Со поголема леснотија го пишувам, одошто го изговарам, но и тогаш буквите ми се така фино раштркани, виснати, линии испосецкани, сеедно некој ќе ми рипне изненадно да ме фати на дело, дур јас така посветено си го истурам срцето на лист хартија. А, за мене тоа си е посебен некој тренутак од типот: „нели тотална дискреција загарантирана ?!?“...it's between me and you my little paper . Ма некоја чудна птица сум ја, осечајно биќе некое, али ... што знам, се ми е во ред, не се препотувам или нешто да пелтечам, секогаш сум си стабилна во оралното излагање на моите ставови за се', па макар и импровизирала за нешто... па, така сум си и за ова нештово, кога го кажувам. Впрочем, сосема спокојно и го изговарам, само внимавам да не ме чујат душманите, уште помалку несреќникот кого јас го љубам . Ма, I'm on the top of the hill. Можеби и на прсти се брои колку пати сум го кажала, а всушност тоа било само на една личност и само за неа и сум го чувствувала. За останатите и немало потреба од вакво откровение, бидејќи и не постоело тоа чувство. А, па од мала ме учеа да не лажам, што по се изгледа ми се всадила длабоко во потсвеста, па дури и да посакам некого да излажам, посебно со ваква емотивна изјава МА ЈОК, не ми излегува од уста. Всушност и кога го чувствувам, претпочитам да направам се, буквално се', што ќе ми падне напамет за да го докажам тоа чувство, без да се чувствувам принудена да некому признаам „те сакам“, и тоа додека ми е широко отворена устата, а заболекарот ми го вади болниот ми заб. А, таква сум отсекогаш. Не е нешто настанато сега на стари години, или последица на скршено срце, поради кое сега си го пазам задничето . Кај мене тоа си е елементарна математика, што само како таква си функционира во мојата глава: треба многу да видам за да слушнам, уште повеќе за да разберам, и дополнете уште толку за да јас кажам.
Ако вистински го мислам воопшто не ми е тешко да го кажам, секој ден му го кажувам на дечко ми, на мајка ми и татко ми колку со можам почесто, тој е еден од најубавите зброви кој многу значи..САмо не е работата само да го кажеш треба и со дела да го докажеш и на тој што му го кажуваш вистински да го почуствува..
зборот ТЕ САКАМ го кажувам многу често во присуство на мојот сакан. Не затвараме телефон баз да кажеме те сакам -те сакам и јас чао. Кога ќе се видиме веднаш го гушкам и му кажувам колку го сакам. Се случува да одмараме и гледаме телевизија и било кој од нас да се сврти да каже те сакам и да се гушнеме. Така да меѓу нас зборот Те сакам е присутен секој ден. На никој останат немам кажано те сакам освен на него.
Да. Неможам да ги разберам тие што го изговараат за се и сешто, а посебно ако говориме за врски и сл., 2 дена некој дечко им е симпатија и одман после "лелеее абе го сакам". Сега за сега го имам изговорено еднаш, мислам спрема една личност али некако и тогаш се чувствував незгодно околку негово изговарање, али сега кога гледам на работите мислам дека пред се е од страв, дека се отварам спрема некој, своите чувства и го пуштам во мој живот. Сепак не сакам толку често да го изговарам пошто мислам дека ја губи смислата, а посебно во јавност кога ке слушнеш некои по милион пати како го изговараат и цееел свет мора да знае колку они се сакаат и цела врска им е мед и млеко.
Денес Те Сакам го кажуваат како здраво.Иначе тешко ми е мора да го сакам премногу за да му го кажам тоа.Мразам коа некој ке ми каже Те Сакам а не го мисли тоа.Ако не ме сакаш не мора да ми кажуваш дека ме сакаш боље ќути си!
Ако го чуствувам тоа искрено да ,а инаку не,не ми излегува никако да кажам ако не го чуствувам искрено.. ..
Meне ми е тешко... Не сум до толку храбра,но всушност кога ќе го најдам Мистер Прфект веројатно ќе се ослободам од стравот.
