Не ми е воопшто тешко, но го кажувам само ако го чуствувам. Иначе „Те сакам“ од моја уста не излегува ако не е вистинско.
Многу ретко ги кажувам овие зборови. Првично, затоа што имаат ногу големо значење за мене не ги користам често, и за да ги слушне некој од мене треба навистина да ги има заслужено.
Порано, на дечки што само сум се мувала, на пример на поздравување на фејсбук или во живо ќе му речам те сакам, ајде чао, што уствари нема врска туку онака е кажано, верувам и тие не го сваќале тоа сериозно. Ама како што поминува времето, сваќаш дека тоа не се само зборови да ги кажеш, туку имаат големо значење и не треба туку-така да се кажуваат. Така што гледам што поретко да ги користам. Имам кажано на сегашниот те сакам, иако баш не се чувствував така во моментот и ми рече дека не го сакам, не е ова сакање, првите неколку месеци е само допаѓање, дури потоа засакуваш некој вистински.. Иако, како што велат постои и љубов на прв поглед, ама тоа не е љубов, тоа е уствари засвиѓување на прв поглед, кое потоа може да се развие во љубов.. или пак не. Значи, ако не чувствувам некоја голема привлечност, или ако го кажувам од зезанција не ми е тешко, ама ако стварно осеќам нешто, знам дека треба и не е погрешно да го кажам тоа, ама целата се тресам за да го кажам тоа.. дали се плашам од реакцијата, или што е, незнам.
Не,не ми е тешко особено кога сум навистина заљубена ама еднаш кажав на еден тип и се заебав Неозвратена љубов де...појасно е сега Затоа лекција иам за другпат додека некој не ми каже те сакам колку и да сум затрескана не би го изговорила тоа прва.Поздрав
Ако го чувствувам тоа, ич не ми е тешко да го кажувам. По речиси две годишна врска, скоро секој тел.разговор пред спиење ни завршува со ТЕ САКАМ. На некои пак, толку им е прелесно да го кажуваат, што човек треба да се запраша дали воопшто го чувствуваат. Ете другарка ми фати дечко, буквално после една недела, на фб и стави песна, со посвета „теее сааакааам“ Кога ја засака толку брзо бе, па одма спремен тоа да го покаже и пред неговите илјада и кусур пријатели на фб. Толку е проѕирно лажно, толку извештачено... Те сакам, се зборови кои се штедат. За да ги кажуваш само ако ги чувствуваш. Онака, губат од значење.
Не ми е тешко да кажам те сакам тогаш кога мислам, тогаш кога е потребно. Кога некој ми ги кажува постојано тие два збора, до тогаш прекрасни и магични, губат од значењето и стануваат излитени. Ако некого навистина сакаш, не е важно колку пати во денот ќе му кажеш дека е сакан ако не можеш да докажеш!
секој ден му кажувам дека го сакам искрено од срце те сакам и велам и на мама - поретко ама и велам и на даде исто. најчесто ќе ја гушнам или таа мене и си велиме те сакам цуфче мое тато не е мн го лигавење па.... не му кажувам ама го сакам и него не е тешко да кажеш некому кој навистина ти значи и го сакаш. најискрено досега сум му кажала на дечко ми те сакам низ солзи мислам дека тогаш срцето ми излезе со зборовите. премногу ми беше тешко и мислам дека сета тежина ми излезе од душата
еднаш на оваа тема реков дека не ми тешко да кажам некому ТЕ САКАМ Е СЕГА ПРАВАМ КОРЕКЦИЈА НА МОЈОТ ПОСТ
за мене тие преставуваат многу моќни и силни зборови кои треба да бидат кажани само ако навистина се чувствуваме така, доколку се изговараат без чувства го губат значењето, а за дали ми е тешко па мислам дека никогаш до сега немам ги изговорено некому, незнам зошто али ми преставува голем проблем
Ич не ми е тешко да кажам на некој ТЕ САКАМ без разлика дали го чувствувам тоа навистина или не. Само на семејството и пријателите го кажувам тоа вистински а на дечковци ку*ци палци не.
Не ми е тешко да кажам те сакам, но ретко го кажувам бидејки не сакам да биде онака, туку навистина да го чувствувам за да го кажам
До пред пола година не ми беше воопшто тешко да му го кажам тоа на мојов,а сега да.Сега ми е доста тешко(затоа и ми е бивши од вчера) и најверојатно тешко веќе дека некогаш ќе ги кажам на некој тие два збора
Епа на никого не му е тешко да каже ТЕ САКАМ туку се плаши од одговорот.Ја на мојот Даниелчо колку ми беше тешко само два збора да му кажам како да имав грижа на совест Тогаш бидна шо бидна излезе од устата па он само стоеше како статуа и ми возврати со љубов Па сега ако ме одбиеше ќе ми беше срам во лице да го погледнам