Повеќе сакам да го слушам тоа отколку јас да го кашувам.. незнам не сум таква лишност што толку лесно го кажува тоа.Јас го изговарам тоа само во ситуациите кога мислам дека е стварно потребно и кога навистина го чувствувам тоа... а да го служам ми годи
На некој блиски роднини воопшто не ми е тешко,но кога се работи за некое момче и тоа како.Највероатно се плашам да не ми рече дека не ме сака
Да. До сега во животов само на една личност имам кажано, и тоа одамна. На мајка ми. Барам сигурност и доверба, па дури потоа се отворам. А знам да сакам, и тоа многу. Тоа ме плаши најмногу. Способна сум да се изгубам себеси од љубов, па затоа претпочитам да се затворам. Едноставно повеќе сум за покажување на љубовта отколку кажување. Ако подобро размислам, не ни чувствувам потреба да ги кажам овие зборови. Не е дека не прифаќам и не давам љубов, туку зборовите те сакам изгубија вредност во денешно време. Од премногу расфрлање и непоребно, неискрено користење.
па зависи кому му е упатено тоа ТЕ САКАМ доколку е упатено кон некој од моите најмили НЕ, воопшто, а доколку е упатено кон некое момче... да
се плашам да кажам и не велам скоро никогаш те сакам. на никој ни на маж ми, иако премногу го сакам, ни на моите родитеи на никој освен на син ми ,а тоа е поради причината што се плашам да не го злоупотребат тоа што го слушнале. кога бев мала 14 години на мојот ,,дечко,, тогашен му кажав дека го сакам а тој потоа почна да го користи тоа и затоа јаде клоци и тоа беше прв пат и последен за те сакам . од син ми не ми е страв тој е 3 год и децата не знаат да злоупотребат барем не намерно мада и тие си земаат сила.
Да ептен ми е тешко да кажам ТЕ САКАМ. Мене ми имат кажано пред еден месец но јас не возвратив. А мислам дека и тоа те сакам не беше вистинско. До сега на ни една машка особа немам кажано ТЕ САКАМ, бидејќи не сум чувствувала дека го сакам. А на домашните некако глупо ми е да кажам си знаат они.
Зависи... Бидејќи не се расфрлам со тој збор насекаде, ако го мислам тоа можеби би го кажала. Има случаи и да го мислам па не го кажувам! Треба да се внимава..
Те сакам замене има големо значење. На домашните мои иако ги сакам најмногу на цел свет никогаш не сум им кажала дека ги сакам едноставно е тешко да се изговори тој збор. Не се сеќавам дека на некој мој бивши дечко сум кажала лично те сакам, само на фб иако од другата страна не ми било возвратено. Доколку навистина почуствувам дека ја сакам некоја личност би го кажала тоа те сакам без да очекувам да го слушнам истото
На семејството не ми е проблем(сестра ми,мајка ми и тактко ми),но на останатите многу ретко.Не сите заслужуваат во денешно време.