се извинувам теди, но како со дола? јас на пример се чувствувам многу чудно кога ќе ми речат, докажи ми дека ме сакаш, и не знам шо да правам.. :/ инаку, на дечко ми не ми е проблем нормално да му речам те сакам, додека на другарки кога им викам се чувствувам ептен чудно, не знам зошто..
на дечко ми постојано му кашувам дека го сакам ама на пријатели,роднини,мајка,татко или сестра тешко ми е колку и да сакам
да и мене исто...на моите дома ми е тешко да им кажам те сакам... а сепак они највеќе го заслужуваат тоа...
На почетокот на врската ми беше мн тешко да ги изговорам овие зборови, чекав првин сама да се преиспитам пред да ги кажам пошто за мене имаат повеќе значење . Сега не ги кажувам секојденевно да не изгубат значење. А како помала стално ќе и појдев на мама и ќе ја и ќе и кажев дека ја сакам, но сега некако не ми оди
Ги кажувам само ако има потреба. Сигурно нема да им се лигајчарам на некои ’фејс’ девојки што стално пишат ’iloveyou' или те шакам срце.. -.- бедни ми се.. Би му кажала ТЕ САКАМ на некое машко што навстина ми значи и му значам, или на некое лице кое заслужува
не ми е тешко да му кажам дека го сакам-додуша многу често тоа знам да му го кажам ...Но денес приметив дека кога сум изнервирана од него-одма ми поставува прашање: ме сакаш ли? Дали од инает или повреденост ми е тешко да му кажам,нормално додека сум љута (а сигурно го имал тоа приметено штом одма ми го поставува тоа прашање ) е откако ке ми помине љутењето одма идам му се фрлам и му велам бишеее знаеш дека те сакам? и оп по обравчињата
Се Пронајдов во мислењето на зоза истотака дечко ми кога ќе му се наљутам знае да ме прашадали уште сум го сакала а јас па љута, најлута на цел свет никако неможам да изговорам "да те сакам" ! а иначе често му кажувам дека го сакам, за разлика од моите дома кои ни "с" не слушнале... Освен кога ссссссакам пари, чоколадо, убав ручек )) П.С. Се извинувам на НЕправиписот али пишам од мобилен.
Тешко ми е да кажам те сакам Тие два збора можам да ги кажам само на моите најблиски т.е. на мајка ми, татко ми и брат ми. А, сакам да можам да кажам „те сакам“ секогаш кога ќе мислам, на тие што навистина тоа го заслужуваат.
Многу ми е тешко јас не сакам да покажувам чувства, а на бившиот дури му реков те сакам не знам хахаа помина многу време , а од кога се скаравме многу ми е лесно да му го речам на некој што воопшто не го сакам..... мислам дека овие два збора се најзлоупотребуваните за жал ....
хх,незнам зошто,али на родителите ми е многу срам кога ќе им речам а не ми е тешко кога им велам на дечко ми, и на најдобрите друарки
Зависи...Ако некој навистина заслужил да му кажам Те Сакам, тогаш не ми е тешко...ама најтешко ми е кога мене некој ќе ми рече Те Сакам, а не заслужил и јас тоа да го речам...
Мене искрено многу ми е тешко, па дури и невозможно да кажам ТЕ САКАМ. Свесна сум и зошто е тоа така... Татко ми и мајка ми се првите личности на кои кажав Те Сакам. Потоа на моите 2 сестри. На 4 години моите се разведоа. Татко ми си замина и изгуби тотален интерес за нас. Ниту се јавуваше да ме праша дали сум добро, ниту плаќаше алиментација, згора на тоа и роденденот ми го забораваше... кога бев основно на моите најдобри другарки им кажував дека ги сакам... Кога тргнав средно сите се одалечија. Сеа низ град глумат п*чки. Потоа имав подолга врска со еден дечко. Ме убедуваше дека е заљубен во мене, дека ме сака најмногу на цел свет... Нон стоп беше тука за мене, кога ми беше најтешко тој ми беше рамо за плачење, кога бев најсреќна тој ми беше подршка... Епа кога се заљубив во него и му кажав дека го сакам ми кажа дека ме изварал... Има и многу други случки (ако почнам сите да ги набројувам... 2 листа ке ми фати коментарот). Ми се чини дека кажувајки го тоа ТЕ САКАМ само ги бркало луѓето околу мене... После се што ми се случи не дозволувам никој да ми се приближи многу, станав ладна ко камен, во моето срце има место само за 4 особи мајка ми моите 2 сестри и кучето. Тие се единствените на кои кажувам ТЕ САКАМ иако не е тоа премногу често, тие знаат дека ги сакам од се срце и дека ми се се во животов
Не ми е тешко да речам на некому дека го сакам, НО ако навистина тоа го заслужил. ТЕ САКАМ се вика само кога некого навистина го сакаш, и ти значи
Не ми е тешко да кажам ТЕ САКАМ. Не , за личности кои вредат и заслужуваат да го слушнат тоа. Лично, не сум му рекла те сакам на некој што всушност не го сакам . Не ми е дојдено до лицемерие и дволичност, да кажеш само од корист те сакам, навистина е подмолно и злобно......
Ако се однесува за машко,.. Првиот пат е најтешко нели? А, на другарки или семејство, постојано им кажувам.
Да многу ми е тешко да кажам некому ,,те сакам,, можеби затоа што сум ладен тип на човек кој не покажува емоции кај мене важи правилото дела а не зборови и можеби токму поради тоа што не знам да кажам ,,те сакам,, луѓето ме доживуваат како човек без чувства. Но, и јас понекогаш имам свои изливи на емоции па тогаш на сите што ми значат можам да кажам ,,те сакам,, без проблем но тоа е многу многу ретко (тоа се случува кога сум тажна и депресивна) и тогаш одма сите знаат дека нешто не е во ред со мене и дека почнува да ми фали нажност и внимание.