Секогаш кога ги мислам ги кажувам, воопшто не ми е тешко. Мислам дека е многу важно да се кажува ТЕ САКАМ на луѓето кои навистина ги сакате затоа што луѓето забораваат. "You really shouldn't say 'I Love You' unless you really mean it. But if you mean it, you should say it. A lot. People forget."
Јас дури мислам дека имам проблем со таа фраза. Пречесто ја употребувам со што (мајка ми да речеме) ми вели дека го сквернавам нејзиното вистинско значење. Мене ми е `те сакам` слично на поздрав при збогување со било која драга личност. Кога некого сакам се обидувам тоа да му го покажам, а не да го убедам со зборови... Тоест -зборовите и онака за мене немаат баш важно значење...она што ми значи е гестот. Ве сакам
Не ми е тешко да кажам, но се трудам да не го користам пречесто, затоа што може да изгледа неискрено ако се повторува многу пати. И јас мислам дека љубовта треба да се докаже, а не да остане само на празни зборови. Не ми значи кога некој ќе ми каже дека ме сака, а неговите/нејзините постапки го говорат спротивното.
Не ми е тешко, но искрено не го употребувам многу. Тоа е многу важна изјава, според мене, и не може да се каже на било кој и било кога, па затоа многу ретко го користам и кога го користам навистина го мислам. На крај, љубовта не се покажува со зборови, туку со дела... Во денешно време се користи како добар ден.. се смувале, и ајде те сакам, ме сакаш...
Многу ми е тешко да му го кажам тоа на него... Ќе се мислам, ќе се туфкам и пак на крај ништо Сепак, ова не се кажува така само ради реда, но денес повеќето како да го забораваат тоа.
Ме нервираат личности што ги користат зборовите "Те сакам" пречесто. Сакам да ги изговорам тогаш кога вистински ќе ми дојде одвнатре, дали на роднина, член на семејство, дечко, другарка... Се губи значењето кога на секои 5 минути му викаш на дечкото дека го сакаш, или онака ради реда. Сум била сведок многупати, и ме иритира колку го кажувале тоа те сакам онака колку да се задоволи другата страна, абе како добар ден да рекле. Јас те сакам освен на дечко, никому не сум му рекла. Не сум таква личност, и мразам да се лигавам. Човек сам знае кога е сакам од мене, се гледа тоа по дела.
воопшто не ми е тешко да му кажам на некого дека го сакам, само ако навистина го чувствувам тоа. А ако не е така ќе ми е тешко секако , зошто ќе знам дека го кажувам само онака и нема да ми биде мене убаво
Не ми е тешко да кажам. Потешко ми е кога веќе ќе кажам, а не ми возвраќаат со иста намера. Еве пример: На еден дечко со кој бев извесно време се осмелив прва да му кажам те сакам, а тој ми врати: И ЈАС... И после неколку дена раскинавме. И кога го прашав зашто ми кажа дека ме сака ми дојде со изговор дека не ми кажал, туку дека употребил И ЈАС ТЕБЕ Од тогаш веќе на никој. Ќе си чекам некој друг да го направи тој чекор
Мене ми е многу тешко да кажам Те сакам.Иако сум мажена веќе, јас тоа и сега не му го кажувам на сопругот, не дека не го мислам. Дури и ми е незгодно кога ќе ми рече дека ме сака и воедно ќе ме праша Ме сакаш ли?
Не имало моменти кога сум била со личност само да не бидам сама а сум го изустувала те сакам во тој миг или во неговата прегратка сум се чуствувала пријатно ми бил драг и едноставно ми излетува те сакам,убаво ми е а длабоко во душата не е така. Не не ми е тешко.
Многу ретко искажувам чувства и навистина ми е тешко да кажам ТЕ САКАМ ама пред некој ден го кажав на дечко ми и убаво се почувствував . Може треба почесто да го изговарам, ама што да правам кога не можам да се лигавам до толку, сепак се познава од далеку дали некого сакам или не
Го кажувам и слушам барем еднаш дневно, некогаш и неколку пати. Со љубениот ми мој секоја ноќ пред да заспиеме си се бакнуваме, си посакуваме добра ноќ и си се потсетуваме колку се сакаме. За мене тие зборови си имаат посебна тежина и ретко кој ги сслушнал да излезат од мојата уста, но кога веќе тоа го чуствувам зошто да не го покажам, или зошто секој ден да не го подсетувам дека го сакам "највише" Во принцип сите мои изјави на љубов, дали пријателска, кон партнер или родител небитно сакам да се искрени и интимни, само за нас и доволно ми е ние да знаеме што вистински чуствуваме а не целиот свет
Не ми е тешко да кажам нешто што го чуствувам и го мислам. Ама ТЕ САКАМ не е леб. Не се јаде секогаш, секојдневно и со се. ТЕ САКАМ кај мене е префинета, отмена вечера, се кажува кога е моментот и ненадејно. Најмногу мразам некој кога ми изразил љубов и јас да возвратам веднаш - и јас тебе Е не возвраќам туку чекам на моментот и удирам! ПАУ! Те сакам, приоѓам одпозади и гризам како вампир во врат - ТЕ САКАМ - и тогаш се знае дека е вистински, искрено, спонтано но не е изнудено А убаво е да се знае да се каже те сакам. Ме нервира некои што го употребуваат ко леб. Море ко трошките од леб останати на мушамата - подготвени да се истресат. Ајт. Те сакам. Еј сум ти рекол дека те сакам? Еј срце ама јас те сакам. Или ќе си помислам дека е навистина емотивен, да не речам патетичен или дека лаже. Впрочем зборовите навистина не ми се потребни, потребни ми се дела. А и јас љубовта обично ја изразувам со дела. Но немам проблем да се поткрепам со зборови
А како реагираш кога некој ќе ти рече "Tе сакам"? Мене молчењето ми е глупаво. Кога мојот дечко ќе ми каже "Tе сакам" му возвраќам со "и јас тебе" Многу е глупаво да му речам: Знам, Ок, Добро и сл. Така само ќе го расипам моментот кога тој искрено посакал да ми изјави љубов.
