Мене ми е прелесно да го кажам ова.Ги користам зборовите секој ден -* наменети се за дечко ми и за дедо ми пошто е во странство. На мама,тато и брат ми некако ми е глупаво да им искажувам емоции иако си знаат дека многу ги сакам.
Да, тешко ми е да кажам ТЕ САКАМ. А одамна немам кажано. Не памтам од кога. Ако. Кога ќе кажам на некој те сакам се чувтвувам незна, како гола, несигурна, разоткриена. Ќе го кажам на оној кој ќе заслужи
Немам кажано, и не ми е во план да кажам во скоро време. Треба да биде некој што многу го сакам, што заслужил да ги слушне тие зборови а не некој тапчо.
Те сакам се зборови кои треба да се кажуваат тогаш кога навистина ги мислиме. Каква ќе биде смислата на Те сакам ако не го мислиме вистински тоа? Мислам зошто би кажувале, ако не ја сакаме личноста на која и кажуваме? Не можам да ги сватам тие личности што кажуваат Те сакам само за да добијат нешто. Жални се тие личности што никогаш не ја почувствувале вистинската смисла на зборовите. Јас кажувам само кога го мислам тоа и кога сум сигурна дека и на тој што кажувам ќе ми врати со ист начин. Но понекогаш не се доволни само зборовите, треба и дела. Сепак убаво е чувството кога ќе кажеш те сакам, а тој на кој кажуваш ќе ти врати и јас тебе..
До ова мислење мислам дека ќе се држам цел живот. Мене ми е многу тешко да кажам те сакам, едноставно кога би го кажала тоа би сакала да го кажам кога ќе бидам сигурна во своите чуства и ќе го кажам со емоции.Не она вообичаеното ради реда те сакам, тоа не можам да го кажам. Инаку имам кажувано те сакам кон другарки и другари, али стварно сум го чуствувала, но ми беше тешко да го кажам, ама барем го мислев тоа.
Не воопшто.Сите што ги сакам,сите кои ме опкружуваат и сите што се со мене и до мене ги слушнале тие два збора од мене.Некогаш љубовта спрема некого повеќе може да зборува преку дела,зошто зборовите луѓето често ги сваќаат двосмислено.
Покрај мене имам луѓе кои знаат да сакаат и знаат да покажат без срам. Да се отворат. Не можам да кажам дали ми е тешко да кажам те сакам, кога јас незнам да сакам. И криво ми е. Сакам да се качам на планина и да викам ТЕ САКАМ ! Ама џабе, моето срце тоа не го мисли ни сака. Празно е. Најискрено блазе на оние кои знаат да сакаат. Кога ќе видам како се гушкаат, бакнуваат парови ми се кине срцево што јас тоа не можам да го видам, допрам, почувствувам, Дури и да сум во мала заблуда дека сум засакала некој, по некој период ми досадува. Не го сакам веќе. А тоа не е права љубов. Да сакаш некој, онаков каков што е, со неговите маани , е голема работа, значи срцето ти е големо. Не дека јас сум совршена, ама незнам да компензирам за некои работи, едноставно ми пречи нешто кај него и крај. Тоа е тоа. Неможам ни минута со него, зашто само ќе се тмурам и ќе го нервирам. Сто пати реков, ќе бидам сама, не сакам никој да повредам, да се заљуби во мене па да го оставам и напуштам, ама пусто срце не сака да е само, сака да сака. И еве на праг сум да повредам уште едно срце.
Не ми е тешко ако тоа навистина го чувствувам. Досега само на една личност имам кажано, но добив големо разочарување. После него немам кажано и не знам дали некогаш ќе се чувствувам така за да можам да кажам пак.
Не ми е тешко, бидејќи го кажувам само на оној кој го заслужува тоа. Не се расфрлам наоколу со тие два збора и мразам кога се користат несоодветно, особено меѓу тинејџерската популација денес. Како да им се изгуби значењето на тие толку значајни зборови. Жално.
Мајка ми, татко ми, брат ми, баба и дедо, тие знаат дека ги сакам, не мора тоа да им го кажувам. Фала му на Бога, моите немаат фб, па таму да си споделуваме такви емоции, читај лигавења. И само на една личност го имам кажано тоа. На дечко ми. Отпрвин ми беше некако срам да кажувам, чекав прво тој, дури и сега не кажувам секогаш јас прва. И да, не ја претеруваме секој ден со тоа Те сакам, ко многу парови, што некои и врска немаат од сакање, туку во моменти кои вредат за тие зборови.
Дома моите си знаат, со нив си се лигавам си се гушкам, едноставно си знаат дека неможам да живеам без нив, а вака на дечко не ми е тешко бидејќи не го кажувам тоа кога не го чувствувам.. така да му имам кажано само на сегашниот дечко и тоа не со претерување секој ден туку кога едноставно така ќе ми дојде спонтано
Ако вистински го чувствувам тоа, ќе го кажам слободно, без колебање. Зашто е тука и е вистинско .. а тоа мене ми е најважно.
Кога се фатив со дечко ми не го сакав.. само ми се допаѓаше и тоа му го кажав.. но знаев дека ќе го засакам лесно дека тој е таков.. лесно ќе се влубиш во него.. ми требаше скоро 1 месец за прв пат да му кажам дека го сакам. Сакам секогаш да бидам 100% сигурна пред да му кажам некој дека го сакам.
Во живо ми е многу тешко да кажам те сакам, и не ми текнува кога последен пат сум рекла... А на фејсбук кажувам те сакам скоро секој ден, иако коа ќе размислам подобро незнам ни дали навистина го мислам тоа ?