Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ви е страв од коронавирусот?

Дискусија во 'Коронавирус' започната од butterflu, 27 март 2020.

  1. Crvche

    Crvche Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2018
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Не сум толку исплашена за мене колку што сум за родителите на мажот ми кои спаѓаат во критичната група, исто така сум исплашена и за нашето бебе но терминот за пораѓај ми е во јули па се надевам до тогаш ако ништо друго барем да не е во полн ек:(
     
    На Ahoy и тп18 им се допаѓа ова.
  2. Dejan0_Skorpija1

    Dejan0_Skorpija1 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Машки
    Da a sto da pravime so nesovesni komsii sto izlagaat vo hodnik non stop kaslaat znaci koga treba da se sedi doma tamu treba da si a ne da se pravat odredeni idioti pa da setkaat po hodnik da znam ako e toa protivzakonski ke prijavam sekakva informacija e dobredojdena
     
    На Crvche му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    За мене лично не, верувам дека имам добар имунитет и би го преживеал лесно. Али од друга страна мојата фамилија не е со таква среќа, особено мајка ми која се бори со тешки болести долго време веќе, баба ми од друга страна 87 год има, стари луѓе, болни луѓе, за нив ми е страв најмногу, особено бидејќи јас сум тој што ги завршува сите обврски, ако дојде вирусот во мојот дом тоа ќе биде преку мене, и тоа ми е најмногу страв за оваа ситуација. Еве и жртвувам шетања и трчања и све, ама пак мора да се излезе за обврски и работи, ризикот е тој....
     
    На Ahoy, nena2010 и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  4. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    5.180
    Пол:
    Женски
    Од уште една превара во низата птицији свински грип скоро па ич не ми е страв нема ни зашто да ми биде.
     
  5. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Ме нервира шо луѓето дефетистички ќутат и ги прифаќаат работите. Државата им увезе вирус кој зeма животи и ни ги промени од корен и никого нема да казнат за то. Не само кај нас, појќето држави.
     
  6. Flower123123

    Flower123123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2016
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    624
    Пол:
    Женски
    Искрено, страв ми е. Неможам да кријам. Со бебе сме, кој ќе го чува? Овој месец се е со нас и плачеше порано кога ќе види непознат, т.е. семејството сестра брат баба, што не се секој ден со него. А сега можам да замислам колку време ќе му треба да се навикне дека не сме само ние двајца на овој свет во ова соба. Страв ми е за него. Страв за себе и најблиските. Болеста не бира, не те ни прашува, доаѓа и те менува, твое е да се бориш, но колку ќе можеш зашто и твоето семејство можеби е заразено. Позитивна сум, ама ќе не дотепа вирусот, тоа е и една од целите на оние кои го направија, да сме ранливи и неурамнотежени, под страв и со тоа лесни за манипулација. Господ да ни е на помош.
     
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    Да бидам искрена едно време бев. После кога подразмислив ... Пред 2 месеци бевме болни цело семејство сосе деца. Мислам дека господа го видов. После тоа викам на каква корона какви бакрачи.
     
  8. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    Некој денови да, али други сум толку зафатена па и изумувам дека морам да сум дома заради вирус. На почетокот повеќе бев исплашена и имав идеја дека ќе биде како филм, паника, али гледам дека џабе сум се грижела, не е крај на светот.
    Се додека сум информирана и се придржувам до мерките се чуствувам безбедно :sun:
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.142
    Допаѓања:
    112.842
    Пол:
    Женски
    Воопшто не се плашам. За мене. Ама за мајка ми, да. Ама знам дека она не се шета по пазари во молови и сум раат.
     
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Јас си се убедив дека сум го прележала во јануари :)
    Пазам на се, не излагам, ама на психа сум по растеретена.
     
    На buba4e89 и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  11. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Не се плашам воопшто. Шансите да се разболам и во краен случај да умрам од чудово се донекаде еднакви како да загинам сосема неочекувано при било каква несреќа. Повеќе се плашам за финансиската состојба и дупката во која се наоѓа државата, иднината, кариерата која сум ја градела со години и можноста да се сруши за толку краток период благодарение на сите овие околности. Исто како и за многумина.
     
    На prominent и fana им се допаѓа ова.
  12. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.379
    Пол:
    Женски
    Малку се плашам, се плашам само од помислата дека некој би можел да помине покрај мене и да има вирус а да незнам доколку сум надвор. Инаку не се плашам јас од вирусов не сум јас од ништо плашлива, само во ретки случаи.
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не се плашам ич.
    Една вечер само ме фати страв во сите овие месеци.
    Ама од друга страна, да испаднам позитивна, би се плашела, и тоа како.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Највеќе се плашев и се плашам за најблиските . Мајка ми , татко ми , свекор ми , свекрва ми , баба ми , бабата на маж ми .. сите веќе подолго време се со притисок , шеќер , маснотии во крвта , и веќе години наназад се со редовна терапија . Од друга страна пак , јас сум бремена , плус имам две мали дечиња дома . Среќа што барем не излегувам јас многу од дома , и на секое излегување носам маска и ракавици со себе , дури и за во маалската продавница . Колку можам се обидувам да се заштитам себе , и семејството .

    Ако вирусот стигне во нашиот дом , тоа ќе биде преку маж ми , кој пак редовно има контакт со многу луѓе на работа ( а нема простор за работа од дома , мора да оди на работа ) иако се труди и тој да биде секогаш заштитен , сепак никогаш не се знае како ќе префатиш . Затоа и додека епидемијата беше во полн ек , тој воопшто не престојуваше во истата просторија со мене и децата . Вика , не се плашам за себе , туку за тебе и децата . Нема да си простам ако ви се случи нешто , поради мене . Сега , кога попуштија мерките , и ние малку се олабавивме , но сепак , секаде со маска , освен дома .
     
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Не. Еден ден секако ќе се умри ко ќе треба.
     
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.500
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    received_1736824509793227.jpeg
     
    На SnowWhite8, Аргентина * и Regina.Phalange им се допаѓа ова.
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Во разминување сигурно нема да го фатиш!
     
  18. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Искрено не, зашто млада сум и верувам дека организмот ќе се избори со него, а и толку сум фокусирана на други процеси во мојот живот, што се на чекор пред крај, што мислам дека дури и да го имам вирусот, или нема да имам симптоми или нема ни да ги приметам. Сепак мислам дека психата има многу голем удел за се негативно што ни се случува и дека ако се фиксираме на идејата, тогаш навистина ќе се оствари.
    Единствено од што се плашам е да не бидам преносител, не само на луѓето што ми се дома, туку генерално. Затоа и не излегувам многу од дома (превенирам зараза), а и кога излегувам, гледам да се оддалечувам од постари лица, што се поподложни на вирусот.
     
    На Cutiepie1 и Ahoy им се допаѓа ова.
  19. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    За мене ми е гајле,најбитно ми е моите дома да се живи и здрави
     
    На Ahoy, SnowWhite8, jasbi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. rokmibejbi

    rokmibejbi Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2020
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Машки
    кој вирус? :D

    па нормално дека ни е страв, само будала не се плаше