Не ми е тешко да го изговорам лесни зборови се,но сепак треба да се каже со емоции а не туку-така.Има едно момче што ми се допаѓа подолго време (7 години)но сепак неможам да му кажам.Има и некоја магија кога ќе ти каже некој те сакам.Сепак те сакам и ми се јаде се многуууу различни поими.
Многу ми е тешко да кажам "те сакам" на мајка ми, татко ми и остали дома не можам да и кажам, а они кога ке ми речат те сакам само ке се насмевнам, и ке напраам некоја мила фаца хахахахха на бфф-фките не ми е ич тешко да им кажам на тој бившиот исто не ми беше тешко да му кажам додека идевме. Со новиов дечко се испадна некако набрзина, идевме 2 недели и уште си немавме кажано дека се сакаме. Седиме на клупа, се гушкаме, леле како да му кажам.. Знам дека ако не му кажев ке ми беше криво отпосле, и додека се спремав да му кажам, оп-викам "те сакам". И си мислам у себе: "леле му кажав ли" хахаххахаа, се изненадив самата себе :3 и да, кога кажувам "те сакам" секогаш тоа го мислам, не го кажувам "ради-реда"
Можам да кажам на некој што стварно го сакам, а така не бидејќи постои стравот да не биде возвратено истото Те сакам и јас
Кога се работи за емоции, јас сум прилично интровертна личност. Затворена сум самата во себе, тешко давам до знаење дека некој воопшто ми значи. Конкретно, те сакам, не паметам да сум му рекла на некој во блиско минато. Со моите родители сум блиска, ама ни со нив не сум изградила таков однос во кој секојдневно би ги употребувала овие зборови. Се случува да им кажам колку ги сакам кога ќе осетам налив на емоции или во некој рандом момент кога посебно ќе го почувствувам тоа. Имам блиски другарки, но ниту нив никогаш не сум им рекла нешто од овој тип. Сепак, знаат колку ми значат и дека се' би направила за нив. Кога станува збор за љубов кон спротивниот пол, никогаш не сум го почуствувала тоа. Да, сум била затрескана во некого, сум имала врски, но никогаш не сум засакала некого толку доволно за да му признаам.
Најтешкото нешто што може да се извлече од мене. Не можам да го кажаам, ниту дома некогаш сум кажала таков збор. Вака да си зборам можам, меѓутоа во фаца да го кажам некому не можам. Сакам ама нешто ме кочи, не можам да проговорам, снемувам глас и се блокирам.
I can't say i love you,is not on my DNA ... Кажувам но само во писмена форма. А кога се работи да му речам на некого во очи,само кога тоа е зачинето со неколку чашки алкохол..
Дааааа да... Многу ми е тешко. Никој никогаш од мене нема слушнато ТЕ САКАМ. Освен мојата прва љубов ...Тој ме научи да сакам и кога прв пат некому во животот му реков дека го сакам, се чувствував чудно, мнооогу чудно.. Сега на вториот никако да му кажам... Ете тој примети и ме праша МЕ САКАШ ЛИ а јас му реков А ТИ? хаха Не можам, едноставно многу ми е тешко, јас на мама и тато им немам кажано те сакам али затоа на првото либе му го кажував ...
Сега кога сум во нова врска, да тешко е. Додека не си ја видам територијата како мое сигурно земјиште не кажувам. Воедно сакам да научам да кажувам те сакам преку дела без да изговорам.
па нормално дека е тешко, ќе се прекршам ако кажам! и нема шо тука да сакам некого, си има дома мајка/татко нека го сакаат они!
Порано ми беше многу тешко да кажам те сакам, кога ќе ми изјавеше некој љубов и јас требаше да вратам, абе мислиш ко да држам оган во рака шо би се рекло. Научив да кажувам те сакам од мм, кога почнавме да излегуваме. Сега воопшто не ми е тешко, дури и ми е мака што не им кажувам почесто на мајка ми и на другарките. Животот е краток, зашто да не споделиш љубов додека не е прекасно.
Јас па мислам дека доколку ја имате вистинската личност покрај себе воопшто не е тешко да се каже Те сакам. Воопшто не ми е тешко да му кажам дека го сакам, секој ден му го кажувам тоа затоа што навистина го чувствувам тоа. Кога се работи за семејството и пријателите тука сум многу себична. Никогаш не сум им кажала дека ги сакам. Не заслужиле.