Дали ви е тешко да кажете некому ТЕ САКАМ?

Дискусија во 'Психологија' започната од IndieGirl, 18 февруари 2011.

  1. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Дали ви е тешко да му кажете на некому тие два збора те сакам?
    Колку често ѓи употребувате тие два збора и на кого?Дали ги кажувате туку така или само ако навистина ги мислите?


    п.с. ако темава е глупа или слично одма под клуч. :)
     
  2. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Многу ми е тешко да кажам те сакам на било кој освен на моите дечиња. Единствено кон нив чуствувам искрена, бескраја, без резерва и кусури љубов и се трудам да им го покажам тоа на секој можен начин. Кон сите други вклучувајки ја и мајка ми и сопругот имам резерва оти нема некој да не ме повредил или изневерил (не во смисол на прељуба). Сум сакала без граници и сум давала се од себе ама после некои случки едноставно се затворив во себе, дури не дозволувам ни да ми биде изјавена љубов оти сметам дека е све јалово и лажно, и дека е поважно да се покаже на дело отколку да се кажува.
     
    На irenceto му/ѝ се допаѓа ова.
  3. romanticna.dusha91

    romanticna.dusha91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    мене мн ми е тешко да кажам..сметам дека љубовта треба да се докаже преку дела.дури и кога ќе ми каже некој не знам како да изреагирам бидејќи имам некое мислење дека доколку го кажуваш тоа премногу често и без да го мислиш ја губи смислата.
     
    На Дугокоси Швалер и cinderella.red им се допаѓа ова.
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    6.437
    Искрено, во најголем дел од времето сум срамежлива па со тоа срам ми е на некој да му кажам те сакам, а особено кога тоа навистина го чувствувам. Секако, полесно ми е да кажам некому те сакам на фејсбук, сепак друго е преку интернет, а друго е кога е во живо. A, се си мислам дека ако сте поповлечени потешко ќе ви биде да си ги искажете своите чувства ако се вистински, а ако се лажни, ќе биде полесно. Но, ако веќе сум сигурна во тоа што го чувствувам, и веќе подолго време сум во контакт со таа личност, ќе се решам да бидам искрена и да му кажам ' Те сакам '. Зашто најдобро е да се искажат чувствата, зашто потоа може да биде и доцна. ;) Но, покрај овие зборови, треба да има и други одредени постапки кои ќе го докажат нивното вистинско значење. :)
     
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Најтешката работа !!! Се прашував зошто и конечно го најдов одговорот а тоа е дека не можам да кажам ТЕ САКАМ не дека нејќам да ги покажам чувствата туку за мене ТЕ САКАМ има голема длабочина голема важност а кога тоа не го мислам не можам да го кажам би ја растурила магијата тоа би го кажала а не го мислам затоа ми е толку тешко да возвратам и да го кажам колку и да сакам ... :| :?: :|
     
    На meow22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. unforgiven

    unforgiven Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски


    паааа на тие што ми значат не мие ич тешко иии мн често ги употребувам тие два збора ии искрени се..најповеќе кон дечкоми офк... ;)
    ;)
     
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Па не ми е кој знае колку тешко ама па и не е најлесната работа за кажување :lol:

    Те сакам знае и во порака да ми летне кога пишувам иако пишувам пораки само на предавање кога сум пошто ме мрзи таа работа да ја работам ако можам да се јавам. :D :D

    А вака во живо ... па некогаш знам на дечко ми да му речам ... ако ептен заслужил ... или тук таму со другари / другарки да си разменам некој убав збор .... да си знаат нели ... да не му ја мислат :D

    А мама и тато го слушаат овоа те сакам ... иако не пречесто :rofl: ( ама си знаат дека ги сакам ) 8)
     
  8. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Искрено и тешко ми е да кажам...којзнае можеби од претходните искуства сватив дека подобро е да ги кријам чуствата во мене.Можам на дечко ми да му кажам дека го сакам но многу ретко,таква сум ретко искажувам чуства :x
     
  9. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    не ми е тешко воопшто, но само ако навистина го мислам тоа..
    исто така многу сакам кога некој на мене ќе ми ги каже овие два збора било дали станува збора за роднина пријател или некој познаник :)

    "Tell the people you love that you love them and always be honest because you might not be there to tell them that tomorrow."
    :) :)
     
  10. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    Ако некој стварно си сакам не ми е тешко...Иако во последно време моето куче најчесто ги слуша овие зборови,изгледа само неа ја сакам :inlove:
     
  11. fierce

    fierce Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    180
    Не, не ми е тешко да кажам некому те сакам но ако и навистина тоа го чувствувам. А ако немам чувства спрема таа личност би се чувствувала како лажга ако и речам те сакам, па затоа и ми се нема случено до сега да кажам те сакам само онака ради реда.
     