Многу ми е тешко... не можам ни да кажам-и јас тебе те сакам... Се плашам од неговите чуства... па додека да се осигурам дека тој искрено ме сака... не би можела тоа да го кажам... иако веќе знам дека не ме сакал, па си велам -добро што не му кажував дека го сакам идиоотт...
Кога навистина го чувствувам тоа воопшто не ми е тешко да кажам. Некако спонтано ми доаѓа да го кажам тоа. Е сега не е работата само да се каже туку и да се покаже љубовта а јас тоа повеќе го ценам отколку некој постојано да ми повторува колку ме сака.
Премногу ми е тешко да го кажам тоа, не дека ми е страм туку несакам да кажам ако ствааарно не го мислам тоа, а и кога мислам речиси никогаш не кажувам поради мојата недоверба во луѓето и мислам дека на оние кои ќе им покажам дека ми значат многу ќе го искористат тоа на лош начин.Така да пред сите сум си ладна. Не е убаво до толку ама ете..
Да.. ретки се тие луѓе што го слушнале тоа од моја уста.. Кога ќе кажам некому ТЕ САКАМ, автоматски си ја соблакам душата, се откривам себеси пред човекот до краен стадиум.. Затоа ми е мнооогу тешко, и ми треба мнооогу време..
Бидејќи некои не знаат што значат и не знаат дека не се користат често, не се само колку да кажеш нешто. Како да ја изгубиле важноста низ времето. И баш поради тоа, сега на некои кои стварно ги чувствуваат им оди потешко да ги изговорат. Лесно е да се каже онака „те сакам“. тешко е да ги изговориш тие зборови кога навистина сакаш некого. но во очите се гледа дали тој што вели те сакам и го мисли тоа, се чувствува во трепетот на гласот. Не е на одмет да му кажеш на љубениот/љубената дека го сакаш. Го губат значењето ако преминат во рутина да ги кажуваш како добар ден, но одвреме на време секој сака да ги слушне. Некогаш те сакам се користи и како прашање. велиме „те сакам“ очекувајќи одговор „и јас те сакам тебе“. Јас лично не ја оправдувам употребата на овие моќни зборови за таа намена, за да провериме дали некој не сака туку да изразиме љубов, да му кажиме дека го сакаме и точка, не прашалник. Многу е тешко да одговориш на прашањето те сакам. ако одговорот е не те сакам, приморан си да лажеш, а ако одговорот е те сакам, изгледа изнуден и ја губи својата магија. п.с. Потребна е секунда да се каже “те сакам” и цел живот за да се докаже.
Не, воопшто. Доколку навистина тоа го мислам го кажувам веднаш, не сакам да се каам кога ќе ме нема за некои работи што не биле искажани на време. Додека кога се работи за искажување на љубов кон личност од спротивниот пол сум скептична и доколку нема никаков знак за возвратена љубов, ги кријам емоциите и чекам љубовта да престане.
Не ми е воопшто тешко на некој да му кажам дека го сакам. Вистински ги сакам само оние луѓе кои заслужуваат и ме сакаат. Тие луѓе се оние на кои секојдневно им го кажувам тоа и со зборови и со дела, бидејќи да сакаш некој не е само да му речиш те сакам, туку тоа и навистина да го мислиш и чувствуваш. Малце луѓе ги сакам вистински, но за нив би направила буквално се. Искрено мислам дека нашата љубов треба да ја искажуваме, оти со тоа ги правиме среќни оние кои ги сакаме, а ние самата наша среќа треба да ја наоѓаме во нивната насмевка и нивната среќа.
на пријателите им кажувам те сакам скоро секој ден но кога се работи за дечко тешко ми е тоа да му го признаам дури и кога навистина го мислам...не знам зошто
На дечко ми му кажувам и не ми е воопшто проблем,на другарки многу ретко-треба онака да ми дојде ептен излив на емоции,некако не сум тип на човек што многу покажува емоции