па баш и не ми е лесно само го кажувам на оние кои вистински и искрено ги сакам..досега те сакам од мене слушнале дечко ми(единствено момче кое од мене го чул тоа ) татко ми, мајка ми,баба ми и братучетка ми најмалата..
Овие два збора ТЕ САКАМ иако изгледаат лесно за кажување,сепак се најтешките.Ретко ги кажувам овие два збора иако секој би бил среќен кога би биле кажувани што почесто,овие зборови имаат голема моќ доколку доаѓаат директно од нашите срца,нашите мисли.На моите најблиски-домашните повеќе им ги кажувам овие зборови бидејќи заслужиле,бидејќи љубовта спрема моите најблиски е вистинска реална и вечна,а додека на дечкото многу ретко не знам баш зошто
Да, тешко ми е. И кажувам само кога навистина сакам. Не сакам да ми пуштаат водичка, па и јас не пуштам на тој начин.
Морам да бидам потполно сигурна дека личноста ќе ме сфати и дека нема да ми сврти грб... И што е најважно - мора навистина да го сакам тоа суштество. ТЕ САКАМ велам ретко ,поважно ми е што правам за оние што ги сакам отколку фреквенцијата на изговарање на тие зборови.
Зборот „Те сакам“ некои луѓе го користат за да добијат нешто, други го кажуваат без да го мислат, а трети пак од сосем искрени чувства. Кога јас би се зела за пример, јас никогаш во мојот живот не преферирам да искажувам љубов бидејќи знам дека доколку го правам тоа, некогаш може да биде и злоупотребена мојата искреност. Затоа подобро ми е да не кажувам ништо отколку да се расфрлам со емоции..
Мн тешко. Повеќе покажував отколку што кажував. Се давиш со некоја кнедла во грлото ако нештоти кажува дека не е тоа тоа,ама кога е искрено знае само да ти излета од уста и го кршиш мразот
Не! Кога некој е сакан од мене, знае добро дека тоа е тоа... Го изговарам секогаш кога ќе го почувствувам дека ми е тука, блиску до срцето. Те љубам е вистинското нешто, а те сакам... Можеш многу да сакаш, но да љубиш. Е тоа е нешто.
Навистина не ги разбирам оние девојки на кои овие два збора не им значат ништо и редовмо ги изговараат на личности кои ги познаваат едвај 6 дена. "Те сакам" изгуби значење зошто овие зборови сега ги слушам секојдневно од сите и секого, девојчиња со кои и ретко имам здраво. Мене лично многу ми треба за некој да ги слушне од мене да речеме најмалку 3 месеци познанство!
никогас не ми е теско да казам ТЕ САКАМ обожавам да ги изговарам во деното по 10000000 пати најмолгу на децкоми кој си го најмолгу САКАМ и секак сите мои најблиски исто така и на другарките цесто знам да и казам колку ги сакам и тоа од срце САКАЈТЕ ЗА ДА БДЕТЕ САКАНИ ВИ ТЕ САКАМ ВЕ САКАМ САКАЈТЕ ПОЗЗЗЗЗ
Мислам дека овие зборови треба да се кажат кога навистина се чувствуваат. Бидејќи постојат секакви луѓе кои што можат да ги злоупотребат нечиите искрени чувства и емоции. Не е тешко да се каже нешто, доколку навистина се чувствува, но не е ни толку лесно. Вреди да се искаже љубовта, кога е искрена, но треба да се внимава, за да подоцна не те повредат (ова се однесува на личноста во која сме заљубени).
Ич не ми е тешко..на оние што стварно ги сакам постојно им го велам! убаво е чувството да чуеш и да кажеш!
Не ми е тешко да му кажам ТЕ САКАМ само на дечко ми. Постојано му кажувам колку го сакам но во сите други случаи на пријателска,родителска,роднинска љубов,да многу ми е тешко да кажам,колку и да сакам
Не ми е тешко да кажам те сакам доколку навистина го мислам и чуствувам тоа,но повеке сакам тоа да го покажувам одколку да го кажувам,тоа повеке го ценам одколку некому да кажам само те сакам како што и во обратна ситуација мене не би ми значело некој да ми каже само те сакам и толку,без некој гест и слично.. а секојдневното кажување те сакам по 534156456 пати ја губи тотално смислата,не е тоа тоа...
You can tell a man I hate You and you will have the best sex of your life. But tell a man I love You and you'll probably never see him again. .....До сега, секогаш кога сум изразила малку повеќе чувства или ми се испуштило да рeчам те сакам, секогаш „другиов„ си го кревал егото и почнал да се занесува. Епа брате не изразувам љубов па последно нека ми е!...........Не дека понекогаш не умирам од желба да кажам или слушнам нешто такво,ама ете,кога цел живот наидувам на идиоти што или незнаат да се понашаат,или се без чувства или тешки на зборови, се претворив и јас во бесчуствителна кучка - Или едноставно научив да си ќутам,да бидам ладна,воздржана и резервирана а во слободно време да си ги кажувам маките на форумов Аааах шо сме бе сите толку комплицирани?!