Се плашам за најблиските. Во нормални услови мува немаше да ме лази, но поради бременоста внимавам, следам ситуација и претпазлива сум.
Како што поминува времето све повеќе ми доаѓа до преку глава најискрено, апсолутно ништо не функционира и не е паниката и стравот само за вирусот туку луѓето околу мене стравуваат за нивните работни места и плати сите се загрижени. Вчера бев во маркет опремена како терминатор со маска со ракавици течност за дезинфекција и внатре се траштам што побрзо да завршам работа и да излезам мислам дека имав напад на паника, во меѓу време верувале или не повеќето луѓе внатре не носеа ништо од заштита и лагано насмеани си разгледуват и купуват дури и кафенце, почнав да се прашувам дали сум нормална...
Се плашам са најблиските, за мене не, барем беливе дробови ми се здрави, ама мајка ми цела зима е со бронхит (хроничен) + висок притисок, а 48 год е, татко ми исто во ризична група, одвај жив остана со крварње од чир на желудник пред пола година, имунитет 0 има, цело време е болен имам мало дете од 16 месеци, децава не се ризична група ама за него најмногу ми е страв Јас на работа со преку 100 луѓе во денот, ај заштити се Нека помини оти ќе се побудалиме сите.
Не. И немам што да се плашам од еден глупав вирус кој е измислен и пуштен од монструмот наречен човек.
Како и секој нормален човек, да, се плашам. Постои страв повеќе за моите родители бидејќи спаѓаат во ризична група, но се трудиме да ги почитуваме сите препораки и да мислиме позитивно. Некогаш дури мислам дека и претеруваме уште од пред две три недели стопирав да седам во гужви друштва и слично и малку ми се однесуваа чудно блиските околу мене другарки и слично ама не ми беше гајле и еве се испостави дека ситуацијата не е за заебанција па сега и тие што ми се смееа пред две три недели, се тресат појќе од мене.
" Kako i sekoj normalen covek" NE, ako ti e sudeno da umres ke umres i bez virusot, ako od X pricini se zarazis ne e kraj na tvojot zivot, no definitivno nema da gi pominam denovite vo mizerija i ocaj poradi napumpaniot balon. Stay Calm
da strav mi e i za mene i za moite ,jas nemam od ovie bolesti stogi smetaat za rizicni niobicengripnikogas vo zivot ne me fati no od kaj znam sto bi bilo ako fatam ova (nikoj ne e imun) a za moitei sto i dvajcata seso visok pritisok a majka mi ima so godini hronicen bronhit i tezok oblik na asma, ne samo od virusot i od sto i kako ke ziveeme ako preziveeme, kako ke go pomineme ovoj period bez pari, edvaj i sega prezivuvame so edna invalidska penzija kojae unapred namestena (potrosena) , imamesamo ednaplatnena maska za majka mi za dezinfekcija nisto, samo sapun pa kako kapak na se i boljerot ni se rasipa i mobilniot mi se rasipa taka da strav mi e i od se i za sega i sto potoa ako preziveeme
Се плашам искрено и тоа многу, не за мене туку за моите. Мајка ми работи во здравство и многу се плашам за неа. Нека заврши побрзо иако очигледно е дека нема.
Што ќе се тестираш ако немаш причина,што ако е негативен , ќе де смириш,утре недај боже ќе закачиш? Нема поента
не, све е ова за економска глобална криза. постои вирус али не етолку опасен колку што е терапијата против него. повеќето од луѓето умираат од терапијата оти е силна
Исплашена сум бидејки не сум дома со моите. Не сакав да дојдам со авиониве државните бидејки бев свесна какви услови ме чекат, и дека ако не сум болна пред шансите дека таму ќе се разболам се огромни. шпанскиов здравствен систем е пред колапс па не знам како ги реагирале со мене што сум странец. Ама мислам позитивно и се надевам дека ќе пројде ова брзо.