@red2323 А убаво ти велам, ти треба промена на друштво и средина. Да си ги прошириш видиците. И таман па ниедна нема да се жртвува да е со некој што и е одвратен, при толку машки
Ок ако така си решил ти дека таа така мисли за тебе еве најискрено ти пишувам така е во право си Капираш каде ти лежи проблемот или?
Конечно сфати колку лошо изгледаш од туѓа перспектива? Имам приметено дека повеќето женски не се свесни колку навредливи се спрема машките посебно кога се зборува за изглед. Повеќе лоши работи имам слушнато од женски отколку од машки.
Значи да сумираме, Ред ги обвинува жените бидејќи сакаат убави мажи, а самиот тој сака убави жени. Got it
Повторно, проектираш твоја несигурност врз цел женски род и врз хипотетичката девојка. Сите овие реченици сам ги мислиш за себе и си замислуваш дека со истото ќе се замара девојка на која и' се свиѓаш.
Помалце Јутуб, повеќе надвор. Секој си има свое субјективно гледиште за привлечност и убавина. Да беше вистина дека 95% од машките немаат шанси, немаше да има 8 милијарди луѓе @red2323.
Поважно ми е да сака да ме заштити, не колку е физички спремен. Бидејќи и јас кога би видела дека тој што го сакам е во некаква опасност би направила сѐ за да го извлечам.
За нешто си во право за повеќето работи не. Точно е тоа дека женските сакаат повисоки и згодни машки но такви не се само 5 проценти како што кажа а останатите 95 немаат никакви шанси. Да речиме дека 30% се навистина убави и згодни машки на скала од 1 до 10 од седмица нагоре. Но не секоја девојка ќе има таков дечко до себе остануваат уште барем 70 проценти што се просечни по изглед а за висина кога зборуваш одма да те демантирам познавам еден куп дечки што се пониски под 1,70 и имаат девојки не е висината некој голем минус немање на самодоверба е. Висината и изгледот горе доле можеш да ги надоместиш со одење во теретана, работа на себе и да изгледаш солидно а за барање на девојка ќе си бараш некоја пониска од тебе а такви се во најголем процент под 1,70 а има и случаеви кадешто девојката е повисока од машкото значи има исклучоци не е се така црно како што си замислил во главата.
„Имаат девојки“ не кажува ништо затоа што не знаеме колку убави и со колку добар карактер се нивните девојки. А проблемот не е што нема пониски женски, туку во тоа што и пониските женски сакаат високи машки како над 180 цм.
Ќе пишев, ама многу deep сте ја затерале темава па изгубив воља, само Господ Бог знае тек кај ќе затера ако пишам она што имам да пишам.