На тие што заслужуваат,можам без проблем да им кажам Те сакам,ама на тие што не заслужуваат нема шанси.
Ако некој заслужил да..не ми е тешко да изговорам ТЕ САКАМ..но доколку не е заслужено нема шанси не и помислувам
Не ми е тешко да кажам те сакам и тоа ке го кажам на сите но на тој што вистински го сакам ми е срам да го погледнам а па не да му речам те сакам.
Неее никогаш. Ако чувствувам дека треба да му кажам, и ке му кажам ако не тогаш си задржувам за мене. Има многу што се само за да те искористат и прво морам да ја знам личноста добро. Кога ке се осигурам дека треба кажувам без никаков проблем.
Ако го чуствувам тоа искрено,не ми е тешко.Ама ако не сум сигурна во своите чуства и те како ми е тешко.Кога ја почнав врскава со мојот дечко од прво бев збунета не знаев што чуствував и никако неможев да му речам те сакам,во грло ми застануваше зборот.Ама кога сватив повеќе не беше така.
Лесно, ако навистина го мислам тоа и доколку има заслужено, во спротивно не. Единствено на сестра ми не можам никако да и кажам, а ја сакам најмногу од сите.
По природа не ги искажувам емоциите за луѓето околу мене.И не од срам , ама ете ретко кажувам Те сакам некому, а во себе си знам дека е така ( на пример на родителите, брат ми и останати личности-сеуште не сум им рекла дека ги сакам )
Очигледно дека не, бидејки по 100 пати во денот му велам : ТЕ САКАМ тој тоа го заслужува и по милион пати да го кажам но не е се во зворовите туку во делата
Порано ми беше и не го кажував дури и кога навистина чувствував. Ама сега не ми е воопшто тешко, посебно па ако некој го заслужува тоа.