Не ми е тешко да ги кажам тие два збора сепак тоа се зборови. Поважно ми е со дела да го оправдам моето сакање и некој со дела да го оправда неговото сакање кон мене. На вилица сите се јаки ама на дела малкумина се јунаци.
Многу ми е тешко некому да кажам дека го сакам. Тоа е нешто последно што ќе го кажам кон посакуваната личност.
Со него секој ден си кажуваме "те сакам", но не само на зборови. А на други личности, јок. И да сакам (на неромантичен начин), не можам туку така да кажам.
Meне ми е не тешко, туку дури неприродно. Јас сум од тие што стигнале до: и јас тебе. На мајка им. Е, до толку. Не се работи за имање на права личност, туку за психолошка бариера, и општо, кога ќе размислам - ништо не ми значат тие зборови. Што не значи дека не умеам да сакам. Само сум посилна на дела. И не мислам дека некој сум сакала, а да не го почувствувал тоа, што на крајот на денот, е ваљда целата поента на љубовта?
Дефинитивно овие два збора не ми значат ништо, ми немаат никаква вредност, одамна ми се неважни во животот, повеќе ми значи коа ќе ми кажат: „овде сум до тебе“, „јас ќе те чувам“ или „ти си само моја“...
Премногу тешко ми е да кажам некому те сакам абе ќе умирам во себеси од љубов, и нема да изговорам со зборови, а со дела и постапки, секако дека покажувам емоции и чувства
Не ми е тешко, ако чувствата се искрени. Напротив, со задоволство ги кажувам тие два прекрасни збора... а со уште поголемо задоволство ги докажувам
Кога вредат да се изустат излеваат од уста без размислување.Кога човек се мисли дали да ги изусти постои внатрешен немир и став од некоја ситуација и секогаш со причина.
Не ми е воопшто тешко да кажам дека сакам некого (без разлика дали е романтична, платонска, пријателска, фамилијарна љубов). Напротив... Ама не ми е воопшто тешко да кажам и дека не сакам некого.
Да, тешко ми е. Не сум ладнокрвна, далеку од тоа, меѓутоа многупати сум се соочувала со невозвратена љубов, па сега стравот од љубов си го прави своето. Сепак, зборовите не ми значат толку колку што ми значат делата.
Доколу личноста ми значи на било кој начин , воопшто не ми е тешко . Но , сепак повеќе значење и љубов наоѓам во " чувај се " , " само да те слушнам " , " стојам позади тебе " .. Овие зборови ми имаат поголемо значење отколку " те сакам " , бидејќи тој збор веќе одамна го има изгубено своето значење . На дела ми е тешко да докажам . Не знам зошто , но некако не знам баш да се изразувам . Кога и да сакам да покажам љубов на дело , зае**вам ситуација .
Јас сум трупец за збор дека некој ми значи освен за син ми и за маж ми. Посебно на син ми милион пати во денот ќе му кажам те сакам, а еве на мајка ми, татко ми и брат ми душа давам за нив и знаат колку се грижам за нив и ги сакам ама ете ретко им кажувам дека многу ги сакам, со дела покажувам многу ама збор од мене не излегува, и по природа не сум нешто зборлеста освен со маж ми и син ми.
За да се кажат овие зборови прво треба меѓусебна почит, па потоа другово. Без почит нема дела, а камоли пак љубов.
Кажувам на сопругот и на синчето којзнае колку пати на ден но на мајками, таткоми никако не можам никако за жал не знам дали е тоа така бидеќи ни тие не искажуваат љубов
На дечко ми често му кажувам и не ми е воопшто тешко кога сум сама (сепак не сакам пред други, тоа е наша приватност). Според мене, поголемо значење би имало кога би се кажувало само во одредени моменти, за мотивација. Вака секојдневно можеби и губи смисла, не знам.
Да. Многу ретко кажувам, обично "и јас тебе" ми е најлесно. А за маж ми немам такво чувство по 100пати во ден го замарам со "те сакам"