Јас ќе кажа некому дека го сакам, но нема да го чувствувам тоа ИСКРЕНО кон него... рано е да кажувам „те сакам“ на некој кој го симпатизирам.
не ми е тешко ако се работи за личност спрема која стварно го чувствувам тоа, инаку за други тешко ми е и мака да изговорам
Да, досега никому не му имам кажано "те сакам", било тоа да е на роднина или на симпатија. Сум одговорила со "и јас исто" кога ќе ми кажат ама јас да речам некому, многу тешко :/
Ова се зборовите кои најтешко ги изговарам. Животот ме научи дека секое „те сакам“ треба да се заслужи многу добро, затоа и не се расфрлам многу со нив.
Претешко ми е да го кажам зборот, а на дело покажувам колку сакам некој, дали дечко, другарка, семејство
Паа и да и не повеќе од рака ми одат делата отколку зборовите штознам ... Но сепак не сум толку камен човек и знам на најблиските изненадно да им кажам ,,те сакам,,
Најтајно нешто шо чувам е зборот ТЕ САКАМ... Треба да се изговора кога навистина го чувствуваме тоа.. Можи ќе избегам малку од темава.. Ама има една дискусија дека љубовта не се покажува со зборови туку се докажува со дела Сепак јас не го поддржувам ова зато шо кога кажува некој дека те сака ќе го почувствуваш, какви дела барате? Шо мислите за ова?
На машко до сега немам никогаш кажано и сум осудувана од машките дека немам срце,не е точно имам срце фала богу живо суштетсво сум,но немало таков што стварно го заслужил овој збор. На семејна база повеќе се трудам да им го доловам тоа преку дела и знам така да ги изгушкам јако јако,а сестра ми ја "убивам" од гушкање,срце мое е она Во пријателството,само на најдобрата другарка и имам кажано,бидејќи го заслужила тоа (фала му на Бога што имам таква другарка,таквите како неа се многу ретки )
Не ми е тешко, но зошто да ги трошам зборовите на некој што не го заслужува тоа? На некои личности им го имам кажано овој магичен збор т.е. фраза, но од сите нив, само моите родители го имаат тоа заслужено. НИКОЈ друг.
Да,се плашам да кажам,можеби затоа што ни мене никој до сега ми нема кажано,или пак доколку кажам се плашам дека нема да ми возврати
Ова ТЕ САКАМ не го кажувам лесно на сите, само на тие што заслужиле.На него би му го кажала само ако знам дека нема да ми рече нешто лошо.
"Те сакам“ вистински на никој точно на никој не сум кажала, ни на домашните.. Незнам, не ме тера дека треба да и докажувам колку ги сакам, може не заслужиле