Да ... Плус имав контакт со позитивен и јас и сопругот и 3 месечното бебе една вечер пред да развие симптоми... Од тогаш поминаа 9 дена ние немаме симптоми како и неговите дома. Ама се плашам сеуште..
Нормално дека се плашам, имам алергија од згадениов воздух, се борам со тоа веќе неколку години, ама повеќе и за мојата фамилија се плашам тие се изложени со контакти со луѓе секојдневно. Господ да ни е на помош, само тоа ќе речам.
Да се плашам многу и за мене и за моите најблиски, се пазиме максимално, носиме маски, дистанца и избегнуваме непотребни контакти.
Strav mi e kako ne... A tie sto velat deka ne im e strav koga ke se zarazat ke vidat dali ke um bide strav.
Ќе видиме што? Бевме ние дома и сите во поширока фамилија заразени од најмало до најстаро и помина. Никој не се исплаши и помина како обичен грип што трае подолго. Стравот може само да ви наштети, ништо друго. Од секирации можеш да се разболиш.
Сите што најмногу се плашеа, сите фатија и ми се чини дека најтешко поминаа... Треба да се чуваме но не може да се дочуваш колку и да сакаш. Сепак, мора да се научиме да живееме со овој вирус.
Не. Не ми беше страв ни порано, ни сега откако прележав. Единствено кога бев бремена ми беше страв и бев загрижена. Страв ми е другите блиски како ќе поминат, неизбежно е секако сите ќе го поминат. Ама како ќе го поминат..
Ми беше страв пред да се заразиме. Мм постојано беше во контакт со позитивни, бидејќи таква му е работата, на почеток многу ми беше страв. Но, толку пазевме и пак некако се заразивме оваа есен. Сега веќе и прележана и вакцинирана, не се плашам, и ми се збоктиса искрено. Толку долго трае, нема крај ова.
На почетокот не, мислев дека нема да се шири брзо, ама после кога имаше многу заболени ми беше страв.
2 godini ne samo sto ne mi bese strav,nego i se smeev na ovie sto histerisaa sto ne sakaa so covek da se sretnat,sto prestanaa da imat sekakov kontakt so luge...Se vakcinirav zaradi mizernost da se testiram sekoj 2 den vo firma....se dodeka ne me fati korona i 3 nedeli ne znaev za sebe,bukvalno do wc nemozev da idam...sega ne se plasam ama sum pretpazliva
Како бе 3 недели ? Мене докторот ми кажа 7 дена карантин. Искрено, не ми е страв од корона , вирус ко вирус ќе го задрма на човек , само грди се симптомите. Јас и без корона имам проблеми со мигрена и низок притисок па лесно ми се лоши. Туку жити мене де пиши стварно ли 3 недели те држеше Коронава ?