^^ Па затоа ти си ти, а јас сум јас, секој како мисли и како сака Зошто да е глупаво молчењето? Зарем кога молчиш не можеш да направиш нешто друго? Не молчам ко теле некое демек ај сеа типов ми се отвара и јас го буљам ко да ми рекол да поделам на памет 1.948.931 со 743.57. Така сигурно не. Допирам. Очиве ми играат. Гушкам. Галам. Ехеее милион начини да се возврати и прими едно искрено „те сакам“. Едноставно ако некој ми кажува те сакам три пати на ден, ќе го примам ко редовен оброк а не ко нешто извонредно и посебно. А овие зборови бре треба да имаат тежина а не да се фрлени во етер туку така. Ајмо ѕиври овде, ме разбираш Така јас размислувам, и возвраќањето со „и јас тебе“ ми е некако изнудено, по инерција, механичко а љубовта не ми е механичка работа. Љубовта треба да ти помине како силно цунами низ телото. Сеедно дали зборувам за дечко или пријателка или љубов кон родител. Небаре тие не знаат дека ги сакам - знаат многу добро. Ме гледаат и го чуствуваат тоа
Ова "Те сакам" да беше женска, досега ќе беше прогласена за најголемата к***а! Кој како сака го користи, во секој контекст и кога треба и кога не треба. Многу значи ми е смешна ситуацијата А: Имаш цигара? Б: Да, повели. А: Фала, те сакам. Се уништува целата магија која си ја носи зборот, се знае тој збор кога се користи, во моменти кога навистина го мислиш тоа и на соговорникот му го кажуваш за да му потврдиш дека навистина има место и значи нешто во твојот живот. Без разлика дали со дечко, родител или другар/ка доколку на секое мелам те сакам кога навистина ќе сакам да го кажам тоа, нема да ми звучи толку добро. Друга ситуација која исто така смешна ми е, е кога ќе слушнам некоја мома која штотуку изгледала некоја Американска лимонада во која мажот имал 500 женски, ама на ниедна не и кажал те сакам се дури не се појавила вистинската па како гром од ведро небо го воскликнал тоа, ќе ми рече, јас досега никогаш не сум рекла, го чекам вистинскиот. Тоа е себичност, глупавост заради тоа што моментите врват, а кога еднаш ќе ти помине моментот да го кажеш тој збор, потоа не може да се надокнади. Вистинските за да ги добиеме, треба малку да се потрудиме, да ги сакаме, за да бидеме сакани. Сума сумарум, воопшто не ми е тешко. Ако срцето ми вели да го кажам тоа во таа секунда, го кажувам и воопшто не се каам. Поминало времето со личноста на која прво и го реков овај збор, ама не се каам воопшто, тогаш тоа само ја отслика мојата душа како се чувствуваше тогаш. Убаво е да се каже некому те сакам, но да не се претерува. Се знае кога, каде, со кого, под кои услови. Односно не се знае, се знае само по дефиниција, во пракса воопшто не се знае
Не ми е тешко да го кажам туку ми е глупаво да го повторувам често.Толку често што ќе се излити смисолот како евтин црн материјал и ќе биде бледа копија или далечна илуминисценција на чувството.Бидејќи ТЕ САКАМ не е и не треба да биде никогаш ДОБРО УТРО! Можеби не сум го кажала баш секогаш кога сум го помислила, ама во тие наврати кога сум го кажала било најспонтано, најискрено и едноставно избило од мене. Значи чувството со својата јачина освоило победа над егото, стравот од реакцијата после изреченото ако било нагло, а тоа е единствен начин за ваква изјава и сите пропратни чувства од безбедната зона кои би ме спречиле да не го кажам. Гледам дека денес некако пречесто се користи сакањето како поим дури и кај луѓе што одвај 2 седмици поминале заедно, а и она виртуелно фејсбуковско „сакање„ ми е ту мач за мојот систем за варење, едноставно речено валкање на длабочината на чувството кое е и треба да биде навистина посебно. Понекогаш самите очи, допир, прегратка и др.нежности се многу позначајни од демонстративното изразување на љубов. Љубовта не треба да се валка со лигавења од типот „А колку ме сакаааааш?„ „Колку што можам да ги раширам рацеве„ „Јас па тебе до небооото и ѕвездитеее„ „Јас тебе повеќеееее„ Ок, некому може ова му е интересно, ама според мене нема никаква врска со чувството туку ми е повеќе како зезање, јас го сакам хуморот со љубениот, ама од изјавите за љубов да правам хумор - е тоа дефинитивно не го сакам. Кога навистина ја чувствувам љубовта во себе не ми е тешко да ја изразам со зборови, меѓутоа сепак преферирам да ја докажувам повеќе преку постапките, но никогаш не заборавам дека понекогаш е убаво и да се чујат тие волшебни 2 збора и јас како жива и жедна и желна за љубов жена сакам бе да ги чујам повремено! За да си се перчам после пред огледало кога сум сама ако не за друго ...