога на мажот - да се тепа за вас. Срам да ви е.
Не, не е тоа поентата на темата. Поентата е да натераш некој да каже ,,да, сакам да се тепа за мене и ако не победи ќе ми е одвратен". И после да одиш да се тешиш дома дека неуспехот во фаќање женски ти се должи на тоа што си физички послаб од сите, а не други проблеми. А инаку вакви ,,дискусии" ние имавме во основно кога беше актуелна Долина на волците, впрочем и тогаш беше единствениот пат кога постоеја победници во тепачка во нашите глави. Сега сите се лузери автоматски. Не трчај да вадиш заклучоци во стил женските сакаат само вакви онакви, а јас по природа не сум таков буху. Секакви сакаат секакви, не ќе да е во тоа проблемот.
Не е филм, чиста вистина која ми се случи неколку години пред да се оженам! И јбг влечеше последици тој инцидент до скоро..
Од спротивна перспектива, не би сакал партнерката да ме вовлече во тепачка, би ја оставил на место во тој момент. Ако е вон нејзина контрола, секако дека ќе ја бранам физички. Ако засука ракави и она влезе во тепачката веќе мислам на прстен.
Па ако знам дека тоа се очекува од мене не би пробувал воопшто да стапам во врска. Зошто да бидам во врска со женска што ме смета за слабак и неспособен?
@red2323 Понекогаш маж може да е физички 10/10 и да умее да се пресмета, а пак партнерката да го смета слабак и неспособен. Тоа може да биде бидејќи пример е финансиски неодговорен, нема свој став, е мамин син, паѓа под влијание на други, неспособен за работа, лежјак, итн. Не е маж само ако знае боксови да мава, а од друга страна, се друго да е на грб на неговата партнерка.
Ама понекогаш. А исто може да е 10/10 во двете работи и да не го смета за слабак и неспособен а мене да ме смета затоа што немам нешто од тие работи. Очигледно само ги вртите одговорите за да не ја признаете вистината. Нормално дека и други работи се важни ама зошто некоја убава и добра женска да биде со некој што е 7/10 целокупно кога може да е со некој што е 10/10? Или па уште полошо ќе биде со мене затоа што не сака да биде сама, а ќе фантазира за други што и се попривлечни. Повеќето женски баш мислат дека не ни пречи така да бидеме понижувани затоа што „сепак сум со него, а не со тие за кои што фантазирам“.
@red2323 А? Таман па ништо не те разбрав. И зошто упорно мислиш дека некој со одговорите лаже, жити се? Не го поистоветувај твоето лично искуство со нашето. Второ, што подразбираш 10/10 машко? На убавина или? Трето, јас не можам да пишам за сите девојки, но може да кажам за мене дека никогаш немам одено со некој ради реда, а за друг да сум фантазирала. Ниту сум била така, ниту ќе бидам. Таков ми е карактерот. Не издржувам ни муабет ако не те сакам. Секогаш сум била со тој за кого сум фантазирала Може во твоите очи некое машко е 7/10, а на мене да ми е 100/10. И обратно. Исто и за девојки. А и љубовта е често слепа
@red2323 Или може познаваш само ист тип на женски. Ист тип на луѓе вообичаено имаат сличен вкус. И тоа се случува, па имаш оформено некое свое мислење.
@red2323 Па да разлисташ, ќе видиш дека мажите сакаат ист тип на девојки и сега што правиме? Не знам зошто те фрустрираат овие теми. Но или смени си го друштвото на девојки или поработи на самодовербата.
Самодовербата треба да дојде од негде. Ако си самоуверен кога никоја женска не те сака тогаш си само во делузија. Инаку секако не е точно дека машките имаат само еден тип на девојки. Од секој тип се наоѓаат многу машки што го сакаат тоа.