Не е тешко да кажеш некому дека го сакаш. Што вредност има тоа ако тоа не го мислиш? Само обични зборови, исто како и Добар ден, килограм компири. Не ми е тешко да кажам Те сакам на оние кои ги сакам, и им кажувам и им покажувам. Тешко ми е да кажам те сакам на оние кои не ги сакам. Па не ни им кажувам, а не ни се трудам.
Тешко ми е да кажам, можеби влече корени од детството...не сум го слушала тој збор по дома и незнам како е да го слушнам. Се чудам некогаш како јас изразувам чувства, на другарките не им велам те сакам, покажувам со други работи...а на машко па никогаш не сум рекла те сакам, иако сум мислела...едноставно не излегува од мене... луда ли сум, незнам ((
ТЕ САКАМ.. па мисев дека полесно ќе биде, ама не. Неубаво се чувствувам кога треба да кажам те сакам на некој.. незнам оти, дали незнам да сакам или незнам што би можело да ми биде проблем ама да.. проблем ми е. На фб лесно е, добро се снаоѓам со овие два збора ама во живо.. треба да сум под некакво дејство (најверојатно алкохол) за да можам отворено да зборувам за моите чувства, ако ги имам
Мхм. Не секој ги заслужува тие два збора. И се плашам од нивната употреба и искреност. На денешно време се префорсирани и станати ко “Добар ден“, а јас уште си верувам дека треба да се наменети само на оние за кои навистина се чувствуваат.
да го кажам кон оние што чустувам не ми е тешко... а за да дојде до тој период за да ги кажам тие два збора треба малце повеке време....
Не би ми било тешко доколку тоа би го чувствувала...а со такви зборови не би се расфрлала.. Првпат ми беше кажан тој збор од машко пред неколку дена но тој не го сфаќа значењето...колку да помине на редот и да се обележи моментот...а за така не ич не мора..
Па до сега не ми се случило да кажам ТЕ САКАМ,а да не го чувствувам тоа.Не ми е тешко,туку напротив,мило ми е што го осеќам и што можам искрено да го кажам
ако навистина го чувствувам не ми е тешко да го кажам,ама како што велат се плашам од одговорот од другата страна
Ако навистина некого сакам не би ми било воопшто тешко. Би викала на цел глас! А ако не сакам некого, не би можела да лажам. Тешко ми е да лажам за тоа...
. .....доколку стварно личноста ми е мила не ми е тешко да кажам ТЕ САКАМ..ама ич.затоа што си ги искажувам чувствата а и другата страна се чувствува среќно.....на пр на работа меѓу колегите си ја имаме онаа почит и нежност и кога си правиме услуги помеѓу нас или тимски сме успеале да направиме нешто убаво си се наградуваме меѓу себе со мали прегратки пропратени со те сакам..... .. ..исто на личноста која ја љубам не ми е тешко ни срам да ги кажам овие магични зборови кои предизвикуваат толку милина,сласт и нежност кај двете страни.....
Тешко ми е и никогаш на никој не сум му рекла дека Го/Ја сакам. Не знам зошто, таква сум по природа и никојпат неможам да си ги искажам чувствата. Колку и да го Го/ја сакам можам само онака со цело срце да го/ја гушнам и толку. А овде во Виртуелниов Свет да, честопати го употребувам овие 2 зборчиња.