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    тешко ми е :( дечкото многу си го сакам но многу ми е тешко да го кажам тоа а знам да го докажам на милион начини и тоа го правам јас таква сум сакам дела а не зборови
    знам дека понекогаш еден збор прави чуда но ете се мразам и јас што сум таква понекогаш
    извини бејби цуценце
     
  13. klaudija90

    klaudija90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    Не ми е воопшто тешко да ги кажам овие два збора на луѓето кои навистина ги сакам. Не можам да го држам тоа во себе, сепак тоа се чувства и не можам да ги сокријам ни пред нив,ни пред мене :)
     
  14. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ако засакам некој,всушност мнооогу ми е тешко да го чувам тоа ТЕ САКАМ во себе..ако немам сила да му плеснам во фаца,тогаш на секаков можен начин ќе му докажувам :)
     
  15. thatsmysecret

    thatsmysecret Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    215
    Уф, многу многу тешко кажувам те сакам.
    Повеќе докажувам, отколку што кажувам.. :?:
     
  16. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Да, и премногу тешко, толку што имам изгубено два- тројца а можеби и повеќе потенцијални сериозни дечковци. Не го искажувам, не го кажувам тоа. Порано сметав дека едноставно ќе се понижам доколку јас му речам те сакам, демек му давам моќ над мене. :tmi: |(

    Го препишувам ова на фактот што ние дома никогаш не искажуваме чувства, цело семејство сме такви, никој на никого тоа не му го вели. Ама това е това, не можаш против себе. Затоа јас викам еднаш велам ТЕ САКАМ, само ако навистина, навистина, премногу сакам некој. Инаку јок... Таква сум што да правам.џ
     
  17. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.231
    Допаѓања:
    6.665
    Тие 2 збора секогаш ги кажувам во право време и сеискрени .. нели не ги заслужува секој ..Мислам секој заслужува да биде сакан но, не секој заслужува да му се каже тоа бидејќи после станува суров !
     
  18. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    До сега многу тешко, дома и незнам дали го имам употребено, но и ние функциониравме без многу лигавење ( ко што би рекле дома). Е сега во моево ново семејство го користам секој ден, не поминува ден без да му кажам на мажот ми, некогаш ми иди и по повеќе пати во денот да му кажувам, ама се воздржувам..одвај.. :lol: По другарки, пријатели не, можеби имам вратено, на те сакам- со те сакам и јас , но прва не, никогаш..а си ги сакам не дека не,ама шо знам оти така.. :?: Ме замисливте мори феминки..
     
  19. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Тешко?... Зошто бе тешко? Воопшто не ми е тешко некому да му кажам дека го сакам ама ако навистина го сакам. Би рекла можеби потешко ми е да докажам отколку да кажам. Секојдневно на дечко ми му кажувам дека го сакам, другарките мои нема ден а да не ги гушнам и да им кажам ах милите колку си ве сакам. Дома мама, тато, дада, баба сите си ги гушкам и им велам дека ги сакам. Зошто е тешко да се каже тоа не знам.
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Зависи на кого... ако се работи за другарките (секако оние кои заслужуваат да им кажам ТЕ САКАМ) или за членови од семејството... воопшто не ми е тешко. Но, ако се работи за момче, дури и да го сакам навистина, треба нож под грло да ми ставите за да му признаам. Барем в лице.
    Ги употребувам често, љубовџивка сум, што да правам. Но љубовџивка во смисла: САКАМ ДА ГИ ЉУБАМ ЛУЃЕТО.
    И НИКОГАШ :!: не ги кажувам ако не ги мислам. Не планирам никому да се улижавам или да правам лице.
    И уште нешто: никогаш не велам ТЕ САКАМ. Повеќе ми се допаѓа ТЕ ЉУБАМ. Некако потопло и поблиско ми звучи.